Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7113
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски национални движења
Кресна и Разлог (1878/79)
Сподели на Facebook

Од одлуките на Берлинскиот конгрес македонскиот народ е разочаран, огорчен и револтиран.

Од тоа и востанието на кое му претходи и едно собрание од 50-60 поистакнати Македонци, од македонската емиграција во Бугарија. кои се во контакт со егзархиските кругови. Барајќи излез од новонастанатата ситуација а под форма на добротворен комитет за помош на бегалците од Македонија тие започнуваат да организират востание.Меѓу нив се Васил Диамандиев, Методи Кусев, Димитар Карамфилович, Коста Шулев, Димитар Македонски и др..
Во текот на август кон нив се присоединува и епископ Натанаил Охридски.
Организирањето вооружени акции во Македонија му е доверена на Охридскиот митрополит Натанаил. Под негова команда се голем број бивши доброволци Македонци. По подготовките, во септември 1878 г. од реонот на Ќустендил има обид да се уфрли една чета во Македонија, но без успех.По ова Натанаил бара да воспостави контакт со водачите на внатрешното движење, особено со дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев-Беровски. По консултациите со нив, во Рилскиот манастир (08.09.1878), но и со водачите на локалните чети во Горна Џумаја, е решено да се обединат сите чети под командата на војводата Стојан Карастоилов од с.Старчишта, Неврокопско.Решено е и со акциите да се почне во реонот на Кресненската Клисура.

Востанието започнува на 5 октомври (с.с.) 1878 г., со напад на околу 400 востаници врз турскиот гарнизон во Кресненската клисура. По 18-часовна борба, целиот состав на турскиот гарнизон од 119 војници и два офицери е заробен, а заземени се и селата Влахи, Оштава и Ново Село. Востанието брзо се шири и по левата и десната страна на р. Струма со заземање на селата Мораска, Брезница, Будилци и Сливница. Востаниците дошле во непосредна близина на Берово и Петрич, а друга група го блокирала гр. Мелник.
Кресненското востание во првите 10-15 дена во рамките на Серскиот санџак активно опфаќа пет околии: Џумајска (Благоевградска), Мелничка (Санданска), Петричка и делумно, Демир Хисарска и Пехчевска. Во почетокот на ноември тоа се шири и во Мехомиска (Разлошка) околија.

Џумајската околија, која практично е напуштена од турската војска поради присуството на руската војска во Горна Џумаја, фактички била оперативна зона на востаниците. Во неа се врши концентрација на востаничките сили. Територијата што во првата половина на октомври ја ослободиле востаниците ги опфаќала Мелничка, Петричка и Пехчевска околија
Во Пехчевска околија, со сигурност може да се каже, било ослободено Берово.
Во целина востаниците покрај наведените пет околии по проширувањето на борбите и во Разлошко и ослободувањето уште 7 населени места , вкупно ослободиле 54 населени места со околу 32 илјади души население.

Настојувајќи да ги одрази стремежите на Македонецот за слобода и самостојност, раководството на востанието изработило „Правила на македонскиот востанички комитет“. Тоа е вистинска национално-политичка програма, со определени карактер и суштина на Кресненското востание – борба за самостојност на востанието како услов за извојување на сопственото ослободување и создавање на своја македонска држава.

Тоа и влијаело востанието да е прифатено со воодушевување од македонскиот народ – внатре и надвор од земјата. Приливот на востаниците е толку голем што не можело да се наваса со оружје. Димитар Поп Георгиев бара 2-3.000 пушки, но секогаш добивал минимално количество, што довело и до првите конфликти меѓу месното раководство на востанието и комитетот „Единство“.
Меѓутоа, заедно со успесите, се и првите судрувања меѓу востаниците и претставниците на комитетот „Единство“, чии последици се трагични
.

Од раководството на востанието се отстранети претставниците на Комитетот, и тоа целосно поминало во рацете на внатрешните.
Не можејќи да допушти раководството на востанието да се отргне од неговите раце, Комитетот презел енергични мерки неговите претставници да се вратат во раководството во Кресна. Намерата е спроведена со драстични средства. За да ја осигураат својата власт над востанието, претставниците на Комитетот го уапсиле Беровски и го ликвидирале војводата Стојан од Петрич. Настапила криза во востаничките редови
. Ползувајќи се од настанатите судрувања меѓу востаниците, турската војска ја повратила ослободената територија од левата страна на Струма.

Следејќи ја својата тактика на повеќе места да се подигнат немири, Комитетот „Единство“ наредил на 8 ноември 1878 г. да се нападне градот Банско во Разлошката котлина. Во првиот налет од Банско биле истерани турските војници, но востаниците не успеале да завладеат со целата котлина.
И покрај храбриот отпор на месното население, по девет дена акцијата во Разлошко пропаднала.
Поради меѓусебните пресметки и опасноста востанието да пропадне, Натанаил повторно го вратил уапсениот Беровски во секторот на Кресна.
Тој своето внимание го сконцентрирал на секторот на Каршијак, каде организирал востаничка селска власт.
Но, Беровски не останал долго бил повторно уапсен од агентите на Комитетот „Единство“ и засекогаш отстранет од востанието.

При крајот на април 1879 г. османската војска ја завладеала слободната востаничка територија. Потоа, кон крајот на мај, истата година биле распуштени и четите што се наоѓале на бугарска територија.
По задушувањето на Кресненското востание, за што не мал придонес имаат големите сили, а во прв ред Англија, која и директно, преку давањето материјална помош на Османската империја, се ангажирала во неговата ликвидација, внатрешните немири не престанале.

КРИК ПРОТИВ ВЕКОВНИОТ ЈАРЕМ

На чело на сите востанички формации стоеше Штаб на македонските востаници со учество на повеќемина војводи кои го избраа Димитар Беровски за свој Началник. Штабот располага со сопствен печат што го носеше називот "Печат на началникот на Штабот на македонското востание, 1878 г.", со што всушност беа одредени името и карактерот на востанието. А целта на македонското Кресненско востание најдобро се согледува преку  "Правилата - Уставот на Македонскиот востанички комитет", напишан во 1878 г.

"Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме како македонска војска на Александар Македонски, за слободата, со нашата девиза: Слобода или смрт!".

Раздвижувањата на народите на Балканот кон крајот на ХIX век резултираа со таканаречената Источна криза која ја иницираше Цариградската амбасадорска конференција на големите држави (1876-1877).
Bидејќи основните проблеми на источното прашање не се решени, наскоро по Цариградската конференција избувна Руско-турската војна (1877-1878). Во неа активно учество зедоа македонските доброволни единици што ги поминаа сите жестоки битки во Бугарија но и македонското востани. Тие се споија со вооружените формации на Димитар Поп Георгиев Беровски што ги држеше уште од Разловечкото востание.

Војната заврши со Санстефанскиот прелиминарен мировен договор од 3 март 1878 г., по кој дојде и Берлинскиот договор кој Македонија повторно и ја врати за полно владеење на Турција. Со таквиот однос Македонците повторно беа измамени, напуштени, па револтирани од Санстефанските и Берлинските решенија. Ни во двата не се предвидуваше слобода и државност за македонскиот народ , но се ставаа под Бугарско или Турско ропство. Затоа уште кон крајот на 1878 г. го креваат познатото Кресненско македонско востание.

ВОСТАНИЧКИ ПРЕВИРАЊА

На 5/17 октомври 1878 г., четите на војводите Димитрија Беровски и Стојан Карастоилов со 400 востаници го нападнаа гарнизонот во с. Кресна, поради што и го добива името Кресненско востание. Основани се повеќе востанички чети и донесени се решенија за создавање коњица, за отворање касарна и сл.

Штабот на востанието се однесува како легитимен и единствен претставник на македонскиот народ. Освен со административно-политички прашања, Штабот се занимаваше и со воени задачи и вршеше функција на привремена востаничка македонска влада. Беа основани и највисоките органи на цивилната и воената заштитна власт: полициско начелство, старешински совет, селски милиции, месни старешини и сл.

Софискиот комитет "Единство" испраќа свои емисари (Калников, Војткевич и др.), во обид да предизвика незадоволство и расцеп во редовите на раководството. Нивниот обид тоа да го сторат со мирни средства ќе се покаже неуспешен поради отпорот што го даваа востаниците, па затоа на спиење ќе ги убијат војводата Карастоилов и неговите најблиски соработници , а началникот на Штабот на востанието, Димитар Беровски е затворен.

Ова ќе ги деморализира востаниците па има осипување на четите. Времениот избор на Мирослав Хумбаер на чело на новиот штаб не ја подобрува состојбата. Затоа, на 6 јуни 1879 г., Митрополитот Натанаил Кучевишки, кој за цело време на востаничкиот период игра посредничка улога, заповеда четите да се расформираат, а пушките и муницијата да се собираат и да се складираат. Со тоа заврши и востанието.

НАЦИОНАЛНА ИДЕЈА

Карактерот на Кресненското востание најдобро се гледа од "Правилата - Уставот на македонскиот востанички комитет" од 1878 г.

"Познато ни е на сите нас дека злосреќната земја Македонија поради причини на егоистични цели од страна на големите сили, е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа во одделни области на нашата татковина дојде до многу крвави сцени, познати секому. Во желбата да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку што може, станавме да се жртвувавме, бидејќи секому од нас ни е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт!".

Македонскиот востанички комитет јасно ја дефинира "Целта на Востанието во Македонија" во девет точки и ги дава "воените правила за македонската војска, каде што во 130 члена се озаконува целокупниот ред, и тоа не само во востаничкиот состав.

"Македонската востаничка војска, освен од редовни востанички сили, се состои од целото македонско население во ослободените и неослободените краишта, па секој на некаков начин е македонски војник: машко или женско, стар или млад, должен е колку што може и со што може, да му помага на востанието... Откако се уверивме дека не е можно да се крене Востанието во сите делови на Македонија, ние решивме да се дигне локално востание во Источната област, и ослободивме многу села и населени места со внатрешни сили. Меѓутоа, пред нас стои големата задача да ја ослободиме целата наша татковина Македонија. Ние сега водиме герилска војна со турците, но имаме намера да испратиме востанички чети внатре во Македонија за да се крене востание и таму".

Печат на началникот на штабот на Кресненското востание

Понатаму во текстот се направени анализи, распоредби на војводите и четите што треба да отпатуваат во др. реони на Македонија.
Карактерот на Кресненското востание се гледа и во членот 132, но и во последниот дел од документот (чл. 182-211) што ја одредува и надворешната политика на Востаничкиот комитет и ги дефинира односите со соседите и со големите сили.

Член 132:
"Нашето македонско востание е внатрешно и ние го водиме со свои сили, па блиските окрузи во Бугарското Кнежество немаат братски пристап и нашите пратеници ги враќаат без да им дадат оружје, бидејќи ние немаме достапност за да можеме да им помогнеме на нашите браќа Македонци внатре во Македонија
".

Член 134:
"Македонците што живеат во туѓина и сакаат да го помогнат ослободувањето на својата мила татковина од ропството, можат да земат учество во востанието ако понесат со себе оружје и облека".

Член 182:
"Македонското востание е внатрешно, но тоа не може да успее ако не ја убедиме Европа за нашата ослободителна борба. Востанието пред европските држави ќе го претставува Македонскиот востанички
комитет и луѓето што тој ќе ги определи надвор од Македонија".

Член 190:
"Со окружни писма до сите добротворни комитети до Европа да се испрати еден мемоар за неопходните нешта за поткрепа на Македонското востание. Во мемоарот ќе се искаже нашата вера во правдината и користа на нашето свето дело: Ние не се очајуваме, но продолжуваме да работиме енергично и неуморно за постигнувањето на нашата цел - ослободувањето на Македонците од турското ропство, бидејќи турската власт не сака да го приложи членот 23 од Берлинскиот договор".


Член 194:
"Нашите Македонци, дедовци и татковци, се бореа и си ја пролеваа својата крв за слободата грчка и српска, за ослободувањето на Бугарија, не пожалија живот за општата слобода наша. Сега е време тие да се покажат како вистински потомци на славните свои ослободители и следбеници на своите врсници да им помогнат за ослободување на Македонија од петвековното ропство".

Член 208:
"Македонскиот востанички комитет озаконува сите Македонци да ги исполнуваат наредбите на овие Правила - Устав без поговор до ослободувањето на Македонија и до донесувањето на мирновременскиот Устав на автономна Македонија".


Ѓорѓи Пулески, учесник во Руско-турската војна, војвода и член на Главниот штаб на Востанието, низ посебни изданија во Софија ги објавува: првата револуционерна поема на македонски јазик "Самовила македонска" и првата одделна стихозбирка на македонската литературна историја "Македонска песнарка". Во нив јасно ја изложува националната идеја - созадавање одделно "Кралство Македонија" како продолжение на државата на Александар Македонски".
.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5014 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,55 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 08 декември 2016
Моментно посетители: 68

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најраните почетоци на кино културата во Македонија
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 Што е ансамбл?
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: