Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски национални движења
Воениот аспект на Кресненското востание, 1878/79 г
Сподели на Facebook

Големите сили, првенствено Русија, без чувства за македонската национална самобитност, со прелиминарниот Санстефански договор ја вклучија речиси цела Македонија во рамките на Голема Бугарија.

Таквата одлука македонскиот народ го разочара, тој ја изгуби довербата во праведноста на конгресот, во искреноста на политиката од големите сили и во односот на соседите кон македонското прашање.
Предлогот, согласно Чл. 23 и 62, на Македонија да и се даде политичка и верска автономија во рамките на Османлиската империја е дочекан како обична фраза, зашто овие решенија никого не обврзувале, ниту, пак санкционирале за нивното неизвршување.
По ова македонските дејци упатиле бројни протести и приговори на одлуките на Берлинскиот конгрес.
Со овие одлуки биле дефинирани границите на Османлиската империја, во чии рамки и е дадена можност да си ја средува внатрешната состојба како може и умее.
По ова во Македонија се влечат воени сили од Босна, од Србија и од Бугарија, но и нови од Турција.
Од централна област на европска Турција, Македонија станала нејзина погранична територија.
Тоа ангажирало бројни воени сили, ги заострило владеачкиот систем, даночната политика, казнените мерки, и сето тоа го влошило животот на македонскиот народ.

Единствен поволен услов било присуството на српските и руските воени сили на северната граница на Македонија и во новото Кнежевство Бугарија, како и создадената Руска зона на македонската територија во Горноџумајската околија.
Но и Чл. 23 и 62 од Берлинскиот конгрес, со кои Турција требало во Македонија да спроведе политичка, школска и верска реформа каква што е предвидена за Крит.
Близината на руската војска го зголемувала борбениот морал кај организаторите и востаниците, а во Чл. 23 и 62 се изнаоѓала меѓународно-правната можност за организирање и кревање на востание.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6021 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 56

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
 Според сметањето на православната црква
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: