Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > ТМОРО - нејзин развој
Крушевската афера со оружјето во 1902 година
Сподели на Facebook
Крушевската револуционерна организација по нејзиниот успешен подем била сериозно разнишана од една афера во која било откриено оружје на Организацијата.

Крушевската афера со оружјето започнала во месец февруари 1902 година, кога фатениот од османската полиција пренесувач на оружје, Јосиф Петков од с. Жабјани, познат како Јосиф Жабјанец, подложен на страотни мачења го откри својот соработник, крушевчанецот Никола Михајлов, познат како Миха Х'ча Кола. Во истото време, не знаејќи дека е откриен, Миха Кола заедно со Тега Херту со своите коњи се наоѓале во Битола, во анот на Стерјо Жежов. При рутинското легитимирање на посетителите на анот од страна на османската полиција, кај Херту биле пронајдени 100 лири кои ги носел за купување на оружје. Со исказите на анџијата дека е чесен трговец кој постојано тука тргува, Херту успеал да се спаси од апсењето. Но Кола ја немал таа среќа. Спроведен во Уќуматот и подложен на невидени мачења тој стана предавник на своите соборци. Така, им ги разоткрил на властите пренесувачите и прифаќачите на оружјето од грчката граница до Битола, како и скривниците во градот и селата. Веднаш потоа, без да биде осуден, Кола бил сместен во делот на другите македонски осуденици во "Катилането" кое што пробудило сомнеж кај Даме Груев и некои други затвореници. Како резултат на оваа провала, наскоро во битолскиот централен затвор биле затворени луѓе со најразлични занимања: учители, свештеници, кираџии, занаетчии, трговци итн, меѓу кои се наоѓале и имињата на Петар Ацев, браќата Ашлакови, Јанаки Забле, Таќу и Фанија Љакови итн.

Во дворот на Љаковци се наоѓала една од важните скривници на оружје. При претресот, властите ја откриле истата, но оружјето било претходно однесено од припадниците на Организацијата. Меѓутоа, во скривницата полицијата пронашла празни сандаци, џамаданот на убиениот од Гурчин Наумов и Јордан Пиперката260, Рустем Ага, еден затворач од пушка и неколку чаури.

Сите осомничени биле одведени во Уќуматот, а од таму во битолскиот затвор.

Дознавајќи дека е откриен од власта, раководителот на Крушевската револуционерна организација, Петар Ацев, во втората половина на месец април 1902 година го напуштил Крушево и заминал за Прилепско. Во мај истата година, по налог на Битолскиот окружен комитет, во с. Вранче се сретнале четворицата војводи: Веле Марков, Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев и Славејко Арсов, при што одлучиле да формираат, од делови на битолската, крушевската и кичевската чета, уште една - прилепска чета. За војвода на прилепската чета бил назначен Петар Ацев261.

Во истото време, во Крушево се случило уште едно предавство чиј извршител останал неидентификуван за Организацијата. Овој непознат предавник, и доставил на османската власт список со луѓето вклучени во крушевската организација, како и места на дотогаш неоткриени скривници за оружје во Крушево. Благодарение на Ѓаку Козар, служител во Уќуматот, луѓето биле навреме известени и спасени од апсење. Речиси целото активно револуционерно јадро успеало да побегне од Крушево, со исклучок на двајцата крушевски учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, родени во Велес, кои биле уапсени од османската полиција.

Полицијата пристапила кон темелно претресување на сите куќи по списокот. Благодарение на тоа што целокупното оружје и материјали биле навреме пренесени во нови скривници, а старите канали и врски биле заменети со нови, полицијата не успеала да пронајде ништо. Двајцата затворени крушевски учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, ги издржале страотните мачења и не ги предале тајните на Организацијата. Крајно измачени и претепани, овие храбри Македонци биле одведени на натамошни тортури и во Битолскиот централен затвор, но и таму продолжил нивниот молк. На крајот властите ги ослободиле. X. Чивчиев и X. Павлов останале верни на својата заклетва. На тој начин оваа опасна провала не и нанесла поголеми штети на Крушевската револуционерна организација.

________________________

260-Јордан Силјанов - Пиперката, е роден во с. Козица Кичевско. Рано заминал на печалба во Софија. Таму работел како фурнаџија. Во Софија се запознал со поранешни ајдути, доброволци и учесници во македонските востанија од времето на Источната криза. Влегол во една од четите и учествувал во т.н. Мелничко востание. Во наредните години престојувал повеќе пати како член на помали ајдутски чети во Кичевско. Во 1897 година влегол во четата на војводата Дуко Тасев. Заедно со Тасев учествувал во убиството на насилникот Ремко од с. С’лп. Во 1900 година останал во Демирхисарско заедно со Ѓурчин Наумов од Сланско. Во 1901 година еден период дејствувал во четата на војводата Никола Русински. Во 1901 година бил наименуван за војвода на демирхисарскиот реон, а дејствувал и во Крушевско и Кичевско. Учествувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) и во Илинденското востание. На 10.08.1903 година, ранет во борба со османските сили, се самоубил. (А. Д. Йорданъ, Пиперката, Илинденъ, VI/38 (20.10.1926); Злате Ѓоршески, Јордан Пиперката, Скопје 1982,120-128). Народот го опеал низ песните.

261-3. Божиновски, Веле Марков, Друштво за наука и уметност Битола, Битола 2002,144-147.

ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА
Автори Виолета Аковска и Никола Жежов

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5035 пати
Просечна оцена од посетителите
 1 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 20

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: