Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Јане Сандански
Интервју со Јане Сандански
Сподели на Facebook
Ни Бугарија ни Србија не мислат за слободата на мојот народ. И на Софија и на Белград во досегашната работа главна цел им беа нивните себични интереси, проширувањето на нивните држави.

Самостојна и обединета Македонија во рамките на Турција ги спречува претензиите на малите држави и ги осудува на бел леб.

За време на Младотурската револуција во 1908 година се отвораат големи шанси за создавање самостојна и обединета Македонија во рамките на Турската Империја. Големиот визионер Јане Сандански знае дека таа како целина може да опстане само на тој начин, зашто аптитите на соседите кон неа биле големи.

Тој ги поддржува Маладотурците, се симнува со четите од планините и тргнува за Солун за да разговара со нив, него таму лично ќе го пречека нивниот водач Енвер- беј. Сандански ќе преговори за формирање обединета македонска држава во рамките на Турција. Тогаш се создава и таканаречената Серска Република. Сандански формира и Народна федеративна партија и со политички средства се бори за власт. Партијата има свои претставници во тогашниот турски парламент.

Во Солун ќе се сретне со познатиот српски комедиограф Бранислав Нушиќ на кого за белградска „Политика“ му го даде следново интервју:

Б. Нушиќ: Дали верувате, г. Сандански, во трајноста на сегашната состојба?
Ј. Сандански: А како кај вас, се верува ли таму? Што пишуваат весниците?

Б. Нушиќ: Па, во Европа не се верува толку многу како овде!

Ј. Сандански: Европа нема интерес да верува толку многу во искреноста на овие настани.
Овие настани, сепак, најмногу и најнепосредно се однесуваат на нас, малите народи на Балканот.
Затоа и јас дојдов тука, за да ја констатирам вистинската вредност на овие настани.
Натамошниот живот на малите народи е без добри изгледи.
И Бугарија и Србија, во досегашната работа грешеле што се раководеле од своите најтесни интереси.
На нивната работа главна цел не беше слободата на овој народ, туку нивните себични интереси, проширувањето на нивните држави.
По овие настани, тие ќе останат таму каде што се, а ние тука ќе ја градиме нашата татковина!

Б. Нушиќ: Убаво, г. Сандански, јас се согласувам да верувам во искреноста на овие настани, на овој чин, и верувам дека новиот режим ќе биде воведен, но нели не може да се оспорува фактот дека причините, мотивите за прогласувањето на Уставот, не лежеа во тоа дека се согледувало, оти на овој народ треба да му се даде слобода, туку исклучиво во тоа да се отстранат европските реформи?

Ј. Сандански: Овој чин не само што ги отстранува европските реформи кои се, главно, неискрени, но тој ги спречува и претензиите на малите држави и ги осудува нив на бел леб. Нивната пропагандна девиза: „Ослободување на своите браќа° - изгуби секоја основа и стана беспредметна. Тоа е гаранција повеќе за мир и правилен развој на нашата татковина!

Б. Нушиќ: Мислите ли сериозно, г. Сандански, дека вие и јас, да речеме, по три месеци, веќе слободно ќе можеме да се состанеме во Солун, во хотел?
Ј. Сандански: Јас зборувам за денешната ситуација, затоа што јас верувам во неа.
Ако нешто се измени, и кога ќе се измени, тогаш ќе зборуваме. Но, ние ќе умееме да се потрудиме да не дојде до тоа!

Б. Нушиќ: Се разбира, оваа амнестија за вас и за г. Паница важи само за Турција. Вие не смеете да одите во Бугарија?
Ј. Сандански: Во Бугарија не смеам да одам, но и не ми треба. Тука е мојата татковина!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7426 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,71 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 27

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воените лукавства
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Овошја во Македонија со потекло од Арапите
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: