Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7491
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > ТМОРО - нејзин развој
Трсјенската провала
Сподели на Facebook
Кон крајот на мај 1902 година, уште една провала сериозно ќе ја разниша организационата мрежа во Леринско249. Сосема случајно, без ничие намерно предавство, дошло до т.н. Трсјенска провала.

Османската потера во с. Трсје налетала на компромитираниот учител Геле кој во таа прилика, иако ранет, успеал да се извлече, но за жал при бегството ја испуштил торбата во која се наоѓале податоци за луѓето вклучени во мрежата, односно писмата каде биле назначени "луѓето, кои имаат пушки и дури бројот на пушката"250. Тогаш биле уапсени и затворени во битолскиот затвор (18/31 мај 1902) Ване П. Јанев и Андреј Новачков.

Загрижени за натамошниот тек на работите и во дилема какви чекори да преземат против предавникот Коте Христов251, во с. Трсје пристигнале костурските раководители Пандо Кљашев и Васил Чакаларов со намера да се консултираат со Марко Лерински. Според Христо Силјанов, веќе било утврдено дека Коте "влегол во сомнителни врски со грчкиот владика во Костур"252, но и поради повеќе негови престапи со кои ги прекршил правилата на Организацијата253.

Речиси истовремено, во втората половина на мај, во Трсје пристигнал и Марко Лерински со својата чета. Тој сакал да го испита случајот со учителот.Геле и да преземе мерки за неутрализација на евентуална акција на османските власти за одземање на пушките. Меѓутоа, веќе било доцна. На 1 јуни 1902 година во с. Трсје пристигнала нова османска потера. Со неа, биле прекинати двете свадби кои биле во тек во тој празничен ден. Додека луѓето се наоѓале собрани во црквата, во нивните куќи започнале беспоштедни претреси. Во текот на претресите дошло и до престрелки во една од куќите каде биле сместени револуционерите. Тогаш четата на Марко Лерински го доживеала своето борбено крштевање.

При ваквиот исход на едно случајно разоткривање на траги на Организацијата, сепак останува дилемата: Дали учителот Геле намерно или случајно ја испуштил торбата со документи? Дали се работи за уште едно предавство изрежирано како случајност. Се знае дека Геле бил раководител на Организацијата во с. Трсје и во моментот веќе од поодамна бил нелегален. Своевремено, како член на леринската терористичка група заедно со својот соселанец Петре, извршил убиство над гркоманскиот свештеник Коста од с. Неред. По Трсјанската провала, Геле заедно со жената и ќерката се криел во костурското село Кономлади, плашејќи се најверојатно дека ќе биде казнет од ТМОРО, зашто откажувал да му даде сметка на Марко Лерински за парите кои му биле дадени за купување пушки. Затоа Марко, според спомените на Кљашев, откако дознал дека Геле сака да бега во Грција, им беше пишал да не го пропуштаат. Но, "ние сега, вели Кљашев, кога го најдовме, рековме да се послужиме со него за да се ослободиме од Коте. Но наместо тоа тој се здружи со Коте. Тоа беше на 2/15 август 1902 година"254. Конечно, според спомените на П. Кљашев, околу 25 март 1903 година Геле бил убиен од луѓе испратени од Сарафов, "зашто селото Арменско проплакало од истиот тој Геле"255.

Крајниот биланс и последиците за селото Трсје од оваа провала биле навистина трагични зашто врз населението бил спроведен невиден терор. Христо Силјанов запишал дека "имало тепања, залевања со врела вода, горење на човечки тела со нажежени железа, освестување на премрени луѓе за да бидат подложени на нови маки, додека признаат дека имаа пушки и да ги предадат на власта..."256. Во рамките на одмаздите на властите околу 120 жители од Трсје биле одведени во Лерин и ужасно измачувани. Само мал дел од нив ги издржале маките, а посебно импонирал случајот на кметот Доне, кој и покрај мачењето не признал дека има оружје. Така тој бил ослободен порано, со малкумина соселани кои издржале како него. По оваа масовна акција најголемиот број на скриените пушки биле одземени од османските власти. Во битолскиот затвор биле затворени 30 души, а останатите биле ослободени257.

Драмата која го потресла селото Трсје, истовремено се случувала и во селото Буф: апсења, претреси, насилство. Од ова село биле затворени 30 души,од кои 10 биле судени, а другите набрзо ослободени258.

Но, властите не сопреле само во овие две села, туку започнале систематска акција за пронаоѓање на оружјето и во другите лерински села. Едновремено со претресите, заплашувањето и теророт, на селаните им биле дадени рокови за предавање на оружјето. Притоа, најмногу настрадале селата: Арменско, Петрско, Екши-Су, Церово, Зелениче, Ајтос и Суровичево.

Трсјенската провала силно ја затресла организационата мрежа во Леринско. Покрај репресалиите и судењата, загуби на мачно стекнатото оружје итн., особено тешка последица била деморализацијата што го зафатила населението во Леринско. Пред опасноста дека ТМОРО тука ќе биде разоружана и со тоа обезглавена, Марко Лерински решил да преземе некои акции со кои ќе го сопре одземањето на оружјето и ќе го подигне борбениот дух и морал на населението. Првиот чекор кон таквите акции бил насочен кон ликвидирање на предавниците по селата. Меѓу овие предавници бил и Стефан П. Петров од Екши-Су. Марко Лерински подолго време се сомневал дека Стефан вршел предавства заедно со некојси "Мравката" од Екши-Су. За таа цел, според кажувањата на Анастас Лозанчев, Марко неколку пати барал со писмено обраќање Окружниот комитет од Битола да заземе конечен став. Меѓутоа, најповеќе заради врските со братот на Стефана - Сребрен, Окружниот комитет го одлагал разгледувањето на тоа прашање. Конечно, на Марко му било сугерирано да го испита случајот на самото место и да го извести Окружниот комитет. Но, истовремено, Марко добил белешка од Даме Груев, со која му било посочено да не презема ништо во Екши-Су и да го остави селото. Марко Лерински бил револтиран од ваквиот дуализам во наредбите, така што тој престанал да го консултира Окружниот комитет за своите постапки259.

____________________________________

249-За предавничката улога на Коте Христов подетални податоци дава Ангел Андреев, четник во четата на полковник Тома Давидов. (Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г. Папнчев, Л. Димитров, Скопје 1997,313-334).

250-Освободителната борба въ Костурско. По спомени на Пандо Кляшевъ, София 1925,76.

251-Спомени на С. Арсов, П. Кљашев, Л. Џеров, Г.П. Христов, А. Андреев, Г. Папнчев, Л. Димитров, Скопје 1997, 169-230; Д. Димески, Леринските провали во 1902 година, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Том I (27), Скопје 1975,73-98..

252-Хр. Силяновъ., Освободителнить борби на Македония, т. I,139.

253-За случајот на Коте Христов види поопширно кај: Д. Димески, Делчевата мисија во Костурско и Леринско, 36. Гоце Делчев", Скопје 1973,200-201.

254-Освободителната борба..., София 1925,76.

255-Кљашев, бележи дека пред убиството на Геле, во текот на ноември 1902 година, војската во Статица "го фати Коле Славчето, бивш четник на Коте, кој им кажа за пушките, имаше вкупно 30. Аскерот ѕверски измачуваше 12 души кои подоцна лежеа в затвор во Костур, се до амнестијата, во февруари. Пушките беа скриени в планина, за да не дојдат во рацете на Турците. Но, Геле Трсјански, другар на Коте, една ноќ, по Трсјанската афера (19 мај 1902) влегол во селото, ги фатил нашите луѓе кои беа задолжени за пушките и со сила ги зел и ги оставил пушките кај Коле Славчето. Потоа Коле ги предаде на Турците" (Спомени на С. Арсов, П. Кљашев,..., 237.)

256-Хр. Силяновъ, Писма и изсповьди на единъ четникъ, София 1927,166.

257-Трсјанските жени организирано отишле кај валијата да се пожалат за теророт но биле протерани за да не се дознае пошироко за репресалиите што ги претрпеле во нивното село. Но веќе било доцна зашто странските конзули дознале за настанот (Вьсти и бьльшки, Солунь, 2 юний, в. Дело, 1/22, София, юний 1902,2).

258-Македония и Одринско, Мемоар на Внтрьшната организация, 1904,65,

259-Документарно одделение на ИНИ, Спомени на Ан. Лозанчев, ракопис, сл. IV. 84,13.

ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА
Автори Виолета Аковска и Никола Жежов

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4042 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 21 октомври 2017
Моментно посетители: 90

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
 “Перфидии” - воени подлости
--------------------------------
 Преп. мајка Синклитикија
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: