Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7093
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Солунскиот јануарски конгрес
Сподели на Facebook

Иван Гарванов, не согледувајќи ја состојбата или под влијание на надворешните фактори од 2-4 јануари во 1903 година, во Солун свикал општ конгрес на ТМОРО на кој присуствувале главно недоволно информираните и неговите следбеници.

На конгресот била донесена одлука за кревање востание на ден "Д" во пролетта 1903 година. Без оглед на таквата одлука, единствено Анастас Лозанчев, претседателот на Битолскиот окружен комитет рекол дека неговиот округ е добро вооружен и дека е подготвен за востание. И покрај тоа Конгресот донел одлука да се подигне повсемесно стратегиско востание. Таквата одлука била поткрепена од Гарванов дека недостатокот на оружје и муниција ќе бидат дополнети со четите кои ќе пристигнат од Бугарија. Се одредиле и начините на дејствата во големите градски средини, како и обезбедувањето со команден кадар. Поради тоа непосредно по Конгресот во јануари 1903 година Гарванов и Думев потпишале спогодба со ВМК и раководството на воените братства за учеството на нивниот, односно офицерскиот кадар на бугарската армија во востанието под знамето на ТМОРО.

Врховниот комитет извршил пробивање во Внатрешната организација, особено преку оние луѓе кои по која било основа биле исклучени од Организацијата. Таквите имале силна поддршка кај Иван Гарванов, а тој особено откога станал претседател на ЦК на ТМОРО почнал да создава нова врховистичка организација. Притоа особено му помагале Наумов, Колушев, Шопов и други. Сите поранешни членови на "братството" сега станале врховисти. Во Кукушко Гарванов создал врховистичка партија "Комитет". Во Струмица таквиот обид бил неуспешен. Во Прилеп Ордан Тренков формирал моќен врховен комитет кој потоа влегол во судир со ЦК при што имало и човечки жртви. По формирањето на Тренковата врховистичка чета, Глигор Соколов(иќ) формирал српска чета. Тој дотогаш бил член на Внатрешната организација и член на четата на Мирче Ацев. Гарванов успеал да формира врховистички комитет и во Битола на чело со Греков. Повеќето војводи, како Иванчо Карасулијата, кои биле исклучени од Внатрешната организација, сега поткрепени од Цончев и од Гарванов, вршеле агитација низ Гевгелиско за врховизмот. Гарванов, всушност, формирал комитети и врбувал луѓе за да им подготви терен на С. Николов во Прилепско, на Протогеров во Охридско, на Саракинов во Воденско, Дрвингов во Кукушко - сите Македонци, офицери во бугарската армија и врховистички настроени. Така Гарванов работел против месните активисти со цел, со помош на офицерите, да ја потчини Внатрешна организација на Врховниот комитет и така да ја претвори во продолжена рака и орудие на кнезот Фердинанд и на бугарската влада.

За одлуките на Солунскиот конгрес имале сознание и конзулите на големите сили. Рускиот конзул Гирс го предупредил бугарскиот претставник во Солун, Атанас Шопов, дека ТМОРО и ВМК подготвуваат востание во пролетта во 1903 година во Македонија. На 13 и на 15 јануари 1903 година Атанас Шопов со извештаите бр. 29 и бр. 32 го известил претседателот на бугарската влада, Стојан Данев дека големите сили се против востание во Македонија. На 24 јануари Бугарија добила предупредување од Русија да и стави крај на дејноста на ВМК и на неговите соработници и дека може да смета на поддршка на Русија само доколку бугарската влада стреми кон подобрување на положбата на христијанското население во Македонија по мирен пат. Во исто време рускиот министер за надворешни работи грофот Ламсдорф го повикал бугарскиот претставник во Петерсбург Д. Станчов и во ултимативен тон му соопштил дека "ниту еден руски војник и ниту една рубља" нема да бидат жртвувани и дека во случај на турско-бугарски конфликт Србија и Романија ќе ја поддржат Турција, а Русија нема да и даде помош на Бугарија. По таквите предупредувања на 30 јануари 1903 година на предлог на Министерскиот совет министерот за внатрешни работи А. Људсканов со образложение дека ВМК е штетна за државата и дека ја загрозува нејзината безбедност, на 31 јануари во 1903 година по негова наредба полицијата ја зазела зградата, а раководителите на ВМК ги затворила. Воениот министер ги предупредил офицерите дека ќе бидат затворени доколку и дадат каква било помош на ТМОРО.


Затворот Беаз Куле, во кој имало политички затвореници

Со решение на Министерскиот совет на 8 февруари 1903 година бугарската влада ја забранила дејноста на Врховниот македонски комитет и на сите негови делови - отсеци, а членовите ќе се гонат според законот. На сите членови и чиновници на владата им се забранувало каква било соработка со ВМК. Руската влада, сметајќи ја и ТМОРО за бугарска организација, извршила силен притисок врз бугарската влада таа да го спречи востанието во Македонија. По тие настани С. Данев испратил писмо до трговските агенти со цел да го предупредат населението во Македонија да не ја прифаќа агитацијата на ТМОРО за востание, а на Шопов му наредил да влијае на ЦК на ТМОРО да ги расформира вооружените сили на Организацијата и да ги прекине вооружените дејства против турската војска. Одговорот на ЦК на ТМОРО гласел: "Ако Портата не пристапи кон реформи и не ги амнестира политичките затвореници, ќе биде дигнато востание". По прашањето за вооружените сили одговорот бил дека барањето на Данев било против интересите на целиот бугарски народ.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5208 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 03 декември 2016
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Македонците и мечот
--------------------------------
 Св. мч. Александар
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: