Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Димитрија Чуповски
Димитрија Чуповски во раната младост
Сподели на Facebook

1878 год. во с. Папрадишта е роден Димитрија Димов Павле – Чуповски, како дете посмртче по убиството на татко му Димо Павлев Чупоски.

Израсна во колосален македонски син од првиот ред, македонски револуционер, научник-историчар, етнограф, картограф, публицист, политичар, културен деец, дипломат но и врвен пропагандист на македонското дело и вистина.


Димитрија Чуповски

Син на македонскиот народ кој целиот живот го посвети на македонската борба,Чуповски е и превосходен организатор на македонската национална мисла во текот на пресудно важните први четири децинии од XX век. Што знаеме за ова големо македонско име ?

1888 год. на 10- годишна возраст Димитрија со мајка му Ката и бројните и деца се селат во Крушево (родното Папрадишта во оваа година е изгорено). Таму Димитрија учи молерски занает и по 2 години со еден од браќата заминува за Софија.

Софија - центар на новата држава Бугарија ослободена од Русите, интензивно се гради но и управува од нив.Три години Чуповски работи како молер. Посетува и вечерно училиште за Македонци-емигранти, организирано од познати македонски револуционери и дејци околу Даме Груев, Петар поп Арсов, Крсте П.Мисирков и др. кои во почетокот на 1890 год. пребегаа од Белград во Софија.

1892 год. формираната од нив “Млада македонска книжевна дружина” почнува со издавање печатен орган “Лоза“ и веднаш предизвикува бури во Бугарија. Почнува прогонот на Македонците кои работеа на македонското национално дело, толку засебно од бугарските стремежи.Чуповски во 1892 год. бега во Белград а се забрануваат и в.“Лоза” и дејноста на Лозарите.

1890-1893 год. - период на македонска национална борба која еруптира со сета сила. По “Лозарите“ и македонските великодостојници со Теодосија Гологанов, водат борба за македонска црква а Бугарите ги кодошат кај турските власти со цел спречување црква за македонскиот народ. Костур пак е жариште на училишната борба, таму се пишува македонската граматика и се воведува македонскиот јазик во училиштето и администрацијата. Во Солун се подготовува основање на ТМОРО, организација на македонскиот народ за национална и државна самостојност. (во Лондон пак е формиран Централниот национален комитет за автономија на Македонија и Албанија и.т.н.)

1892 год., втора половина, Димитрија се префрла во Белград каде работи како молер но и постојано се надообразува. Учебната 1892/93 год. се запишува во III одделение на вечерното Светосавско основно училиште а подоцна преминува во I клас на Подготвителното Светосавско вечерно училиште како специјализирано за образување кадри на Учителската школа во Белград, кое Димитрија и го завршува.

За ова училиште подоцна ќе пишува дека било “отворено во тоа време од Србите специјално за работниците Македонци и за децата од Стара Србија и од Босна. Училиштето имаше отворено шовинистички карактер и имаше цел да создава српски етнографски елемент. Овде јас првпат бев поставен да настапувам во улогата на заштитник на својата татковина - Македонија“

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8229 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 7

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: