Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7091
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Евреите и Власите во Македонија
Влахов со водачите на Евреите-ционисти
Сподели на Facebook

Македонецот Димитар Влахов за контактите со Еврејската ционистичка организација и договорите со неа (Влaхов e важен пратеник во турскиот парламент, со огромни ораторско-убедителни способности), вели:


Димитар Влахов за контактите со Ционистите

“Ќе раскажам еден настан од животот на еврејската емиграција во Палестина, кој одигра значајна роља во животот на таа емиграција и даде силен поттик за зајакнувањето на стремежот на Евреите кои живееја при нерамноправни услови да можат да го најдат своето огниште. Овој настан им нанесе силен удар на арпските крупни земјовладелци-експлоататори.

Еден ден кај мене дојдоа двајца видни претставители на еврејското националистичко движење – ционистите, кои живееја во Цариград и ми соопштија дека арапските депутати, крупни земјовладелци, внесле во парламентот предлог да се запре секакво населување на Евреите во Палестина, при што да се воведат за сите Евреи кои живеат во таа земја, специјални жолти паспорти за да можат тие да бидат бележани како такви. Двајцата еврејски претставители ми изјавија :

“Ние знаеме дека Вие сте социјалист, дека не сте ционист, но како депутат во турскиот парламент секогаш сте ги заштитувале праведните каузи и сте ги имале секогаш предвид интересите на развитокот на Турција во секој поглед и интересите на народите кои живеат во таа земја. Ние Ве молиме како човек кој ја брани вистината и правото, да земете збор во парламентот по предлогот што го внесле арапските крупни земјовладелци и да го искажите нашето мислење. Дали е право, воопшто, еден таков предлог да се прими и дали воопшто може да се врши дискриминација по однос на една националност што му е лојална на конституциониот режим и која придонела и придонесува суштествено во развитокот и консолидирањето на конституциониот режим во Турција.

Ние имаме, рекоа тие, претставители, - тоа беа Др.Јакобсон Виктор и Холберг Херцфелт, - неколку депутати од еврејска националност во парламентот (5 души) но ниеден од нив ја нема потребната храброст јавно да истапи и да ја заштити каузата на својот народ. А Вие досега сте го пројавиле тоа. Ние ќе Ви дадеме факти и податоци од кои ќе се види дека имигрирањето на Евреи во Палестина, прогонети во другите земји, е интерес не само на самите прогонети и не само во интерес на нашето ционистичко движење, туку тоа е и во интерес на самата турска држава, затоа што со својот труд и својот ентузијазам во работата тие му донесуваат приходи на народното стопанство на самата турска држава, затоа што прво, се населуваат луѓе кои се слободољубиви и второ, затоа што со својот труд и својот ентузијазам во работата тие му донесуваат приходи на народното стопанство на Турција.” ”


Евреите се добро организирани дури и во нај далечните краишта на Отоманската империја

Од ова произлегуваат следниве факти :

1. Арапските пратеници во турскиот парламент-крупни земјовладелци,заради населувањето на Палестина и со Евреи, во 1911 год. поднесуваат дискриминаторски предлог-закон за забрана од населување Евреи, чии пасоши да се обележувале со жолто, (нешто што подоцна Хитлер им го прави со жолтите ѕвезди).

2. Власта заплашена од моќта на арапските земјовладелци со бројноста во турскиот парламент како и влијанието среде арапско-муслиманскиот свет е веќе на пат да го прифати дискриминаторскиот предлог-закон за Евреите.

3. Евреите-националисти од ционистичката организација, директно од централата во Цариград испраќаат претставници кај Димитар Влахов на разговори за негово застапување во парламентот против дискриминаторскиот закон. Иако имаат пет пратеници Евреи, тие токму на Влахов му ја искажуваат довербата, заради неговата храброст и правдољубивост како и аргументираноста со реторичките способности.

( Извор “Мемоари на Димитар Влахов “од 1952, НИП “Нова Македонија “, Скопје 1970 год., стр. 127–128)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5319 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 02 декември 2016
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Први жртви на II Светска војна - Македонците
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: