Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Гоце Делчев
ГОЦЕВИОТ ПОГЛЕД ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
Сподели на Facebook

Гоце се експонира како вонредна динамична личност на македонската револуционерна арена. Активирајќи се Гоце со невиден полет, ја импулсира дејноста на македонското национално-ослободително движење и притоа внесувајќи свежина во неговата средина.

За кратко време, секавично, Делчев се наоѓа во челните редови израстувајќи во идеолог и стратег на македонската национално - ослободителна борба. Оттаму Делчевите идеали за национална и социјална слобода ги презеле како свои, неговите идни соодвижници од македонското национално-ослободително движење, како и следните генерации. Оттаму Делчевите идеали го наджиевеале своето време, прераснувајќи во позитивно, историско наследнство на македонскиот народ. Гоце Делчев мечтаел за Балканска Федеративна Република. Притоа главната кочница за реализирањето на таа идеја ја гледал во конзервативните балкански монархии за кои Македонија била ,,јаболко на раздорот" и не само тоа. Она што Делчев го издигна високо над неговите современици е неговиот интернационален космополитски поглед: ,,Јас го разбирам светот, единствено како поле за културен натпревар на народите". Оваа луцидна мисла го вбројува во редот на прогресивните светски хуманисти.

Гоце Делчев е еден од столбовите на самостојноста на македонското ослободително дело. Тој секогаш, бескомпромисно стоел на браникот, на самостојната и самобитноста на македонското национално ослободително движење. Затоа тој е трибун на македонската самостојност и самобитност. Делчевиот идеал е ,,Слобода на независна Македонија, со широки права на сиромашното население".

 

Ослободувањето според него лежи во внатрешно востание:,,Кој мисли да ја ослободи Македонија поинаку, тој и себеси и другите ги лаже". За да се дојде до саканата цел според Делчев, ,,секој треба да ја засили својата енергија, да ги оптегне заспаните струни на робјето, да се раздвижат нивните чувства кон пожртвување". Оттаму, тој смета дека ,,моралната револуција - револуцијата на умот, срцето и душата на ропскиот народ, е најголема задача". Делчев ја согледува големата опасност, надвисната над Македонија. Тој е противник на секакво мешање на надворешни фактори во ослободителното дело на македонскиот народ. Во таа смисла тој одбива секаква надворешна помош сврзана со амбиција за манипулирање со македонското ослободително дело.

Тој истакнува: ,,Организацијата на македонскиот народ е нужна да го собори ропството над себе, а не да тргува". Затоа, тој смета дека револуционата борба треба да се води единствено со сопстевни сили. Тој апелира: ,,Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!". Притоа Гоце потенцира: ,,Ако тоа не го направиме Македонија ќе падне под некоја од балканските држави или ќе биде разделена меѓу нив". Каква јасна визија.

Делчев вели: ,,Револуционнерот се издигнува во свеста на народот преку своите дела''. Тој е приврзаник на нивното едниство, кое што всушност го доживува како вревен организарот, масовник на движењето. Оттаму резултира и негиовата огромна популарност и снажен авторитет сред македонските народни мисли. Тоа го обви неговото име со ореол на легенда.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7783 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 17

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Двобојот и Македонците
--------------------------------
 Македонското вилино ракче, единствено во светот
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: