Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Организација и задачи на востаничките чети
Сподели на Facebook

Создавањето на четите како институции (четни институти), започнало во текот на 1899 година. Нивната организациона и формациска структура и задачи се развивале во наредниот период.

Промените и поставеноста ги вршел ЦК на ТМОРО со донесување бројни нормативни акти, особено упатства и правилници. Во првото Упатство од 14 точки донесено во октомври 1899 година се предвидувало расформирање на дотогашните терористички групи. Место нив се предвидувало формирање на малубројни чети што постојано ќе дејствуваат, без да се конкретизира нивниот состав. Според добиените задачи, се претпоставува дека нивниот состав го сочинувале три до четири души. Според д-р Христо Татарчев, четните институции се "узаконети... со специјално упатство од ЦК на ТМОРО, а за шеф на тие институции бил определен Гоце Делчев, кој дотогаш бил член на ЦК на ТМОРО и му се поставувало како должност да го подготви нужниот војводски персонал за околиските чети во земјата".


Гоце Делчев

Гоце Делчев кој веќе ги започнал работите, сега за тоа имал и официјална задача од ЦК. За кусо време ги расформирал терористичките групи, а наместо нив создавал нови нелегални чети на организацијата кои се спротивставувале на турскиот терор, кои го ширеле борбеноослободителниот дух и кои го подготвувале македонскиот народ за вооружена борба. Во текот на 1900 година бројот на таквите чети силно пораснал. Со оглед на тоа дека во четите влегувале луѓе кои воено не биле обучени, под раководство на Гоце Делчев биле формирани чети за обука, наречени четни школи со кои командувале револуционери кои биле поранешни бугарски офицери, кои токму поради промакедонските револуционерни идеи биле исклучени од бугарската армија, како, на пример, Михаил Апостолов, Марко Лерински и Христо Чернопеев. Спроведувајќи ја обуката, тие, всушност, подготвувале команден кадар за идните чети. Обуката главно се спроведувала според споменатото Упатство, кое не ги задоволувало потребите. Тоа било причина во 1900 година Гоце Делчев да се зафати со изработка на Правилник за четите на ТМОРО. Правилникот се состоел од 44 члена во чија содржина влегле и 14-те точки од Упатството донесено во 1899 година. Според Христо Матов, тој Правилник го работеле задграничните претставници Гоце Делчев и Ѓорче Петров, а Борис Сарафов подвлекува дека правилникот го работеле Ѓорче Петров и капетанот Димитар Венедиков. Всушност, се работи за два различни правилници што ја разработуваат истата проблематика. На VI конгрес на Врховниот македонски комитет (ВМК) одржан од 1 до 5 мај 1899 година на чело на ВМК дошле членовите на Бугарското офицерско братство (БОБ): Борис Сарафов, Тома Давидов, Владислав Ковачев и Антон Бозуков, кои ја спроведувале линијата на тесна соработка со ТМОРО. На едно од првите заседанија тие барале Ѓорче Петров и Димитар Венедиков да го довршат правилникот за кој Венедиков веќе имал напишано две глави, а заедно ги завршиле третата и четвртата глава. Досега нема податоци дека тој правилник се применувал во внатрешноста на Македонија. Веројатно, затоа што во Правилникот не била разработена конкретната состојба во Македонија.


Ѓорче Петров

Во Правилникот на Гоце Делчев и на Ѓорче Петров била разработена, пред сé, агитационо-организаторската дејност на четите. Во почетокот на јануари 1901 година тој Правилник бил испратен до ЦК во Солун за одобрување и размножување. По неговото одобрување Правилникот бил умножен во 40 примероци. Меѓутоа, на 24 јануари 1901 година избувнала Солунската афера во која била уништена печатницата и уапсени членовите на ЦК на ТМОРО, па испраќањето на Правилникот во внатрешноста доцнело. Постоењето на Правилникот го докажува залетот на четничкото движење. По Солунската афера во 1901 година и запленувањето на Правилникот, Гоце Делчев заминал во инспекциона обиколка низ Македонија каде што напишаното во Правилникот го применувал во практика. Особено долго се задржал во Битолскиот револуционерен округ, а со себе го водел и членот на Окружниот комитет на овој округ Георги Пешков. По завршувањето на обиколката, а врз основа на искуствата и забелешките Делчев му сугерирал на Пешков да напише нов правилник. Пешков за кратко време ја завршил задачата, па во Битолскиот револуционерен округ четите биле организирани по тој правилник. По пристигнувањето од Македонија во Бугарија во март 1902 година Гоце Делчев, заедно со Ѓорче Петров го преработиле Правилникот за четите од 1900 година. Потоа го преработиле и Уставот, па заедно Уставот и Правилникот на ТМОРО ги отпечатиле во пролетта 1902 година. Непосредно потоа се испратени во внатрешноста на Македонија. Меѓутоа, поради конспиративноста и тешкотиите при пренесувањето на поштата, Правилникот не стигнал во сите окрузи. Од тие причини за Серскиот револуционерен округ Јане Сандански изработил проект Устав за четите кој требало да биде испратен до сите војводи во округот. Од исти причини и тој не стигнал до одредените места.


Марко Лерински
Новиот правилник за четите на ТМОРО изработен од Делчев и од Петров се состоел од 47 членови и 5 глави. Во него биле внесени бројни искуства кои Делчев ги забележал при инспекционата обиколка низ Македонија. Воведена е поголема демократија и оперативност на окрузите и четите, а бил исфрлен формализмот. Нов момент во дејноста на четите е тоа што во врска со масовизирањето на ТМОРО, четите својата агитаторска должност требале да ја вршат кај целото население, без оглед на вера и националност. Четите извршувале и важни задачи во поглед со вооружувањето на населението. Се зголемил и бројот на четниците на седум и повеќе души и во секоја околија се организирале по три и повеќе чети.
----------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5631 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: