Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Византија, подем и пад
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕЛОТО НА НИКИФОР ГРИГОРА
Сподели на Facebook

Никифор Григора (1295–1360) роден во епископскиот град Хераклеја на Понт.
Фамилијата не можела да влијае на развојот на Григора, бидејќи на 10 години останал без двата родитела.

Повеќе отколку за родителите Григора оставил спомен за неговиот вујко-хераклејски епископ Јован, кој му го овозможил образоването.

    Во престолнината Григора се дружи со Теодор Метохит и патријархот Јован XIII Гликас. Тоа му го трасира патот на византискиот двор. Императорот Андроник II и самиот астроном аматер, сакал да се дружи со образовани луѓе и  да води научни разговори. Григора настапил пред императорот со реторичко излагање и ги здобил неговите симпатии. Императорот му понудил на функција хартофилакс, но Григора му се заблагодарил и останал доследен на својот став да не учествува во политиката. Неговите амбиции биле на друга страна. Веќе имал завршено неколку дела, кога во 1324 г. предложил реформа на календарот, кое нешто уште повеќе го афирмирало како научник. Императорот го одобрувал предлогот,но немал енергија или не наоѓал сила да се обиде да го оствари во држава не склона кон промени. Сепак Н. Григора во својот живот прифатил една политичка мисија, која има важност и за нас. Испратен е во Србија како со задача да ја наговори ќерката на Теодор Метохит-Ирина, своја некогашна ученичка, да се врати во Византија (1327). Таа е на дворот на српскиот крал Стефан Урош III Дечански, инаку нејзин зет, но не како гостинка, туку како бегалец. Сопругот паниперсеваст Јован Палеолог, внук (од брат) на императорот Андроник II Палеолог, се одметнал од него со желба да се осамостои во еден дел од Империјата.

    Зад себе Григора остава обемна книжевна заоставштина. Особено е значајна за нас неговата «Ромејска историја» од 37 книги. Освен неа пишувал писма, две астрономски дела и други дела, на број до 80.

    Со историографија Н. Григора се занимавал «одамна», како што сам вели на едно место. Истражувачите откриле податоци дека материјал прибирал уште во времето на симнувањето на Андроник II (1328). Од тогаш па се до смртта Н. Григора се занимавал со историја, но на тоа поле не ги растурил своите напори во големиот број разновидни дела, туку ги посветил на своето главно дело «Ромејска историја».

    Формално Н. Григора го започнал своето дело од 1204 година, како пресвртница во историјата на Византија. Но, излагањето на Григора има карактер на вовед се до осмата глава, каде што почнува расказот за судирот помеѓу двајцата Андрониковци. Во својот вовед Григора се потпира на неговите претходници, претежно на Георги Пахимер и Георги Акрополит.

    Истражувачите многу се труделе да утврдат кога е напишана «Ро-мејската историја». На крајот е заклучено дека таа е пишувана на «бранови», од 1328–1338 г. Сепак делото не можело да биде завршено пред 1341 г., бидејќи во него е поместен надгробниот говор за императорот Андроник III , значи го завршил 1344, а го објавил 1347 г. Тогаш веќе Н. Григора ги имал напишано поглавијата на продолжетокот до 1354 г.

    Григориното дело продрело во книжевната традиција кај Јужнословенските народи. Дел од податоците  во првите 11 книги ги искористил Мавро Орбин, авторот на «Кралството на Словените» што се смета за прва историја на Јужните Словени (1*).

    Во првиот дел од «Ромејската историја» на Н. Григора, иако не е современик за тоа, сепак дава податоци и за Македонија и Македонците. Приредувачите на збирката «Византијски извори за историју народа Југославије», Том VI, Београд 1986, посебно преведувачите на Н. Григора: Сима Чирковиќ и Божидар Ферјанчиќ ги преведуваат тие податоци без коментар, што може да значи дека ги прифаќаат истите (2*). За разлика од нив издавачите на «Извори за българската история» том XXV-Гръцки извори за българската история, XI, Софија 1983 година, Ал. Милев и Л. Јончев се обидуваат во

своите коментари да докажат дека Н. Григора се служи со «античката терминологија но не секогаш е доследен во тоа, бидејќи кога зборува за Македонија и Македонците мисли на визнтиската тема Македонија»(3*) во Тракија. Поведен од нив и Петар Коледаров во своето дело 1 «Името Македонии в историческата география» Софија 1985, доаѓа до слични заклучоци, но признава дека во поголем дел Н. Григора е «доследен» во архаизацијата. Сепак, смета Коледаров дека Н. Григора не е целосно доследен и дека понекогаш се влијае од средновековната макротопонимија, наложена од византиските теми (4*). За таа цел наведува податоци од «Ромејската историја» кои се однесуваат на периодот од XIII век, кои што Н. Григора ги презел од своите претходници и за кои не е современик. Но, и тие податоци не се целосно презентирани, туку фрагментарно. Затоа и потребата да се презентираат сите податоци од Н. Григора за Македонија и Македонците, како современик и истите да се коментираат, за да се види кога зборува за «темата» Македонија, а кога за историско-географската област Македонија. И овде презентирани се и оние податоци од Н. Григора на кои тој не е современик.

    Прв пат Н. Григора споменува за Македонија кога зборува за бугарско-никејската војна 1221/22 и епирско-никејската 1222/24 г. и крунисувањето на Теодор Ангел за цар од страна на Охридскиот архиепископ Димитри Хоматијан. Во првата епизода Н. Григора вели дека:

«…така лесно Јован (Јован Асен II 1218–1241 гг.) ги прегазил сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови и тврдини како што се вели во скитска пустина…(και ο?τω π?ντα 'ρ?δ?ως ? Ιω?ννης κατ?δραμεν ?χρι θεσσαλον?κης και Μακεδον?ας, ?π?σα εκ κ?μαις και π?λεσι και φρουρ?οις , ν ?ρημ?αν, το δη λεγ?μενον, ?ποδε?ξας)» (5*).

Но овој бугарски напад е пљачкашки, бидејки кон Солун се проширил епирскиот владетел Теодор Ангел. За тоа Н. Григора вели

«најпосле го покорил и самиот главен град Солун, кој што е прв во земјата на Македонците… (?ως και αυτ?ν ? της τ ν θεσσαλον?κην ?χειρ?σατο μεγαλ?πολιν τη?ηται γη?Μακεδ?νων προκ?) .

 - Овој податок бугарските  А. Милев и Л. Јончев го коментираат дека «се однесува на жителите на темата Македонија» (7*), а знаеме дека Солун не бил главен град на таа тема, туку тоа бил градот Одрин и уште повеќе Солун не влегувал во составот на темата Македонија. С. Чирковиќ овој дел го преведува нешто поинаку: «го зазел и Солун главен град на Македонија» (8*).

  - За крунисувањето на Теодор Ангел, Н. Григора ја истакнува улогата на Охридскиот архиепископ, при што се задржал на името «бугарска архиепископија» и дава објаснување како е добиено тоа име, велејќи дека таа од порано не се викала така, туку откако била завладеана од Бугарите била наречена «бугарска» (9*).

    Н. Григора и податоците за битката во Пелагонија што се водела меѓу никејските војски и антиникејската коалиција во 1259 г. ги презел од Георги Акрополит. При подготовките за таа битка дошло до бугарски продор во Тракија, при што никејските војски презеле контра офанзива. При тоа «тие успеале да ја заземат Македонија» што веројатно се однесува на «темата Македонија» во Тракија, бидејќи тие дејства се надвор од историската област Македонија. Но, во екот на подготовките за битката во Пелагонија и епирскиот деспот Теодор Ангел решил да влезе во Македонија и Тракија «тој претпоставувал дека штом ќе посака, лесно ќе ги помине со меч Македонија и Тракија» (Μακεδον?αν και θρ?κην α?τ?κα μ?λα βουλ?μενον) (10*). Оваа вест може да се толкува двојно, да се однесува и на темата Македонија, а може и на историска Македонија. По веројатно е второто гледиште, бидејќи Никејците неколку години пред таа битка (1251/52 г) повратиле некои градови во Македонија, за што впрочем зборува и Н. Григора, истакнувајќи дека: «кога царот (Јован III Ватац) стигнал во Солун и Македонија, повторно му паднале во раце повеќе западни градови. Нив нападот на Михаил (Михаил II епирски владетел – з.н) ги заплашил па за кратко време го изневериле, имено Костур и Преспа и уште многу други. Михаил му ги вратил на царот покрај останатите и тврдините Прилеп и Велес» (και ???πει δε  ρ?δ?ως α?? α?τω??βασιλε?ς περ? θεσσαλον?κην και Μακεδον?αν ?γ?νετο, π?λιν ? πλε?ους των δυτικ?ν ?γ?νοντο π?λεων, ?π?σας ? του Αγγ?λου Μιχα?λ ?φοδος ?κλ?νησ? τε και προς βραχ?ν τ?να χρ?νον παρατραπ?ναι πεπο?ηκε, Καστορι? τε και Πρ?σπα, και επ? το?τοις ετεραι ουκ ?λ?γαι.?&εις φ?βο ν?σχατο ν συνελα?ν ??εν εις το ? Μιχα?λ πρεσβε?εται προς τον βασιλ?α και τ?ς πρατ?ρασ ανακαλε?ται σπονδ?ς, ν Βελεσ?ν)??ποδιδο?ς α?τω και φρο?ρια, τα τε ?λλα και τον Πρ?λλαπον, ?νι τε το (11*). Споменатите градови никогаш не влегувале во темата Македонија, што значи станува збор за историска Македонија.

Дека е така потврдува натамошното од Н. Григора, кој вели дека на пат за битката никејската војска «непосредно пред есенската рамнодневница (1259 г) стигнала кај Охрид и Девол. Тоа се македонски тврдини кои осигуруваат целосна безбедност на оние што ги поседуваат» (?νουσι περ? ?χρ?δαν τε και Δε?βολιν. Φρο?ρια  (12*) (φ ς)??ν ?σφ?λειαν τοις χρωμ?νοις α?το?τα?τα Μακεδον?ας , πολλ?ν παρασχ?μενα τη (13*). Познато е дека Охрид и Девол никогаш не влегувале во византиската тема Македонија. Тоа значи, Н. Григора јасно кажува дека тие се македонски тврдини, мислејќи на историската територија на Македонија.

    По битката во Пелагонија никејските војски бргу влегле во Цариград и ја обновиле Византија (1261 г.). Но непријателствата со западните држави продолжиле. Карло Анжујски 1281/82 г. преку својот војсководач Росонсул да ги завладее «Белград (Берат) и најважните утврдени места во Македонија и потоа да се насочи против Цариград (τω οσα τω?ν Βελλεγρ?δων φρουριον και ν Μακεδον?ας) .

    Настаните од вториот дел од Историјата на Никифор Григора се многу по аргументирани.

 Н. Григора зборува за Каталонската експедиција во Византија, особено во Македонија и периодот 1307-1311 г, како и односот на српскиот крал Милутин кон нив и кон Туркопулите. 5 000 Каталонци во есента 1307 г. ги пљачкале селата на Македонија  да си обезбедат продукти за зимата а кај градот Касандрија прават логор да ја поминат зимата. Пролетта 1308 г. ги напаѓаат  градовите во Македонија, а Солун е нивна главна надеж, верувајќи дека од него би можеле да загосподарат со цела Македонија. Византискиот император Андроник II ги осуетил  со наредбата кај градот Христопол (Кавала) да се изгради ѕид од морето до врвот на блиската планина  «така што местото станало непроодно за оние кои сакале да поминат од Тракија во Македонија или од Македонија во Тракија. Освен тоа испратил воени заповедници и им наредил да соберат доволно војска која ќе ги брани македонските градови» (15*) (π?μψας γαρ πρ?τον μεν τον περ? την Χριστο?πολιν μακρ?ν ?κτισε τε?χος απ? θαλ?σσης μ?χρι της ?παξ μη βουλομ?νω?του παρακειμ?νου ?ρους ?κρωνυχ?ας•ως ?βατον ε?ναι το χωρ?ον κα ?λουσι διαβα?νειν, τοις τ' απ??τω βασιλε? τοις τ' εκ Μακεδον?ας ες Θρ?κην ? Θρ?κης ες Μακεδον?αν... Μακεδον?α π?λεων) (16*).

    Од ова јасно е дека не станува збор за византиската тема Македонија, бидејќи таа е на територијата на Тракија. Крстопол е посочен како граница меѓу Тракија и Македонија, иако се наоѓа на македонска територија.

  Со ова Каталонците се нашле во опасност од глад а стравувале « да не се обединат Илирите, Трибалите, Акарнанците и Тесалијците кои биле соседни племиња на Ромеите што живееле во Македонија» (17*)  ги обиколат и убијат бидејќи нема каде да бегаат и се спасат. По извесно време Каталонците ја напуштиле Македонија и преминале во Тесалија и Средна Грција, каде што во 1311 г. формирале своја држава со седиште во Атина (18*).

   Дека Н. Григора не зборува за византиската тема Македонија туку за историската територија на Македонија сведочат и податоците што ги дава за областа што ја управувал византискиот намесник Сиргијан, истакнувајќи дека «само што наполнил 25 години, царот го испратил за заповедник и управник на една област во Македонија и тоа онаа што ги има Илирите за најблиски соседи» 19*) (Π?μπτον δ' ?ρτι και εικοστ?ν της ηλικ?ας ?τος αμε?βων π?μπεται προς του βασιλ?ως στρατηγ?ς και διοικητ?ς μιας των περ? Μακεδον?αν επαρχι?ν , ? τους Ιλλυριο?ς μ?λιστα ?μορο?ντας ?λαχε) (20*). Според С. Чирковиќ и Б. Ферјанчиќ седиштето на Сиргијан било во Костур (21*), а тој е далеку од византиската тема Македонија.

    Кон овие податоци и оние за граѓанската војна во Византија помеѓу Андроник II (Стариот) и внук му Андроник III (Младиот). Посебно оние што се однесуваат за крајот на војната 1327 г. Н. Григора вели дека: «Стариот цар испратил тајни писма до кралот на Србија во врска со воената помош, а исто така и на синот Димитар, деспот, кој тогаш бил намесник во Солун и околината. Барал од него (Димитар) заедно со двајца свои роднини, протовестијарот Андроник и Михаил Асен, кои во тоа време се наоѓале како намесници во Белграт (Берат) и останатата Македонија (Βελλεγρ?δων και της ?λλης Μακεδον?ας), и со македонските војски на прво место да ги обезбедат градовите на Македонија (τ?ς Μακεδονικ?ς π?λεις) и да ги отстранат сите оние што се сомнителни» (22*).  Григора го ставил и Белград (Берт) во Македонија, можеби поради подолгата припадност кон римската провинција Македонија или кон Охридската архиепископија, бидејќи сеуште е населен со Словени (23*).

    Дека податоците не се за темата Македонија сведочи и расказот на Н. Григора за неговото патување на српскиот двор 1326 г.(24*) , даден во писмото до Андроник Зарида, а поместен е и во неговата «Ромејска историја» . Таму Григора кога зборува за преминот преку р. Струма вели дека «сите знаат оти Струма е непроодна река и за пешаци и за коњаници, бидејќи таа е најголемата река од тие што протекуваат низ Тракија и Македонија» (25*) За време престојот во Струмица го празнувале Велигден, за што Н. Григора вели: «целата (црковна) служба, стројното пеење и мелодичноста на светите песни немаат никакво значење за тукашните жители, бидејќи се служат со варварски јазик и карактерот им е воопшто сличен повеќе за земјоделци» (28*).

    Овие податоци не може да се однесуваат на темата Македонија, бидејќи тамошните жители го знаеле официјалниот јазик, а и богослужбата во византиските теми се вршела на официјалниот јазик. Тоа значи дека под Македонија овде Н. Григора ја подразбира историската Македонија.

    Во рамките на таа Македонија Н. Григора ги става и градовите Сер, Мелник и Просек. Тоа особено се гледа од неговиот расказ за крајот на граѓанската војна во Византија 1328 г. Тука Григора истакнува дека Андроник Младиот се пробил до Серги го победил деспот Димитри и Михаил Асен и «тргнал понатаму и ги поминал во тек на малку денови сите гратчиња во Македонија (....) лесно и без отпор ги потчинил» (29*) (...την Μακεδον?αν πολ?χνια...) (30*). Приврзаниците на стариот император кои «порано ги испратил да управуваат во областите и градовите на Македонија» биле со жените и децата заробени. Михаил Асен за да се спаси влегол во Просек, кој подоцна го предал на српскиот крал (? δε ?σ?ν Μιχα?λ σπε?σας εισ?λεν ες το του Προσι?κου πολ?χνιον... παρ? του Κρ?λη Σερβ?ας φρουρ?ν) (31*).

   Со помошта на Сиргијан кралот Душан успеал да освои повеќе македонски градови. Соочен со тоа Андроник III презел контра мерки. Влегол во преговори со Сфранцес Палеолог, кој бил испратен да го убие Сиргијан, но овој план бил вешто прикриван. Самиот Сфранцес «имал намера да тргне во Македонија... бидејќи се средил опјавал брзо во Македонија, не водејќи војска бидејќи сите му биле сомнителни...» (34*). Во својата намера Сфранцес успеал. Преправајќи се дека и тој се одметнал од византиската централна власт се доближил до Сиргијан и успеал да го ликвидира во близина на Солун. Потоа бил склучен мир помеѓу Византија и Србија.

    Мирните односи меѓу Византија и Србија се нарушени по 1341 г, кога по смртта на Андроник III во Византија започнала нова граѓанска војна помеѓу Ј. Кантакузин и конкурентите од регентството. Упрвник во Солун бил Теодор Синадин, кој одржувал врски со Ј. Кантакузин и «често пристигнувале писма од Синадин, тогашен управник на Солун, кои го поттикнувале императорот (Ј. Кантакузин) веднаш да навлезе во Македонија и сосема лесно да го завладее Солун...» (?πει δ'?κ Συναδηνο?, δς τηνικα?τα θεσσαλον?κης ?πετρ?πευε, γρ?μματα ?φο?τα, διεγε?ροντα την ταχ?στην αυτ?ν διαβ?ντα ες Μακεδον?αν εγκρατ? θεσσαλον?κης εκ του 'ρ?στου γεν?σθαι)

(35*). Кантакузин го опседнал Солун 1342 г, но не успеал да го освои, по што е  принуден да замине на дворот на српскиот крал Душан и да бара од него помош. Таму ја минал зимата 1342/43, а веќе во есента 1343 г. се разделиле и Душан продолжил да ги освојува македонските градови. Посебно е значајно освојувањето на Бер 1345 г и на Сер истата година (36*).

    Во врска со тие настани Н. Григора е прецизен во својата Историја, истакнувајќи дека «во Македонија со другите градови потчинети на владетелот на Трибалите, и самата Верија му станала бргу потчинета... . А на Солун не му се допаѓало на било кој да се потчини, ниту на Кантакузин, ниту на владетелот на Трибалите. Внатрешен бунт веќе долго време владеел во тој град, на тој начин партијата на т.н. Зилоти господарела над другите». (?ν δε Μακεδον?α, των ?λλων ?πηκουσ?ν τω Τριβαλλ?ν ?γεμ?νι, Β?ρροια... θεσσαλον?κη δ ουκ ?ρεσκεν ο?δενι προσρυ?ναι, μ?τε τω Καντακουξηνω, μ?τε μην τω των Τριβαλλ?ν ?γεμ?νι. Στ?σις γαρ εκ πολλο? κατε?χεν αυτ?ν, και Ζηλωτ?ν ο?τωσ? πως ?νομασμ?νων ?θροισμα των ?λλων ?πρ?τευε) (37*).

    Од сето во «Ромејската историја» јасно е дека Никифор Григора зборува за историско-геогравската територија на Македонија, чии жители на повеќе места  ги нарекува «Македонци», а градовите и селата македонски. Тоа значи дека не станува збор за византиската тема Македонија. Овие податоци  јасно ја разграничуваат Историска Македонија од темата Македонија. Во времето на Н. Григора тематското уредување е целосно пропаднато и на историската сцена се  катепаникиите. Дури и самиот израз «тема» веќе ретко се среќава во историските извори. Токму затоа податоците од Н. Григора се однесуваат за Македонија и Македонците и имаат драгоцена историска вредност за проучувањето и афирмацијата на македонскиот народ.

1* За биографијата на Никифор Григора поопширно во: Византијски извори за историја народа Југославија. Том ВИ Београд 1986 (понатаму скратено ВИИНЈ). Користено издание: Ницепхори Грегогае Вузантиа хисториа И-ИИ, ед. Л. Сцхопенус, Воннае 1829-1830, ИИИ, ед. И. Веккерус, Воппае 1855. Фрагментарен текст со превод има во «Извори за българската история». Том ЏЏВГръцки извори за българската история. Том ЏИ, София 1983 (преводот и коментарите се на: Ал. Милев и Л. Иончев). Само превод на одделни делови има во Византијски извори за историја народа Југославија, том ВИ, Београд 1986 преводот и коментарите се направени од С. Ћаирковић и Б. Ферјанчик.

2* ВИИНЈ, ВИ, Л 53-162; 167; 181-185; 192-202; 204-207; 216-219; 273; 277-279.

3* Извори за българската история. Том ХХВ-Гръцки извори за българската история, ЏИ, София 1983, 125 бел. 21 (понатаму скратено ГИБИ ЏИ).

4* Коледаров П. Името Македония в историческата география. София, 1985. С. 77.

5* Ницепхори Грегорае Вузантиа хиѕториа. И-ед. Л. Ѕсхоренус, Воппае 1829, 16 (понатаму скратено Грегорае И); ГИБИ, ЏИ, 125.

6* Грегорае 1, 26; ГИБИ, ЏИ, 125.

7* ГИБИ,Х1,125 бел. 21.

8* ВИИНЈ, ВИ, 153.

9* Грегорае И, 26; ГИБИ, ЏИ, 125-126; ВИИНЈ, ВИ, 155-156.

10* Идем. И, 71; ГИБИ, ЏИ, 131.

11* Идем. И, 48.Според и ВИИНЈ, ВИ, 157.

12* ВИИНЈ, ВИ, 158-159.

13* Грегорае. И, 72-73; ГИБИ, ЏИ, 132.

14* Идем. И, 146; ГИБИ, ЏИ, 138.

15* ВИИНЈ, ВИ, 180.

16* Грегорае И, 246; ГИБИ, ЏИ, 143.

17* Грегорае 1,247; ГИБИ, ЏИ, 143.

18* Острогорски Г. Историја Византије. Београд, 1983 (фототипно издание), 463.

19* Се однесува на населението што живеело во денешна Албанија, бидејќи Н. Григо¬ра секогаш за жителите на Балканот употребува архаични термини(Трибали за Србите, Мизи за Бугарите и сл.),Спореди: П. Коледаров,. Името Македония..., 77.

20* Грегорае И,297.

21* ВИИНЈ, ВИ, 192 бел. 71.

22* Грегорае И, 394-395; ГИБИ, ХИ, 152.

23* Коледаров П. Името Македония..., 77 бел. 154.

24* За датирањето на писмото спореди: Сорреѕрондансе де Ницéпхоре Грéгорас техте éдитé ет традуит пар Р. Гуилланд, Парис 1927, 31; ГИБИ, ЏИ, 146 (таму е датирано со 1328); Ј. Белчовски. Вториот брак на кралот Стефан Урош ИИИ и извештејот на Никифор Григора за патувањето на византиските дипломати во Скопје во 1326 година, (Писмо на Никифор Григора за Андроник Зарида според изданието на Р. Гуилланд; превод на Јов. Белчовски, Споменици за средовековната и поновата историја на Македонија, ИИ, Скопје 1977, 521-533 (натаму само Споменици, ИИ).

25* Грегорае И,375; Сорреѕрондансе де Ницéпхоре Грéгорас 33; ГИБИ, ХИ, 147; Споменици, ИИ 534-535.

26* Сорреѕрондансе..., 39; Споменици, ИИ, 54.

27* Грегорае И, 378; ГИБИ, ХИ, 149.

28* Идем. И, 379; Сорреѕрондансе, 41; ГИБИ, ХИ, 150.

29* ГИБИ, ХИ, 154.

30* Грегорае И, 413.

31* Идем. И, 413.

32* Исто. 489.

33* Идем. 490; ВИИНЈ, ВИ, 216-217.

34* Грегорае И, 499.

35* Грегорае ИИ, 626; ГИБИ, ЏИ, 169.

36* Диниh М. За хронологију Душанових освајања византиских градова. Зборник радова византолошког института. ИВ. Београд, 1966. 9-10.

37* Грегорае ИИ, 795; ГИБИ, ХИ 1,188; ВИИНЈ, ВИ, 273.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5859 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 9

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: