Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденското востание во Битолскиот округ
Сподели на Facebook

Основната цел на Илинденското востание била ослободување на Македонија од турското владеење, со сопствени сили, низ вооружена борба.

Според стратегиската замисла било планирано, низ едно сéопшто и едновремено востание на целиот македонски народ и на целата територија, низ долготрајна, исцрпувачка, партизанска борба или "перманентно востание", како што Ѓорче Петров го нарекол, на непријателот да му се нанесуваат сé поголеми загуби, а востаничките вооружени сили постојано да се засилуваат, така што во погоден момент да се создадат услови за решителен удар и за конечно ослободување на земјата.

 

 

Во принцип, дури и од аспект на современите гледања на концепцијата за водење на одбранбена, односно ослободителна војна, тоа е сосем правилно. Меѓутоа, поради низа објективни и субјективни причини поставените цели не биле остварени до крај. Од нив треба да се издвои фактот дека партизанскиот начин на војување, иако бил прокламиран и прифатен од највисоките раководители и идеолози на востанието, не бил правилно разбран и прифатен како начин на војување од пониските старешини (најчесто војводи) и од самите востаници.

Вековното владеење на Турците и тешките страдања на народот создавале многу силна желба за слобода, која често го надвладувала разумот, па така често се настојувало низ краткотрајна и решителна борба да се дојде до слободата, за што не постоеле реални услови. Иако, впуштањето во нерамна борба за одбрана на определени позиции, дури и по цена на сопствениот живот, претставувал возвишен и величествен чин, кој практично значел свесно саможртвување на олтарот на слободата, ваквите одлуки во повеќе случаи му нанесле штети на востанието. Зашто на тој начин се давале непотребни човечки жртви, со што слабееле општата сила и борбениот морал. Ваквите сфаќања и погледи на начинот на водење на вооружената борба довеле до конципирање и изведување на борбени дејства кои според обемот и целта претставувале операција со повеќе боеви, како што биле смилевскиот, крушевскиот, клисурскиот, демирхисарскиот и други.

Собир на војводи од Битолскиот револуционерен округ

Централно место во Битолскиот револуционерен округ зазела Битолската околија. Географската положба и патните комуникации го зголемувале стратегиското значење на целата околија, особено на центарот Битола, поради што, во нејзината близина, односно во Смилево е поставен Главниот штаб на востанието. На Смилевскиот конгрес територијата на Битолската околија била поделена на три реони: Полско-мариовскиот реон кој ја зафаќал областа источно од реката Црна е присоединет кон Прилепско, а останатиот дел се делел на Смилевски востанички реон и на Пелистерски реон. Членови на Горското началство во Смилевскиот реон биле Парашкев Цветков, Иван Делев и Ѓорѓи Павлов, а за Пелистерскиот бил само Ѓорѓи Сугарев. Етничкиот состав на населението во Битолската околија пред востанието го имал следниот изглед: вкупно имало 35.983 жители. Македонци биле 20.713, Власи - 11.1150, Албанци 2.740 (од тие христијани биле 250) и Турци имало 1.380 души. Македонското и влашкото население речиси во целост било организирано во ТМОРО, а делумно и албанското христијанско население.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 10296 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Царот на Јапноија во 1976 г. ја посети Македонија
--------------------------------
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: