Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Буни и востанија во Македонија од XV-XIX век
Карпошовото востание 1689 г.
Сподели на Facebook

КРВАВАТА ЕПОПЕЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД -Карпошовото востание

Според турски извори, востанието коинцидира со навлегувањето на генералот Енеј Силвиј Пиколомини во Скопје, на 25 октомври 1689 г. Запоседнатата територија од востаниците е голема прва македонска слободна територија од доаѓањето на Османлиите и се сочувала како таква околу еден месец. Востаниците за времетраењето на востанието не оставиле писмени траги.
Теророт на Османлиите испразнил цели области од Македонија, а на местото на Македонците се колонизирани Албанци и Турци кои вршеле безброј насилства врз недолжното население.
Историскиот развој на Македонија и на македонскиот народ во значителна мерка бил определен од нејзината географска положба. Во средината на најпрометните патишта на Балканот, таа станала вистински премин на народите што со векови се разместувале, вклучувајќи ги и македонската земја и народ во привремените општествено-државни творби.
Австро-турската војна (1683-1699) ја покажала слабоста на Османлиите, под чие владение Македонија е веќе неколку века, а влијаела за засилување на ослободителниот стремеж на покорените балкански народи. Со приближувањето на австриските војски кон Македонија се зголемувале и надежите на македонскиот народ за слобода. Созреале условите за отпор од пошироки размери.

СЛОБОДЕН ДУХ

Наближувањето на австриските војски по р. Морава кон Ниш и зачестените покани од поробените народи да се дигнат на востание, допреле и до Македонците. Ајдутското движење растело и ги зафаќало сите области на Македонија. Особено активни биле ајдутите од северниот дел на Македонија кои му дале нов импулс на ајдутското движење во 1689 г. За развиено ајдутство во овој крај ни зборува и Евлија Челебија и многу турски документи.
Во време на Карпошовото востание Крива Паланка била единствената позначајна тврдина на територијата на Ќустендилскиот санџак. Според содржината на плочата сочувана до денес но и Евлија Челебија, се заклучува дека оваа паланка основана е токму за заштита од ајдути. Ајдутите со военото искуство и слободарски дух претставувале јадро на сите буни и вооружени судири. Ајдутството прераснувало во воена и народна сила која се борела не само против одделни претставници на власта, туку и против целиот систем.

Карпош е значајна личност во ова големо македонско востание во ХVII в. но не постојат современи извори за животот на Карпош, за детството, семејната положба, староста и сл. Тој првпат во историските документи се јавува за време на Австро-турската војна. Турскиот хроничар Дефтердар, преземајќи го податокот од Рашид, потврдува дека "Карпош бил ајдутин неколку години пред 1689 година".

Кратко време пред почетокот на востанието Карпош е амнестиран од османлиската власт и му е понудена мартолошка служба, но многу настани од Карпошовата биографија останале неосветлени. Не се знае точно дали "Карпош е име или прекар". Во турскиот јазик "Карпуз" се лица дебели или црвени како лубеница, но најверојтано е дека Карпош е облик на име за карпа.

Појавата на австриските војски пред Скопје предизвикало паника во редовите на османлиската војска што пред тоа излегла надвор од градот во пресрет на непријателот. Повеќето турски извори го обвинуваат Карпош за австрискиот напад на Скопје и за опустошувањето.

И покрај тоа што востанието се датира на 25 октомври, денот кога Австријците го заземале Скопје, сепак не може да се каже ништо за сорабтката меѓу Карпошовите востаници и австриската војска.
Во турските извори најверојатно се преувеличува улогата на Карпош за да се оправда срамното напуштање на градот од страна на турската војска. Во секој случај сигурен е податокот дека Карпош одлуката за своето одметнување ја донел во тој момент.

ВОСТАНИЧКА ТЕРИТОРИЈА

Според повеќето извори, Крива Паланка е јадро на востанието, заземајќи ја востаниците заробиле и шест топови од тврдината како и др. оружје и храна. Таа била најдобро опремена тврдина во целиот Ќустендилски санџак.

Втор град заземен од востаниците бил Куманово. Во еден турски документ датиран од 14 октомври 1689 г. се гледа дека градот не бил толку загрозен, бидејќи многу турски семејства бегајќи од Лесковац и Врање доаѓале во Куманово, но не во него, туку во еден манастир сличен на град (тврдина) чии страни ги оградил со ендеци и ровови. Се уште не е утврдено за кој манастир станува збор.
Со заземањето на Куманово востаничката територија опфаќала дел од Ќустендилскиот и од Скопскиот санџак. Кратово во 17 век бил значаен рударски центар и покрај општото опаѓање на рударството во Османилското царство. Местоположба и некои локални преданија се претпоставка дека и Кратово бил востанички град. За Радовиш нема податоци дека бил востанички град, меѓутоа во еден документ на централната власт се споменуваат жителите на Радовишкиот кадилак како учесници во востанието.
Според местоположбата и Кочани бил во рацете на востаниците.
Не знаеме многу за организацијата на власта, и дали покрај Карпош имало и други повидни востаници или тела на власта.
Зачудува фактот што востаниците за цело времетраење на востанието не оставиле никакви писмени траги. Малку податоци има и за бројот на востаниците кој растел како што се создавала слободната територија, кога можеби била извршена мобилизација на населението за одбрана . Според некои извештаи, има околу дваесет илјади христијани. Што се однесува пак за кралската титула која наводно ја добил Карпош од австрискиот цар Леополд Први, постојат различни мислења. Сепак, повеќето турски извори се согласуваат дека Карпош запоседнал една територија и дека од Австријците добил одредено званично признание.

ТЕРОР И ПУСТОШ

Османлиската централна власт презела енергични мерки за ликвидирање на востанието. На чело на војските се главниот командант -сераскерот Коџа Махмуд паша и кримскиот хан Селим Гирај. На влезот на Крива Паланка, кај локалитетот Каменско Поле, дошло до првиот судир меѓу татарската претходница и Карпошовите востаници кои кога виделе колкава сила им се приближува се повлекле во Куманово. Заземањето на Крива Паланка од татарската и османлиската војска е меѓу 24 и 30 ноември, бидејќи веста за заземање на градот стигнала на 2 декември.

Од Крива Паланка продолжиле кон Куманово а Карпош со своите луѓе им излегол во пресрет на една полјана. Но пред посилниот и поброен непријател, загинале и се заробени многу востаници.
Едно од многуте спорни прашање во врска со Карпошовото востание е и тоа како и кога е фатен Карпош. Според повеќето автори, тоа е при споменатата Кумановска битка. . Според еден документ тој бил заробен преку измама од страна на Турци преоблечени како негови востаници. Со него биле заробени и голем број востаници
Според други, заробен е во планините околу Скопје и однесен пред ханот.
Се смета дека заробувањето се случило на 26 ноември 1689 година.
Во Скопје Татарите влегле без борба, бидејќи немало австриски војски, а и малубројните востаници се разбегале по планините.
Погубувањето на Карпош во науката е опишано во различно.
Некои автори велат дека Карпош е набиен на колец кај скопскиот мост на Вардар.
Според други, тој е обесен на разгранетото дрво на брегот на р.Вардар до Камениот Мост. Има и теза дека е фрлен врзан во надојдениот Вардар, но и друга дека татарските војски со мечеви го исекле на парчиња .
Сепак, повеќето турски хроничари се согласуваат дека Карпош е набиен на колец, но не се знае дали жив или прво е усмртен , а потоа набиен на колец. За убиството на Карпош е зачуван автентичен турски документ од тоа време, во кој, помеѓу другото, пишува:
...Победничките борци влегоа во Скопје, каде, во Куманово фатениот Карпош го набија на кол на скопскиот мост. И кога неговата грешна душа летна во царството небесно, итрите и како виулици брзи Татари, ги распарчија неговите телесни остатоци со своите остри сечила..
Османлиите по ова имале победа и над австриската војска кај Качаник, и со тоа повторно е воспоставена османлиската власт во Македонија.

Задушувањето на Карпошовото востание и поразот на австриските војски довело до многукратни последици.
Една од најважните била преселувањето на голема маса луѓе преку реките Сава и Дунав.Многу Македонци заминуваат во границите на Австро-Унгарија, но и Срби од краевите по кои се повлекуваат остатоците на Австријците.
Теророт што го вршеле Османлиите и Татарите довел до неподнослива животна состојба.
Масовни колежи, заробувања и пустош низ Македонија.
Големата преселба довела до празнење на цели области од Македонија, бидејќи луѓето најчесто не се враќале на родните огништа.
Во тој период исчезнале многу населби а се населувале Албанци на нивните места како лојални на Османлиите.
Сепак, поразот на востанието не довел до нарушување на континуитетот на вооружената борба на македонскиот народ за слобода.

ЌЕ ГО ЗЕМАМ ВО ЗАШТИТА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

1. Востаниците во Карпошевото востание себеси се декларирале како Македонци!
2. Указ од страна на австрискиот цар Леополд од 1690 година преку кој го зема во заштита на македонскиот народ!

1. Декларирањето на востаниците за Македонци.
Откако Турците, по навлегувањето на Балканот, се запрени пред Виена, против нив е создадена Света лига, во која, покрај Австрија и Полска, влегле и Венција и Русија. Војските на Светата лига навлегле длабоко во територијата на Турција, стигнувајќи дури до Македонија (Каков би бил текот на историјата во колку Турците се истерале од Македонија во 17, а не во 20 век, може само да се претпостави). За време ова навлегување доаѓа до познатото палење на градовите Скопје и Штип, по што австриската војска, обилно помогната од припадниците на балканските народи, сепак не успеала да се задржи во Македонија и заминала кон Косово. Непосредно пред заминувањето,во Македонија избувнува познатото Карпошево востание. Се претпоставува дека воените дејства на Карпош се усогласени со дејствата на австриската војска, а индиција за тоа е титулата ,,Крал на Куманово,, што на Карпош му ја доделил австрискиот цар Леополд. Сепак, почетните успеси на востанието не довеле до поголемо проширување на ослободената територија

2. Указот на царот Леополд
По востанието, преживеаните востаници, но и многу обичен народ, поради страв од одмазда и несносливите услови во кои се нашла Македонија, побегнале далеку на север. Некои во Австрија, а други и во Русија, каде подоцна го создале познатиот ,,Македонски полк,,, кој е во состав на регуларната руска војска.
Од Македонците во Австрија, двајца ,се примени лично од царот Леополд (1657-1705), кој, откако ги ислушал нивните молби за заштита на Македонците, на 26 април 1690 година, издал Указ за заштита на македонскиот народ.

Од ова може се заклучува дека во тоа време нашиот народ јасно себеси се декларирал како македонски народ. За Македонците како доминантни жители на Македонија, постојат и низа сведоштва уште пред Карпошевото востание и тоа во 15 и 16 век.

Македонската нација во документите од 18. век!

Како Македонци (и тоа јасно издвоени од Бугарите и од Србите) се декларирале и припадниците на Македонскиот полк во Украина, кои во почетокот и средината на 18. век се населиле во Русија. Според зачуваните документи, најголемиот број од нив се декларирале себеси како припадници на (цитирам): македонската нација. Најпознат од нив бил генералот Иван Хорват (роден Македонец), кој во врска со преселувањето на бегалците христијани од Турција во Русија, во почетокот на 18. век, упатил молба до руските губерниски власти, за прием на овие бегалци во служба на руската војска, во која молба, помеѓу другото, пишува:
Православните народи: српски, македонски, бугарски и влашки со својата крв и оружје сакаат да и служат на нејзиното императорско височество, на мајката покровителка.

Во почетокот на 18. век извештај до руската царица Катарина II врска со молбата избеганите христијани од Турција да бидат примени во Русија упатил и Бестужев-Рјумин, кој во извештајот напишал:

Православните народи: Срби, Македонци, Бугари и Власи сакаат да и служат на нејзиното императорско височество со крв и со оружје... Во мирно време, тој корпус составен од Срби, Македонци и Бугари - православни народи, еднородни со нас и познати по својата храброст во целиот свет, од ден во ден ќе се размножуваат и во случај на потреба ќе бидат од корист без некои посебни расходи од страна на Вашето императорско височество.
На крајот само ќе пренесеме дел од евиденцијата на припадниците на Македонскиот полк во Украина. Евиденцијата се состои од пополнет прашалник, во кој се содржани следниве прашања (ќе ги предадеме заедно со одговорите на еден од членовите на Македонскиот полк):

ИМЕ: ЃОРЃИ ПЕТРОВ;
ВОЗРАСТ: 39 ГОДИНИ;
ГОДИНА НА ДОАЃАЊЕ ВО РУСИЈА: 1752;
МЕСЕЦ: 24 ОКТОМВРИ;
НА КОЈА НАЦИЈА ПРИПАЃА: НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА;
БРАЧНА СОСТОЈБА: ЖЕНЕТ СО ТРИ СИНА;
ДАЛИ Е ПИСМЕН: ДА;
ДАЛИ БИЛ ОСУДУВАН:
НЕ.
Во гореспоменатиот документ (за првпат кај нас презентиран од страна на Д-р. Александар Матковски), имаат одговорено вкупно 74 лица. Сите се декларирале како припадници на македонската нација. Некои од нив се: Анте Добринов, Тодор Василев, Иван Ангелов, Стефан Андреев, Иван Ширевски, Василиј Леонтов, Саво Мокров, Иван Петров, Петар Банов, Матеја Такарев, Василиј Михајлов, Гаврил Михајлов, Тодор Орловски, Томе Манојлов, Иван Симонов, Ѓорѓија Димитров, Константин Попов, Дамјан Белобордовски, Ордан Турчев и др., од што и дека добар дел од овие имиња и презимиња се и денес меѓу Македонците. Тоа е средина на 18 век (1739-1752 година), а сите до еден јасно се декларирале како припадници на македонската нација! Ова е уште еден студен туш врз свеста на платениците од агресивните антимакедонски пропаганди...

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 15091 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,62 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 60

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Најстариот кадар од македонската Филмска уметност
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: