Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски национални движења
ПЛАНОВИТЕ ЗА КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Сподели на Facebook

Македонскиот востанички комитет немал некој посебен план за  акции и ангажирање сили, бидејќи акциите зависело од противничките дејства, а вооружените сили се формирале во текот на борбените дејства.

Но од Правилникот (Уставот) на македонскиот востанички комитет, се воочува дека планот на внатрешните сили бил да го отфрлат турскиот јарем.

Востанието требало да започне таму каде имало најдобри услови за успех, каде постојат помали чети, каде народот има искуство и доверба во македонскиот востанички комитет.
Најдобри предвостанички услови биле во малешевско-кресненскиот крај, каде не така одамна, е кренато Разловечкото востание.
При изборот на објектот за прв напад, главниот вовода Стојан Карастоилов нагласил дека првите дејствија треба да се по долината на р. Струма, бидејќи го познава тој реон.
Востаничкиот комитет го прифатил предлогот и го проширил со мислењето дека по објавувањето на востанието и ослободувањето на околните места, треба да се воспостави и зацврсти народната власт во ослободените села, да се создадат услови за нови борци и за издржување на македонската востаничка војска, а востанието да се шири паралелно по долините на р. Струма и Места кон Орфанскиот Залив и Егејското Море.
По ослободувањето на тој простор, востанието би се проширило кон долината на Вардар.
Просторот имал стратешко значење поради главните патишта кои од Турција преку Серез воделе кон Скопје и понатаму.

Востанието би започнало како локално, а потоа би се проширило низ цела Македонија.
Во него би учествувале луѓе од Македонија кои се чувствуваат Македонци и кои ја сакаат слободата на татковината. Но можеле да учествуваат и сите македонски жители без оглед на верата и народноста.
Сите кои им сакаат добро на Македонците можеле да учествуваат во востанието, доколку се покоруваат на македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.
На благотворителните комитети надвор од Македонија им се дозволувало да го помагаат востанието, а главен предмет и грижа да им биде: собирање на парична помош, оружје и муниција, облека од секаков вид, храна и др. потреби и да ги испраќаат во однапред определени места.

 

Руски план за големо бугарско кралство

Планот на надворешните сили е од руските словенски комитети, а го спроведувале бугарските благотворителни комитети Единство и руските офицери, чии единици привремено биле во Бугарија.
Аргументите на руските комитети биле што Русија направила со востанието во Босна и со тешкотиите во Авганистан да им бидат врзани рацете на Австрија и Англија, така што сега царот може да вети дека, ако на Бугарите им успее ослободувањето на Македонија од Турците, тој ќе создаде едно моќно бугарско кралство, во кое ќе бидат опфатени сите “Бугари” од Турција.


Со овој план се предвидувало: да се собере и да се изврши обука на што е можно поголема сила пред да настапат лошите временски денови.
Кон востаниците да бидат придодадени руски војници во сооднос од 3 ( Руси) : 2 ( востаници ).

Руски сили од 25 000 пешадија, 5.000 коњаници и 2 артилериски батерии требало да се стационираат по должината на границата од Македонија како морална поткрепа, а можеби во некои услови и како материјална потпора на востаниците.
Дури е речено дека овие трупи ќе ги окупираат и држат оние територии што ќе можат востаниците да ги ослободат, и на тој начин да им овозможат да напредуваат без страв од напади во нивната заднина.

Според планот на овие надворешните сили, во почетокот на октомври 1878 г., во Ќустендил се собрани 7.080 доброволци Бугари и Грци, од кои 2.500 се демобилизирани војници, од руско-турската војна 1.750 македонски Грци и Куцовласи, остатокот биле Бугари (ајдути, авантуристи и селани) од сите краеви на европска Турција.
Словенските комитети планирале оваа сила да ја стават под команда на мајорот Калмиков, Русин авантурист, кој служел во српската војска, па ја напуштил за да се приклучи кон бугарското движење. Под негова команда биле полковникот Часки, Русин, испратен од словенскиот комитет во Москва, потоа Илиевиќ и Јовановиќ - Црногорци, и Васил војвода.

Словенските комитети планирале на овие сили да им се приклучат Георги војвода (Г. Пулевски) и Илија од Малеш (дедо Иљо), 3.000 борци од Пијанечката каза. Покрај наведениве, од реонот на Видин под водство на митрополитот Антим пристигнале 600 доброволци. Митрополитот од Охрид (Натанаил) и владиката од Штип исто така опашале сајби, а се пријавувале и други доброволци.
Словенските комитети очекувале до 22 октомври 1878 година да располагаат со сили од 12.000 лица.
Кон овие биле додадени 18.000 Руси (според соодносот тројца Руси на двајца Бугари), со што бројот на силите во почетокот на зимската сезона ќе изнесувал 30.000 лица.

Со тие сили, словенските комитети планирале да ја окупираат Македонија и да ја присоединат кон Бугарија.
За раководен комитет на востаничките сили словенските комитети го одредиле софискиот комитет Единство а Ќустендилскиот и Џумајскиот да го предводат востанието во соодветните области.
Ќустендилскиот комитет требало да дејствува на запад и да ги завладее областите каде што минува патот на правецот Скопје-Куманово - Крива Паланка. Џумајскиот комитет требало да дејствува на југ на правецот Џумаја, Неврокоп, Мелник, Серез, до Кавала.
Стратегискиот план на овие комитети во врска со вооружените дејства во Македонското (Кресненско) востание предвидувал борбените дејства да имаат повремен карактер, да се водат во близината на бугарската граница и на различни простори низ цела Македонија.
Додека комитетите на надворешните сили (словенските и добротворителните) планирале да предизвикуваат судири и меѓусебни масакри со цел да и докажат на Европа дека е невозможно во Македонија заедно да живеат христијани и муслимани, па поради тоа христијаните да ги присоединат кон Бугарија, внатрешните сили имале за цел ослободување на Македонија и создавање на самостојна и независна држава.
Меѓутоа, словенските комитети не успеале да создадат такви вооружени сили како што предвидувале во своите планови.

 

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5356 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,66 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 73

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: