Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Димитрија Чуповски
Чуповски зрел македонски револуционер
Сподели на Facebook

1900-1905 год. е посебно важен период од развојот на Чуповски во зрел македонски револуционер и национален деец-научник.

Најпрвин тука е формирањето на Македонското научно-литературно другарство кое низ разни фази на своето постоење ќе се одржи цели 17 години издигнувајќи се како највисока и најзначајна македонска национална, културна, научна и политичка институција до II Св. војна. Ова другарство ќе ја има улогата на Македонска матица но и како своевиден претходник на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). За ова Чуповски ќе каже:

“Уште долго пред тоа (пред 1900 – з.н) во Русија почнаа да доаѓаат млади луѓе од целиот Балкански Полуостров за да стапат во разните специјални учебни институции што ги немаат во својата татковина. Сред нив имаше не малку од Македонија. Последниве, како луѓе што добиле воспитание во туѓи национални училишта (српско, бугарско, грчко) остануваа во туѓината идејно необединети. Неопходна беше работа во туѓината за нивното обединување...
 
Уште во првата година по моето доаѓање во бившиот Петроград се наложи од МАКЕДОНЦИТЕ што беа овде да се организира револуционерно настроено земјаштво под името Словеномакедонско другарство, единствено во Русија национално-политичко обединување што дејствуваше врз идејните основи на ВМРО што ја прогласи борбата за независност на Македонија“.


1901 год. Чуповски како што пишува крушевчанецот Д.Тримчевски, дошол и во Крушево и пламено ја бранел “идејата за самостојна Македонија од бугарофилите и србофилите “ и како “со одушевување” го слушале младите крушевчани (Д.Тримчевски, Писмо од Крушево, Македонски Глас, II, 9 од 02.III.1914, 16).


Насловната од Македонски Глас, II, 9 од 02.III.1914

1901 год.-септември, Чуповски оди во Белград и Софија и лично го следи растот на македонското национално движење при што ги запознава Македонците таму со дејноста на Македонците во Русија. Се разменуваат искуства и завземаат правци за сеошта македонска борба.

Чуповски се претплатув на в. “Реформи” (зачуван е примерок на негова адреса “Les Reforms“- IV, No 2, 02. II.1902) но и на други македонски весници што излегуваат на Балканот и постојано го следи националното македонско движење во Македонија и меѓу емиграцијата. И неговите браќа се активни во револуционерната борба на македонскиот народ.

Браќата на Димитрија во ова време се во македонското национално емиграционо “осило”- хотелот “Родопа“ во Софија каде се постојано и еден Стефан Јаќимов Дедов и другите од неговата група. Семејството дејствува и во Русија, каде на релација Одеса-С.Петребург е посебно активен братот Наце.Димитрија оди и во Русија каде се запознава изворно од брата си за македонското национално организирање (зачувана е фотографија од браќата од 13.VIII.1902 год.)

Од 1901 год и во Белград “врие” македонското национално движење пред се преку кружокот од македонски студенти, ученици и други емигранти во Србија. Во раната пролет 1902 год. во Белград е отворен “Словенски клуб” но Македонците веднаш побрзаа да отворат засебен “Македонски клуб” и низ формите “читалиште”, “кружок”, “клуб” бараа начин на легална работа.

1902 год., јуни, почна издавањето на “Балкански гласник“ орган на “Македонскиот клуб” на српски јазик и француски уводи, со што делумно се камуфлира пред српските власти, а внатре се удрија за првпат основните принципи на т.н.р “македонски сепаратизам“ : македонска посебна нација, посебен македонски литературен јазик и со фонетски правопис, автокефална македонска црква и автономија во рамките на Турција.

Србите со голем шум против македонското движење во Србија по осмиот број “Балкански гласник“ го забрануваат а редакторите Стефан Јаќимов Дедов и Дијмандија Трпков Мишајков ги прогонуваат. Тие пак во октомври 1902 год. на препорака од рускиот пратеник во Белград, стигнуваат во престолнината на Русија каде јавноста редовно го следеше нивниот весник па ги пречека со симпатии. Тука Димитрија Чуповски и Крсте П. Мисирков се придружуваат на Стефан Ј. Дедов и Дијмандија Т. Мишајков со што се собра прекален македонски национален стожер.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8334 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,42 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 27

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Св. Маченик Нестор
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Минерал МАКЕДОНИТ
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: