Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7120
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Смилевскиот конгрес
Сподели на Facebook

Во пролетта 1903 година само два револуционерни окрузи, и тоа Битолскиот и Серскиот и Кожуфскиот востанички округ успеале да одржат свои конгреси.


Борис Сарафов
Тие формирале главни востанички окружни штабови. За врховен раководен орган на востаниците во Битолскиот револуционерен округ на конгресот во Смилево од 2 до 7 мај 1903 година бил избран Главен востанички штаб во состав: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а за нивни заменици биле избрани: Лазар Поп Трајков, Петар Ацев и Георги Поп Христов. На истиот конгрес бил донесен и Востаничкиот дисциплински устав во кој била оформена целосната структура на востаничките вооружени сили во округот. Конкретно биле одредени и правата, задолженијата, обврските и казнените одредби за востаниците и нивните командири - од обичниот востаник до членовите на Главниот штаб.

Според Востаничкиот дисциплински устав Главниот штаб раководел со востанието во округот и одржувал врски со Главните штабови на другите востанички окрузи и со "надворешниот свет". По потреба можел да преговара со "странци, посредници и непријатели". Во неговата компетенција било издавање наредби што се извршувале безуловно од востаниците на округот. Конгресот бил единствениот орган пред кој Главниот штаб бил одговорен и му поднесувал извештај за работата и кој можел да го казни Штабот. Свикувањето на Конгресот било во надлежност на Главниот штаб, но, можел да биде свикан и по желба на реонските горски начелства во случаи што се однесуваат за прашања за кои одлучува Главниот штаб. Покрај наведеново, Главниот штаб извршувал и некои командни дејности што не се содржани во Востаничкиот дисциплински устав. Меѓу таквите биле: планирањето на борбените дејства, распоредувањето на новопристигнатите востанички чети во реонот, по потреба назначување на нови членови на горските началства. Главниот штаб го распоредувал по реоните и новопристигнатото оружје по одржувањето на Конгресот.

На Смилевскиот конгрес било извршено извесно преуредување на околиите во Битолскиот округ што се преименувани во востанички реони. Битолскиот револуционерен округ бил прерасподелен на 12 востанички реони: Пелистерски, Смилевски, Лерински, Костурски, Долнопреспански, Ресенски, Охридски, Демирхисарски, Кичевски, Поречки, Крушевски и Прилепски. На чело на реоните се поставувале реонски горски началства, односно штабови во состав од три до пет души. Во составот на горските штабови биле вклучени и членовите на селските и на градските комитети, како и војводите на постојните чети на ТМОРО.


Даме Груев
Согласно Востаничкиот дисциплински устав, горските штабови му биле потчинети непосредно на Главниот штаб, а раководеле со востаничките сили на одредениот реон. Тие се грижеле за состојбата, распоредот, опремувањето, снабдувањето и вооружувањето на четите и за курирската служба со Главниот штаб и меѓу четите. Со одлука на Смилевскиот конгрес востаничките реони биле поделени на подреони. Помали востанички територијални единици биле центрите составени од неколку села, а најмали биле селата. Во наведениве територијални единици се формирале соодветни воени четни формации. Била создадена широка мрежа на територијални единици и на четни формации. Формирањето нови востанички чети во реоните, во подреоните, во центрите и во селата бил конкретен израз на извршената подготовка на територијата за востание.

Непосредно пред почетокот на востанието во северниот дел на Солунскиот револуционерен округ, поради настаните по Солунските атентати, бил формиран нов востанички округ и бил наречен Кожуфски. Главниот востанички штаб на Кожуфскиот востанички округ го сочинувале Петар Јуруков, Аргир Манасиев и Димитар Занешев. Меѓутоа, поради акциите и другите мерки кои турските власти ги преземале против Македонците по Солунските атентати, биле оневозможени врските помеѓу Главниот востанички штаб на Кожуфскиот реон и Главниот штаб на Битолскиот реон, односно со ЦК во Солун и со Задграничното представништво во Софија. Поради тоа воените акции на востаниците во Кожуфскиот реон се одвивале според сопствените планови на горските реонски началства. Тоа биле отежнувачки околности што го спречиле масовното развивање на востанието во овој реон.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3978 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 11 декември 2016
Моментно посетители: 105

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: