Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Димитрија Чуповски
Чуповски како Претседател во борбата со пропаганди
Сподели на Facebook

Другарството секоја недела држи седници и се разгледуваат реферати, првенствено од минатото и современата состојба на Македонија. Најзначајните седници се непосредно по Илинденското востание.

Мисирков се враќа во С.Петербург, се подготвува книгата “За македонцките работи “ и по решение на Другарството авторот патува за Софија да го напечати но и да формира македонско национално -литературно другарство. 

„За Македонцките работи“ подготвена во Санкт Петерсбург и по одлука на Другарството објавена во Софија 1903 година

 16.XII.1903 год. Чуповски како Претседател, заедно со седуммина потписници поднесува молба за регистрација на подготвениот “ Устав на Словеномакедонското научно-литературно другарство во С.Петербург “, чиј Чл.1 ги определува целите на Другарството и тоа:

• да ја развива меѓу Македонската колонија во С.Петербург, македонската национална свест;

• да ги изучува јазикот, песните, обичаите и историјата на Македонија во етнографски и географски поглед;

• да ги промовира и обединува сите Македонци, без разлика на нивното образование и убедување, во името на нивното исто потекло и единството на нивната татковина, и

• да го шири сето горекажано меѓу Македонците во Македонија и надвор од нејзините граници (во странство).

Сета ова дејност на Другарството да се изразува:

• во организирање собранија и предавања;

• во читање реферати, раскази, стихотворби и др.;

• во собирање народни умотворби и историски споменици за Македонија;

• во духовна поткрепа на своите земјаци, особено при нивното прво доаѓање во Русија, и

• во помагање и развивање заемни односи со другите словенски друштва и кружоци, како и со одделни словенски дејци.


Уставот од 1903 година на Македонското Другарство од Санкт Петербург

Другарството раководено од Чуповски ја засилува македонската национална мисла и борба до кадешто допира постојано надоградувајќи се и подготвувајќи се за борба со туѓите пропаганди. Од рефератите и предавањата на седниците кон крајот на 1903 и почетокот на 1904 год. ова добро да се увидува:
 
• Д.Д.Чуповски во реферат од крајот на 1903 год. “За вековната национална самобитност на Македонските Словени”.

• Филип Николовски со реферат  “Какви причини ги тераат Русите и воопшто патешествениците и етнографите да ги смешуваат Македонските Словени со Србите и Бугарите“.

• Никола Ничота “За српската пропаганда во Македонија и нејзиното гибелно влијание врз народот“.

• К.П Мисирков држи три предавања за разорноста на туѓинските пропаганди врз македонскиот народ и.т.н

Ова е само мал дел од се она што Другарството на чело со Д.Чуповски постојано го засилува до жестока ревност во годините кои следат. Особено се развива жестока дипломатска активност:

• се водат тајни дипломатски контакти меѓу Другарството и Австро-Унгарската и Турската амбасада во С.Петербург на кои пак им се изложени програмските цели за што овие наоѓаат разбирање секој од свои сметки.


Од 1904 година па понатаму во Македонија постојано се уфрлаат чети од соседните монархии

• тие сметки се од засилените четнички уфрлања на Србите, Бугарите и Грците во Македонија (1904/05 год.) и нивната затскриена поддршка од руско-британско-француските интереси кои го разгоруваат падот на Турција во овој дел на Европа.

• по контактите со Австро-Унгарската и Турската амбасада, двајца членови од Другарството со издејствувана дозвола од турските власти, заминуваат во Македонија за да подготват отварање на училишта со македонски јазик.

• Само што почнуваат двајцата да делуваат во Македонија веднаш 34 македонски села поднесуваат писмени барања за училишта со македонски јазик па се подготвува Буквар на македонски јазик и други потребни книги.

1905 год. пролетта  Другарството е охрабрено од ова па во Македонија лично доаѓа Претседателот Д.Чуповски и подолго престојува во клучните градови од македонската централна артерија: Солун – Велес – Скопје.

• не мируваат балканските монархии со крвавиот четнички пир по Македонија. Штети трпи и ВМОРО која е веќе дезорганизирана и дезориентирана, нејзините чети се потешко излегуваат на крај со се побројните чети од алчните сосетки.

• Цел е и умот на македонската национална борба, се убиваат напредните дејци, интилегинцијата, водачите и војводите на македонскиот народ кој ионака по востанието од 1903 год. е незакрепнат. И Чуповски е мета на анпади па едвај спасува глава.

• Дека балканските монархии се од подржувани од Русија, Франција и Британија се гледа што во овој период “случајно” и на Чуповски му се стопира стипендијата и се брка од Универзитетот во С.Петербург се со цел да остане без средства за живот а камо ли да движи, организира и контактира.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6585 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,33 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Преп. Григориј Синаит
--------------------------------
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: