Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7098
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски национални движења
ПОЧЕТОКОТ И РАЗВОЈОТ НА КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕТО
Сподели на Facebook

Раководството на внатрешните македонски сили на состанокот во Рилскиот манастир во летото 1878 година донело решение за кревање востание во Македонија.

Врз основа на тоа решение, македонското востаничко раководство во есента 1878 година донело одлука да се повикаат сите вооружени ајдучки, востанички и доброволечки чети и поединци од цела Македонија и да се стават под раководство на Македонскиот востанички комитет.

Присуството на руската војска на ослободената територија во Ќустендил и Горна Џумаја, како и српската во Врање, позитивно влијание врз моралот и одѕивот кај востаниците. На востаниците им било речено да се соберат во Горна Џумаја на територијата што ја ослободиле Русите.
Всушност, таа област била одредена за оперативно-мобилизациски простор на востанието.
Во исто време бил упатен повик до сите доброволци учесници во Српско-турската и Руско-турската војна за да земат учество во Македонското (Кресненско) востание.

Повикот на македонското востаничко раководство го прифатиле многубројни ајдутски, востанички и други вооружени групи и поединци и започнало собирањето во Џумајската околија.
Покрај четата на Беровски, која служела како јадро за создавање на востаничките сили, овде пристигнале ајдутските чети на Дедо Иљо Малешевски, Стојан Карастоилов, Тодор Палискар, Коста Кукото, Кочо Љутата, Стојо Цапаревецот и др.
Освен колективното пристапување, се пријавиле и голем број поединци.
Кога веќе биле насобрани многубројни сили за главен раководител бил избран војводата Стојан Карастоилов.
Кон крајот на септември и почетокот на октомври, во Горна Џумаја било одржано советување со војводите.
По разгледувањето на резултатите од извршените подготовки, биле донесени неколку значајни одлуки за организацијата, раководењето и командувањето со востаничките сили.

МЕЃУ РАКОВОДИТЕЛИТЕ И АВАНТУРИСТИ

Паралелно со формирањето на внатрешните востанички сили, Трновскиот комитет Единство формирал чета од околу 100 души и под раководство на рускиот мајор Адам Калмиков ја испратил во Ќустендил.
Софискиот комитет организирал друга чета од 300 ополченци на чело со Луј Војткевич, мајор од Полска, па нешто подоцна и тие биле испратени во Македонија. Со оглед на нивните словенофилски и големобугарски определби и военото искуство, тие двајца мајори биле предвидени од страна на комитетите Единство да го раководат, односно да го бугаризираат македонското востание.
Меѓутоа, според односот кон задачите двајцата мајори се покажале како авантуристи.
Одредите на двајцата мајори, Калмиков и Војткевич биле формирани од македонските доброволци кои во Руско-турската војна останале во Бугарија.
Тие добиле задача од реонот на Ќустендил да се уфрлат на територијата на Македонија. Меѓутоа во областа на Крива Паланка биле разбиени од турската регуларна војска.
Со остатокот на своите единици, мајорите заминале во областа на Горна Џумаја.
Овде се соединеле со внатрешните востанички сили и било одржано советување за натамошните дејства.
По завршувањето на советувањето во Горна Џумаја, четите заминале за селото Србиново, каде што го организирале военото раководство на востаничките сили. Биле формирани четири одделенија и над секое одделение бил поставен командир.
На чело на првото одделение бил војводата Стојан Карастоилов, второто одделение било под команда на Коста Кукото, со третото раководел Стојо Торолинко, а со четвртото Крсто Аризонов од Свети Врач (денес Сандански).
Главен војвода на сите одделенија бил Стојан Карастоилов.
На 2 октомври, во Србиново пристигнал мајорот Калмиков, а веќе на 3 октомври, под влијание на Џумајскиот комитет Единство.
Калмиков бил поставен за атаман, односно командант на македонските востанички сили.
По формирањето на военото раководство се сметало дека подготовките за вооружено востание во Македонија биле завршени.
Како објект за првиот напад бил одреден турскиот воен одред што се наоѓал во ановите на селото Кресна.
Било планирано нападот да започне во утринските часови на 5 октомври 1878 година.

На 4 октомври 1878 година, востаничките сили поделени во четири одреда, секој од по околу 100 борци на чело со војводите Стојан Карастоилов, Коста Кукото, Стојо Торолинко и Крсто Аризонов, во најголема тајност во вечерните часови пристигнале близу Кресна и овде на теренот организирале советување, односно тоа било непосредна подготовка за реализација на планот за напад.
Откако ги проанализирале податоците и распоредот на турските сили, биле изнесени два предлога за нападот.
Стојан војводата предлагал ановите да се опколат и во раните зори да се изврши нападот.
Калмиков предлагал нападот да биде фронтален и ненадеен и со борба човек на човек да се совладаат Турците. Бил прифатен планот на Калмиков.
Во меѓувреме, состојбата се изменила Турција, веројатно преко кодошите, дознале за распоредот на востаниците, па и тие излегле на положаите околу касарните. Во таквата состојба почнал да се спроведува планот на Стојан војводата.
Вечерта востаниците со помош на водачите од месното население и, пред се, предводени од Стојан војвода, кој одлично го познавал овој реон, се приближиле до турските положаи.
По распоредувањето на востаниците, и им била поделена муницијата и пушките на новопристигнатите борци и биле издадени последните задачи за почетокот на бојот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4545 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,33 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 05 декември 2016
Моментно посетители: 340

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Овошја во Македонија со потекло од Арапите
--------------------------------
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: