Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7091
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Димитрија Чуповски
Чуповски во меморандуми, протоколи и заседанија
Сподели на Facebook

12 ноември 1902 год - Програмата на Македонското студенско другарство во Русија, најкомплетно ја наоѓаме во Меморандумот до Советот од Спб. Словенско благотворно друштво од овој датум, потпишан од Дедов и Мишајков.


Стефан Ј. Дедов потписник на Меморандумот од 1902 година

- “Словенството“ како нагласок во актите е разбирливо ако се имаат предвид околностите и насловот до кого се обраќаат но македонската национална мисла е прејасна. Зад словенството како воопштена и ненационална форма тие ја затскриваат слабата позиција при немање македонска држава.

- Основна задача на Другарството е: “да содејствува за ослободувањето на Македонија во политички, национален и црковен однос“. Главни пунктови на програмата се:

• 1) “Под национална слобода ние подразбираме отстранување на националните пропаганди од Македонија и наместо тоа воведување едно од македонските наречја на степен на општ македонски литературен јазик“.

• 2) “Интересите на словенското население во Македонија можат да бидат обезбедени во натамошната судбина на оваа земја само со развивање на еднаквата словенска национална свест кај Македонските Словени, па природно во интерес на последниве е отстранувањето на српската и бугарската пропаганда од Македонија и воспостваувањето на Македонците во духот на нивниот роден јазик, нивното еднакво минато и иднина“.

• 3) “Неопходно е и духовно обединување на Словените во Македонија во едно цело за да бидат подготвени во секој случај да им дадат отпор на надворешните навлегувања... ние сакаме грчките, српските и бугарските епископи во Македонија да бидат заменети со епископи земјаци што би биле потчинети на Патријаршијата преку архиепископ, чии канонски односи со Патријаршијата би биле приближно такви, какви што се, на пример, односите на постојаните сега автокефални православни цркви“.

Барањата на Другарството се систематизирани во четири точки:

1. “Признавање на Македонските Словени од страна на Турција како одделен народ со одделен литературен јазик рамноправно со турскиот станува официјален јазик во трите вилаети на Македонија: Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот и признавање на самостојна црква.“

2. “Назначување еден Генерал-губернатор и еден негов помошник за овие три споменати Вилаети. Генерал-губернаторот може да биде турски државјанин од господаречката националност во овие три вилаети земени заедно, анеговиот помошник од помалку застапените народности.“

3. “Месно изборно народно собрание и дарување на Македонија органски статут од неговото Империјаторско В.Султанот.“

4. “Исполнувањето на правата на Македонија подарени од Н.И.В. Султанот се гарантираат од Големите европски држави” и.т.н

Оваа програма според потписниците “може да се реализира тихо и мирно, по еволутивен пат”, кое нешто и не се спротивставува на официјалната руска политика, но исто така се нагласува дека “таквата Македонија ќе биде единствената држава на Балканскиот Полуостров што целото свое внимание ќе го сврти кон својот внатрешен живот, нема да има никакви завојувачки планови, нема потреба да се плаши од своите соседи бидејќи нејзиното постоење како одделна држава ќе биде обезбедено од Големите сили.”

29.XII.1902 год.
– на Заседанието од Другарството по излагањето на Д.Д.Чуповски се врши:

• определување на границите на Македонија што ќе најдат одраз и во првата македонска национална карта отпечатена од Чуповски по 10 години.


Картата на Македонија од 1913 година во границите кои Другарството ги определува 10 години предходно

• По предлог на Чуповски се воведува и посебна книга распределна по графи каде се внесуваат “карактеристични зборови“ од македонскиот јазик кои би се преведувале и на туѓинските јазици – бугарскиот, српскиот и рускиот. Ова е со цел да се покаже дека македонскиот јазик е дури и поблизок до рускиот, спротивно на јазичните тези од српската и бугарската пропаганда.

• Се завзема став кој подоцна се спроведува и во пракса вакви македонски другарства да се отвараат и по другите универзитетски центри на тогашна Русија, заради и што патуваат братот на Димитрија – Наце Димов како и извесниот Македонец со име Трајко (?!) во Москва, Киев и Одеса.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6471 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 02 декември 2016
Моментно посетители: 112

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Анексија
--------------------------------
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: