Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Софиското советување
Сподели на Facebook

Непосредно по Солунскиот јануарски конгрес во средината на јануари 1903 година, во Софија се одржал состанок на раководните дејци на ТМОРО кои не присуствувале на Конгресот во Солун. На овој состанок тие го осудиле решението на ЦК на ТМОРО за дигање востание.

На Софискиот јануарски состанок, меѓу другите присуствувале Гоце Делчев, Ѓорче Петров, д-р Х. Татарчев, Х. Матов, Пере Тошев, С. Михајлов, Сарафов, С. Ковачев и други. Татарчев и Матов го поддржувале решението за востание, додека сите други биле против. Особено на решението за востанието се спротивставувале Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои на вооруженото востание во таквата воено-политичка состојба гледале како на повторување на четничката акција од 1895 година, која на ТМОРО и донела само штета, а на народот трагедија. Тие повторно предлагале да се активира дејноста на четите на ТМОРО предвидени во насоките од декемврискиот состанок во Софија во 1902 година за да се постигне во внатрешноста состојба на постојано востание, односно востание со партизански облик на вооружена борба што ќе има долго траење и што ќе биде секогаш актуелно.

Но, истакнале дека со силите со кои располага ТМОРО и не може да се подигне едно општо повсемесно стратегиско востание. Со овој предлог се согласиле речиси сите присутни, но, сепак, донеле одлука за засилени подготовки за востание, со оглед на тоа дека ЦК на ТМОРО, односно Гарванов, веќе ги испратил окружните писма до сите дејци и симпатизери на ТМОРО да се подготвуваат за востание. Со тоа ТМОРО официјално ги започнала подготовките за вооружено востание. Покрај тоа, било постигнато примирје меѓу воените и внатрешните дејци со што била создадена претпоставка за брза и организирана подготовка.

Солунските атентати биле предвидени да започнат во време на непосредните подготовки на востанието. Меѓутоа, поради ремонтот на канализационата мрежа во улицата пред банката, атентатите започнале ноќта на 28/29 април 1903 година. Последиците од Солунските атентати се: разурната зграда на Отоманската банка, уништен францускиот брод "Гвадалкивир", прекинат водоводот и гасоводот и се фрлени бомби и на други објекти. Во пресметките со турската војска и полиција загинале гемиџиите Јордан Попјорданов, Димитар Мечев, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков, а Павел Шатев, Георги Богданов, Милан Арсов и Марко Бошнаков биле уапсени. Турскиот воен суд ги осудил на вечна робија во Триполи - Либија. Непосредно по Солунските атентати на 4 мај 1903 година во с. Баница е убиен Гоце Делчев. По тие настани никој повеќе не размислувал да го одложи востанието. Започнале апсењата, обрачот и прангиите се повеќе се стегале, па распукнувањето станало неминовно. Безредието и репресалиите ја достигнале точката на вриењето, а странските новинари за таквата состојба пишувале: "Доколку овој народ не започне вооружена борба за слобода, не заслужува да се нарече народ".

Раздорот меѓу ТМОРО и ВМК настанат поради целта и времето на востанието, по избрзаната одлука на ЦК на ТМОРО востанието да започне во пролетта 1903 година, постапно се смирувал. Имено, на иницијатива на ТМОРО, односно на Гарванов, дошло до средба меѓу највисоките раководства на ТМОРО и на ВМК на која ТМОРО барала во секој востанички реон да се испрати по еден офицер. Тој предлог не само што бил прифатен туку е и проширен од страна на ВМК, па во одредени востанички реони биле упатени повеќе офицери кои ја имале функцијата инструктори на востаничките одреди. Во подготовките и во текот на востанието во Битолскиот револуционерен округ учествувале девет, а во Скопскиот осум бугарски офицери. Покрај тоа, речиси во секој главен востанички штаб имало по еден бугарски офицер. Во Главниот штаб на Битолскиот округ офицер е Борис Сарафов, а во Серскиот генералот Иван Цончев. На тој начин бугарските офицери имале значајно влијание на Илинденското востание, но меѓу нив повеќето биле Македонци чии определби, главно, се совпаѓале со целите и со програмата на ТМОРО.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5577 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 90

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воената секира и Македонците
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Преп. мајка Синклитикија
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: