Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7120
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски револуционери
Атентатот врз Тодор Паница
Сподели на Facebook
Во Виена на 8 мај 1925 година бил убиен Тодор Паница, македонски револуционер од левицата, санданист и федералист и член на МЕФО. Атентатот бил извршен од страна на Менча Карничева, а по налог на раководството на ВМРО.

Уште во текот на 1918 година, на пат за Минхен, Карничева се запознала со Магдалена Измирлиева, сестра на жената на Тодор Паница. Подоцна, во 1920 година, при нејзиното бањско лекување од ревматизам, се запознала и со семејството Паница. Раководството на ВМРО, пред се Иван Михајлов, сакало да го искористи нејзиното пријателство со семејството Паница, за извршување на атентат врз Тодор Паница, кој од страна на ВМРО бил обвинет за убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов во 1907 година, за комунистичка дејност и обвинение дека како федералист се ставил во српска служба. Менча Карничева започнала да прави планови за неговото убиство уште во текот на 1923 година, но поради честите заболувања била спречена во тоа. Но веќе во летото 1924 година, атентаторката купила револвер за таа цел и планирала да го изврши убиството по свадбата на Магдалена Измирлиева за извесниот Бумбаров. Вистинската можност и се укажала во месец мај 1925 година.

На 7 мај 1925 година Менча Карничева ги поканила брачниот пар Бумбарови и Паница наредниот ден да отидат во Бургтеатарот во Виена, на претставата "Пер Гинт", што од нивна страна било со задоволство прифатено. Заговорничката ја презела обврската за купување на билетите се со цел да се осигури дека во критичниот момент Тодор Паница ќе биде со неа во истата ложа. Така на 8 мај, вечерта двата брачни парови, Карничева и Јане Богатинов за време на претставата се сместиле во ложата број 2, од десната страна близу до сцената. По почетокот на претставата, Менча Карничева и го дала резервниот билет за друга ложа на Магдалена Бумбарова што специјално го купила за да ги отстрани Бумбарови од нивната ложа и откако и сопругот на Магдалена по извесно време заминал од таму, Карничева се нашла точно зад столицата на Тодор Паница. Од левата страна седела неговата жена, а десно Богатинов. Во моментот кога на сцената се одвивал делот кога Пер Гинт се враќал дома со коработ, се создала голема врева од музиката што го следела дејствието и тоа бил погодниот момент за атентаторката.

Часот бил некаде околу 10, кога користејќи ја темнината во салата, Менча Карничева го извадила револверот од чантата и истрелала два куршуми кон Паница. На излегување од ложата, истрелала уште пет куршуми, со кои покрај убиениот Тодор Паница, ги ранила и жена му и Богатинов. На излегување од ложата Карничева била фатена од еден прислужник, без давање на отпор, додека лекар ја констатирал смртта на Тодор Паница.651 При увидот направен од страна на официјалните австриски полициски власти, кај Тодор Паница биле пронајдени, револвер, извесна сума на пари и српски пасош со лажно име Димитар Арнаудовиќ. Атентаторката Карничева веднаш била затворена, но поради влошеното здравје до судењето била префрлена во еден санаториум.652

Процесот против Менча Карничева започнал на 30 септември 1925 година, а за нејзини бранители од страна на ВМРО биле ангажирани едни од најдобрите адвокати во Австрија, д-р Рихард Пресбургер и д-р Игнац Курт Розенфелд. По судскиот процес на 2 октомври 1925 година била донесена пресудата, според која Менча Карничева за стореното дело се осудувала на осум години затвор.653 Меѓутоа од Врховниот суд во Виена таа била прогласена за неспособна да ја одлежи казната и по сила на тоа решение била ослободена и според пресудата и тамошните законски прописи, веднаш била екстернирана од границите на Австрија.654 По враќањето во Софија во 1926 година, Менча Карничева се венчала со лидерот на ВМРО, Иван Михајлов, со кого лично се познавала уште од порано.

________________________

651-Трите дела, Прага-Таборя-Виена-Милано, Страници отя борбата на Македония..., София, 1927,75/76.

652  Исто,78.

653-Менча Кърничева, Защо убих Тодор Паница?, София, 1993, 6. Трите дела..., 172.

654-Георги Иванов Папалезов (с.Белотинци, Драмско, Егејска Македонија, 1883г.), се населил во Неврокоп(Гоце Делчев); при заземањето на Неврокоп од четите на ВМРО во октомври 1922 година, ги снабдувал комунистите и земјоделците со оружје за одбрана на градот; на 24 мај 1925 година бил фатен од страна на ВМРО и на 15 јуни 1925 година бил обесен во селото Дабница.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5352 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 11 декември 2016
Моментно посетители: 86

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: