Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Серскиот конгрес
Сподели на Facebook

Во Серскиот окружен реон предвостаничката состојба била специфична.


Јане Сандански

Јане Сандански кој ја имал авторитативната улога во таа област цврсто стоел на позициите на Гоце Делчев дека македонскиот народ сé уште не е доволно подготвен за вооружена борба. Тој непосредно по јануарскиот Солунски конгрес, кога официјално била донесена одлуката за востание, разговарал со Гоце Делчев и со Ѓорче Петров и тогаш го зацврстиле познатиот став по прашањето за востанието. Затоа подготовките за вооружено востание во Серскиот револуционерен округ го немале оној залет што го имал Битолскиот. Меѓутоа, Врховниот македонски комитет согласно со своите пробугарски цели успеал со задоцнување да наговори еден дел од членовите на ТМОРО - Димитар Стефанов, Александар Радославов и Симеон Витанов и на 20 август 1903 година бил одржан Серскиот окружен конгрес во месноста Белемето. Нешто подоцна тука бил формиран и Главниот штаб на востаничките сили на Серскиот округ составен од членовите на двете организации на чело со генерал-мајорот Иван Цончев (ВМК) и Димитар Стефанов (ТМОРО). Штабот ги распоредил востаничките сили во округот и подготвил соодветен план за борбените дејства. Биле дадени упатства и извршена обука на војводите за тактиката на борбените дејства и било расподелено оружјето и храната по горските началства, но до некои поцелосни и сериозни борбени дејства во овој револуционерен округ не дошло.

Непосредно пред востанието во Солун е уапсен ЦК на ТМОРО. Поради недостатокот на врските помеѓу востаничките револуционерни окрузи, по мошне ригорозните мерки што турските власти ги преземале по Солунските атентати и особено по убиството на Гоце Делчев, Организацијата не успеала да воспостави единствено стратегиско раководство на востанието, не бил избран врховен воен и политички раководител и како резултат на тоа се појавила стихијноста, неодлучноста и неспособноста до крај да се изведе револуцијата и ослободителната борба. Задграничното представништво во Софија извршувало дел од функциите на ЦК, иако немало такви компетенции. Дел од функциите на ЦК биле преземани и од Главниот штаб на Битолскиот округ без оглед што не бил ополномоштен за тоа, па сите тие недостатоци негативно се одразиле на развојот на востанието.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5939 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 1

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Што е фалангата?
--------------------------------
 Македонците и мечот
--------------------------------
 Аквадуктите и нивната функција
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: