Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Турска армија во Македонија во почетокот на XX век
Сподели на Facebook

Турската влада непосредно пред почетокот на Источната криза, односно во текот на 1869 година, извршила реорганизација на армијата. Копнената војска била организирана по принципот на пруската армија.


Хилми Паша
Во армиската структура биле вклучени: дејствувачката, редовната војска (низам ордуси), резервната (редиф ордуси), доброволците (мустаф ордуси) и нередовните единици (аскерии муавине). Во 1878 година по Руско-турската војна бројната состојба на турската армија е сведена на 250.000 луѓе. Во почетокот на 1886 година, согласно германско-турската спогодба германскиот барон Фон дер Голц, е поставен за главен советник на султанот по военото прашање. По негова иницијатива и со помош на Музафер паша и Вели Риза-паша е изработена нова организација на турската армија. Тој проект бил прифатен со закон од 25 ноември 1886 година. Според овој закон во армијата можеле да служат само муслимани.

Другите, доколку не го примиле исламот, можеле да бидат само советници, а особено не на командни должности. Во почетокот на 1900 година бројната состојба на турската војска се движела околу 220.000 луѓе, од кои 175.000 војници. Регулираниот состав во воено време се зголемувал на 530.000 луѓе. Во случај на војна турската држава можела да мобилизира вкупно 1.130.000 луѓе. Турската војска се состоела од седум армиски корпуси, една пешадиска дивизија во Либија и коњаничка бригада на островот Крит. Во Македонија бил распореден 3. корпус во Солун и делови од 2. корпус кој бил распореден во Одрин. Корпусите се состоеле од по две пешадиски дивизии, овие, пак, имале по две пешадиски бригади, а тие по два пешадиски полка во состав од по четири табори (баталјони). Покрај тоа, секој корпус имал по една коњаничка дивизија од шест полка, а секој полк по пет ескадрони коњаница; една артилериска дивизија со шест полка од по шест до осум батерии; инженериски баталјон, комора, медицинска служба итн. Нешто подоцна корпусите се организирани во армии.


Цариград

Турската регуларна дејствувачка армија во европскиот дел од Османлиската Империја при крајот на 1902 година имала 146 пешадиски баталјони, 103 коњанички ескадрони, 57 полски, 19 планински и 82 батерии. Согласно планот на воените дејства во областа на 3. корпус со штабот во Солун во случај на војна можеле да се мобилизираат уште два корпуси во редовниот состав и една пешадиска дивизија, предодредена за одбрана на грчката граница, два корпуси во резерва и два корпуси доброволци. Со оглед на тоа дека имала сознанија за подготовка на востание во Македонија, Турција се подготвувала да го задуши востанието веднаш по неговото објавување. Поради тоа, турската влада ја започнала концентрацијата на бројни сили кон бугарската граница. Кон средината на јули 1903 година турските војски во Македонија и во Тракија биле дислоцирани на следните правци: 26.000 луѓе биле распоредени на границата од Горна Џумаја до Родопите; 20.000 по границата на Источна Тракија и 150.000 луѓе во внатрешноста распоредени по гарнизоните со посилна концентрација во востаничките реони. Турската Врховна команда планирала во задушувањето на востанието во Македонија и доколку треба за војна против Бугарија да ги ангажира единиците на 2. и 3. корпус, доброволците и башибозукот од внатрешноста на балканскиот простор. Бројната состојба на двата корпуса изнесувала 265.350 души, а општата воена сила што Турција можела да ја мобилизира во Македонија и во Тракија изнесувала 470.000 луѓе.


Султанот Абдул Хамид II

Вооружувањето на турската војска главно се вршело од германскиот и од австрискиот арсенал. Пешадијата била вооружана со пушки "маузер" калибар 9,5 мм и "мартини-пибоди" калибар 7,65 мм. Резервата била вооружена со англиски пушки "хенри мартини" и со "шнајдер", а биле порачани и "манлихери" М-1890. Коњаницата покрај наведениве, располагала и со пушки "винчестер" и со револвер "смит и весон". Сите коњаници биле вооружени и со сабји. Покрај стрелечкото, турската армија располагала и со современи артилериски орудија. Планот на турската команда предвидувал во задушувањето на Илинденското востание да ги примени следните тактички постапки: прво, турската војска да ги заземе градовите и оттаму да испраќа војска за борба со востаничките чети; второ, да ја разделат територијата на реони, а потоа во заеднички дејства со башибозучките одреди да ги разбијат востаничките чети и трето, да создадат логори за мирното население да го изолираат од востаничките чети и на тој начин востаниците да останат без поддршка од населението, па да бидат приморани да капитулираат. Согласно таквиот план преземале соодветни мерки. Прво, го затвориле раководството на ТМОРО во Солун, мислејќи дека со тоа ќе ги спречат вооружените дејства. Второ, во Битола концентрирале војска од 5.000 души и наредиле да не го напушта градот за да не влезат востаниците. Во целиот Битолски вилает имало околу 25.000 души турска војска, но таа не била доволна, па му наредиле на скопскиот командант Омер Ружди-паша, кој располагал со 60.000 луѓе, да го задуши востанието. Со оглед на тоа дека востанието добило масовен карактер, турската команда испратила дополнителни сили од Солун и од Цариград.
-----------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6119 пати
Просечна оцена од посетителите
 1 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 20 април 2024
Моментно посетители: 42

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: