Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски национални движења
ПРВАТА ФАЗА НА КРЕСНЕНСКО ВОСТАНИЕ
Сподели на Facebook

Првата фаза на Македонското (Кресненско) востание започнала со првата борба.

Во моментот кога востаниците дошле сосема близу до турските положаи, започнала вооружената борба.
Турците испукале три куршуми, а Стојан им извикнал на востаниците да залегнат наместо и лазејќи да се распоредат.
Се слушнал плотун од турските ровови, но никого не погодил.
Потоа бил отворен оган од двете страни.
Кога започнала борбата, во помош на востаниците пристигнале неколку стотини селани од Кресна, Влахи, Ошчава и други кресненски села.
Стојан војводата директно раководел со борбата.
Успеал да ги обиколи Турците и да им го прекине снабдувањето со храна, вода и муниција.

Овековечен успех


Капитулацијата на турската војска пред македонските востаници била глетка која што македонскиот народ со векови ја очекувал.
Турските офицери и војници ги оставиле оружјето и воената опрема на куп.
При крајот на воените дејствија пристигнал и Калмиков.
Турските офицери побарале заробената турска војска да ја предадат на руските сили во Бугарија

Востаничкиот обрач се повеќе се стеснувал и, кога дошле на 50 чекори од турските ровови, Стојан војвода, откако ги презел дополнителните мерки против евентуално бегство, им предложил на Турците да се предадат.
Мислејќи дека се работи за некоја арамиска чета која сака да ги масакрира, тие занемеле од страв.
Меѓутоа, турскиот командант јузбашија (капетан) кога видел дека се работи за организирана и добро раководена востаничка војска, наредил турските сили да излезат од рововите и да се предадат.
Капитулацијата на турската војска пред македонските востаници била глетка која македонскиот народ со векови ја очекувал.
Турските офицери и војници ги оставиле оружјето и воената опрема на куп.
Пред крајот на борбените дејства, пристигнал и Калмиков.
Од него турските офицери побарале заробената турска војска да им ја предадат на руските сили во Бугарија.
Плашејќи се од казни, не сакале да бидат испратени во Турција.

Во тоа време во Кресна се наоѓале два буљука (баталјона) турска регуларна војска.
Борбата меѓу востаниците и турската војска траела 18 часа.
Загубите кај македонските востаници изнесувале еден убиен и тројца ранети.
Турската војска имала девет убиени, 11 ранети, а биле заробени 119 војници и два офицера.

Освен тоа, биле запленети над 100 пушки, 13 товари муниција и 13 коњи.
Во битката кај Кресна особено се истакнал Стојан војводата, кој, покрај извонредната борбеност, храброст и јунаштво, се покажал и како голем познавач на воената вештина и бил душа и глава на востаничките сили.
Востаничкото раководство одлучило заробената турска војска да ја испрати во Горна Џумаја и судбината да им ја реши Џумајскиот комитет Единство, кој, пак, ги упатил до Софискиот комитет.
На 8 октомври 1878 година, егзархискиот митрополит Мелетиј испратил писмо до Џумајскиот комитет Единство во кое строго се напоменува дека судбината на заробените Турци треба да ја реши водачот на востанието, а не вашиот комитет.
Со тоа Мелетиј недвосмислено докажува дека востаниците се самостојна македонска вооружена сила и дека немаат никаква врска со бугарските благотворителни комитети.
Со тој проблем била запозната и руската управа, односно лично Дондуков-Корсаков.
На крајот турските заробеници биле ставени во надлежност на востаниците, чие раководство, покрај сите други проблеми, морало да се грижи за турските заробеници па и да ги издржува.
Непосредно пред борбата во Кресна, дошло до несогласување меѓу првиот војвода на востаничките сили, војводата Стојан Карастоилов и командантот на востанието, мајорот Адам Калмиков.
Во прашање биле разликите на планот за напад.
Се покажало дека Стојан војводата бил во право, поради што му пораснал авторитетот кај востаниците.
Калмиков тоа не му го простил до крајот на животот.
Димитар Поп Георгиев Беровски, кој учествувал во таа битка, командата му ја препуштил на војводата Стојан, а самиот се занимавал со штабните должности, односно со организирањето и снабдувањето на востанието.
На 6 октомври, испратил писмо до благотворителните комитети во Џумаја, Софија, Дупница, Ќустендил и на други места, во кое јасно нагласува:
Ние македонските востаници го следиме своето дело, а потоа ги известува за резултатите на борбата и дека борбата се продолжува кон селата Мелнички.
Во истото писмо било предложено во селото Србиново да се формира посреднички пункт меѓу востаниците и комитетите, во кои ќе се собира оружје и опрема, да се формира логор за заробените Турци и болница за ранетите востаници.
Разочарани од македонската определба на Беровски, комитетите не го прифатиле овој предлог.

ПОБЕДА ПО ПОБЕДА

По заземањето на гарнизонот во Кресна, востаниците ја искористиле збунетоста кај турските сили, па брзо напредувале во освојувањето на други села.
Истиот ден било ослоодено селото Оштава, а по жестоката битка на 7 октомври го зазеле и селото Влахи.
Борбата кај селото Влахи се водела меѓу востаниците и два буљука (баталјона) редовна турска војска, вкупно околу 500 аскери, покрај нив и башибозучки формации.
Тие биле испратени од Мелничкиот гарнизон да го задушат востанието.
Во селото Влахи турските сили запалиле 20 куќи.
Меѓутоа, востаничкото раководство ги засилило своите чети со уште 150 борци и успеале да ги разбијат турските сили.
Четири турски аскери и командантот биле убиени, голем број биле ранети и заробени а по 13-часовна борба селото Влахи било ослободено.
На 8 октомври било ослободено и Ново Село, а потоа востаниците се префрлиле на десниот брег на реката Струма.

Борбата кај Влахи била втората голема победа на востаниците, која го подигнала борбениот морал и ја зголемила бројната состојба на востаниците.
По тие успеси, започнало организирањето на востаничките сили според воените правила и принципи, односно создавањето на македонската востаничка војска. Биле формирани Штаб на востанието како највисоко раководно тело, и команда на востаничките сили.
Самите борци се нарекувале востаници.

Преку Разловечкото, Пијанечкото, Кумановското, Кривопаланечкото востание и учествувајќи со бројни доброволни чети во српско-турската и руско-турската војна, Македонскиот народ имал силни придонеси во разрешувањето на Источната криза.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7072 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 20 април 2024
Моментно посетители: 21

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: