Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7363
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Евреите и Власите во Македонија
Влахов во турскиот парламент жестоко ги штити Евре
Сподели на Facebook

По проучувањето на материјалите и бројките низ факти за еврејското прашање во Палестина, Влахов подготвен влегува во турскиот парламент осамен и не поддржан дури и од Евреите – пратеници кои се плашат да се судрат со дискриминаторите на Евреите.

За ова вели :

“Дојде ред да се разгледа предлогот во парламентот. Се јавија 2-3 арапски депутати да го заштитат својот предлог. Тогаш и јас побарав збор.

Штом арапските депутати ги завршија своите говори, се качив на говорницата. Во салата на парламентот настапи раздвижување, специјално меѓу арапските депутати. Тие знаеја за моите истапувања во парламентот порано дека сум социјалист и со беспокојство го чекаа мојот говор.


Зградата на некогашниот турски парламент во кој Влахов ги спасува Евреите од арапската дискриминација

Во овој говор кој траеше скоро еден час, јас зборував за улогата на емиграцијата во напредокот на една земја воопшто, посочив примери за нејзината роља во другите земји, специјално во Америка, ја опишав неподносливата положба во земјите од каде тие емигранти доаѓаат за да се заселат во Палестина, зборував за принципите кои се поставени во основата на конституциониот режим во Турција, ги изнесов исцрпните податоци што ги добив за ползата што ја има народното стопанство во Турција и специјално арапските работници кои работата во тие колонии и предложив да се отфрли самиот предлог како акт кој има за цел да му попречи на економскиот развиток на Турција и да го спречи нејзиното претворање во вистинкска конституциона земја. Притоа јас укажав дека бројот на Евреите во Палестина е незначителен во споредба со бројот на Арапите – во тоа време во цела Палестина имаше околу 130 000 души Евреи – и дека арапскиот народ нема зошто да се плаши дека во таа земја Евреите ќе имаат доминантна положба. За време на мојот говор парламентот беше во напрегната состојба. Почнаа веќе да се слушаат гласови меѓу арапските депутати на неодобрување, меѓутоа ниеден од нив не се осмели да ја оспори вистината ниту пак ја оспори вистинитоста на изнесените податоци. Се слушаа само гласови :

“Вие не сте Евреин, Вие не сте од Палестина, Вие сте од Солун. Што се мешате во тие работи?“.
На сите тие реплики јас спокојно одговорив дека е верно оти не сум Евреин, дека сум Македонец, дека не сум од Палестина, но дека како претставител во парламентот мој долг е да ги заштитувам интересите на сите отомански граѓани и интересите на самата земја и на нејзиниот стопански развиток. Притоа додадов дека сум избран за народен претставител во санџак, како што е Солунскиот, во кој има голем број Евреи, на кои не им е безразлично дали нивни сонародници се прогонети во други земји, дали можат да заживеат слободно или не. Притоа додадов дека населувањето емигранти во Палестина ќе придонесе многу за културниот развиток на таа област, бидејќи тие емигранти имаа повисока култура од месното население, со кое ќе се потпомогне економскиот развиток на Турција. Освен тоа тие емигранти се слободољубиви и ќе бидат искрени заштитници на конституциониот режим во Турција. Особено инсистирав на фактот дека со населувањето на Евреи во Палестина ќе се создаде работа и за месното арапско население, кое во економски поглед стои лошо, особено страда од безработица, така што неговиот животен стандард е многу низок.


Жени Еврејки од Солун

Полемизирајќи со предлогот на арапските феудалци јас изјавив дека тој предлог е во спротивност со интересите на самиот арапски народ. Истакнав дека арапските работници и Евреите во Палестина живеат како браќа, дека имаат заеднички интереси како и сите работни маси во Турција. Тие се браќа – реков – и нивни главни непријатели – се нивните потписници и експлоататори. Во овој случај најголемиот непријател на арапските селани, работници и воопшто на арапскиот работен народ во Палестина, тоа се феудалците Араби – крупни земјовладелци. Притоа додадов дека не се сомневам оти моето настојуавње да се отфрли предлогот на арапските феудалци, ќе најде големо одобрување среде арапскиот работен народ, како и среде еврејскиот работен народ.”

Од ова произлегуваат следниве факти :

1. Димитар Влахов иако Македонец, како правдољубив и храбар пратеник во турскиот парламент поведува борба за заштита на правата од друг сопаталечки народ Евреите.Дури и 5-мината пратеници Евреи не се осудуваат да го поддржат чувајќи си ги личните интереси.

2. Влахов е вешт оратор кој прецизно аналитички, убедително и низ бројки наметнува свое убедување и на останатите во парламентот, толку вешто што не им остава никаков простор на противниците било што да можат да кажат. Ционистите ова многу добро го имале уочено и не случајно нему му се обраќаат, па и резултатот е таков каков што посакувале.

( Извор – “Мемоари на Димитар Влахов“ од 1952 год, НИП “ Нова Македонија“, Скопје 1970 год., стр.129-130)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3726 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 25 март 2017
Моментно посетители: 19

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Што е фалангата?
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: