Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Јане Сандански
Сандански и неговата против-пропагандна војна
Сподели на Facebook
Сандански ја увиде силината на самоништежот, што Бугарите ја применуваа кон македонскиот народ, насочувајќи заблудени Македонци против други Македонци.

Истата пропагандна игра им ја возврати, пропагира и потплатува Бугари, им се меша во политичкиот живот, во интелектуалните и прогресивни кругови. Со смислени и двосмислени текстови ги полни страниците на бугарскиот печат. Кога мора и објаснува на јавноста за случувања кои и не беа во негова полза со што ја престигнуваше бугарската пропаганда.

Така за ликвидациите на Сарафов и Гарванов, со свое отворено писмо се јавува Серскиот револуционерен округ, чиј раководител е Сандански. Округот во  упатеното  писмо до бугарскиот печат, наметнува  најлуцидна обвина и  демаскирање на Врховизмот и агентурата на  Бугарскиот двор.

Комбинираните пропаганди ,ги прави некои Бугари - Санданисти, Александар Бујнов, Чудомир Кантарџиев, Пеју Јаворов, Тодор Паница и Крсто Асенов.

Тие оставија белег во борбата против Бугарскиот национализам, само со родени Бугари можеше успешно да се војува против Бугарија, слично како што тие со Македонци ја рушеа чистината на македонското дело.

Поетот Пеју  Јаворов (1872-1914) во своите Хајдушки копненија (1908 г.) напиша потресни страници за Пиринската противврховистичка епопеја, со која дополнително пропагандно се обессилуваше Бугарската активност против македонскиот народ. Неколку години е активно помагање на македонизмот, а против бугарштината во ВМОРО. Личен пријател на Делчев и семејството му, неколку пати престојувал и во Македонија. Во Серскиот округ 1903 г. го издава весникот Слобода или смрт, а во 1904 г. е автор и на првата  биографија за Гоце Делчев. Но од 1908 г. полека се свртува кон неоврховизмот а се конфронтира со Серчани, но како и да е неговиот допринес за македонското дело е несомнен, особено оти ја разоткрива Бугарската пропаганда во клучните години.

Крсто Асенов, (1877-1903), внук од сестра на прочуениот бугарски војвода Хаџи Димитар, опеан од Х.Ботев. Но рано паѓа под влијание на Санаднски, уште како учител во Горноџумајското с.Лешко, а подоцна е близок соработник и на Гоце Делчев. Под нивно влијание беспрегорно се впушта во борба против врховистите, а стана и легендарен јунак во аферата Мис Стон. Загинува рано, на чело на Кукушката востаничка чета во разгорот на Илинденското востание 1903 г.


Асенов, Сандански и Михајлов

Тодор Паница, извршителот на ликвидациите и атентатор. Во Серскиот округ по 1904 г., предан Санданист. Еден од важните моменти е и женидбата во 1908 г. за Екатерина Измирлиева, Кукушка учителка , која до 1903 г. одржувала врски со Гемиџиите. Во 1922 г. Паница емигрира од Неврокоп (денес Гоце Делчев), преку Грција и Југославија, во Виена. Учествува во создавањето на ВМРО (Обединета). Во 1925 г. убиен од Менча Крничева (подоцна жена на Ванчо Михајлов).

Александар Бујнов и Чудомир Кантарџиев,  во раководството на  Серскиот револуционерен округ, со што Јане создаваше привидна но контролирана доверба. 

Алексанадар Бујнов (1879-1924)
 Јане го привлекува кон македонштината по 1903 г., а наредната 1904 г. учествува во многу борби против Врховистите и Бугарските пропаганди. И кај него секако има влијание женидбата за Марија Тодева, учителка од Разлог и активна учесничка во македонското ослободително дело. Бујнов е со широка политичка култура, организаторски способности и говорништво. Бујнов е убиен во 1924 г. при масовното обезглавување на македонската револуционерна организација.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8370 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 17

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: