Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Праисторија > Опсерваторија Кокино
Кокино како Света планина
Сподели на Facebook
Според историските и археолошките податоци долината на реката Пчиња како природен коридор во централниот дел на Балканскиот Полуостров во далечното минато имала големо значење во преселбите на народите како и во воените походи кои се движеле во насоката север-југ.
При посетата на овој регион од левата страна на реката Пчиња лесно се забележува необичниот облик на планинскиот врв Татиќев Камен кој доминира на источниот хоризонт. 

Карактеристичниот изглед на андензитните карпи и природните пукнатини на праисториските жители им овозможиле на релативно лесен начин да обликуваат структури кои се користеле како планинско светилиште, како и елементи на мегалитска опсерваторија. Сите овие структури распоредени се на две скалесто поставени платформи со висинска разлика од дваесетина метри. 

Археолошките истражувања на локалитетот започнаа во 2001 година и уште при првите откопи беше евидентно дека се работи за еден од најбогатите археолошки локалитети од бронзенодопскиот период во Република Македонија.Систематските археолошки ископувања кои продолжија во наредните години открија големо количество археолошки материјал, пред се фрагменти од керамички садови како на пример:поголеми и помали чинии, големи бико-нусни амфороидни садови, варијанти на лонци за готвење на храна, повеќе типови на шољи и кантаросовидни садови, камени секири, рачни мелници за мелење жито, пирамидални тегови итн. 

Посебно значење има ископувањето на калап за лиење на бронзени секири и приврзоци кој за првпат се наоѓа во Македонија, но и во поширокиот регион. Формите на керамичките садови хронолошки му припаѓаат на целиот период на бронзеното време во Република Македонија, при што најраните наоди се датираат во периодот на раното бронзено време (19 - 17 век п.н.е.), а доминираат садовите од доцното бронзено време (14 - 11 век п.н.е.). Се работи за монохрома керамика која во разни варијанти може да се сретне на еден поширок централно-балкански, јужно-тракиски и македонски простор, но со елементи на локална еволуција. Нејзини најблиски паралели се во истовремената керамика од пра-историските населби од средно и долно Повардарие, а во периодот на доцното бронзено време и во керамиката на културните групи во долината на реката Јужна Морава. 

Најновите истражувања и пронајдените артефакти покажаа дека локалитетот бил населен во 7 век п.н.е. што ја продолжува неговата употреба на повеќе од 1200 години. Токму затоа на локалитетот, но и во поширокото подрачје се наоѓаат огромни количества на фрагментирана керамика. 

Повеќе топографски карактеристики на локалитетот како што се добра видливост од највисокиот дел на ридот, кон кој се стигнува преку поширока пристапна патека огреана од сонцето, укажуваат на негова употреба како света планина на која се изведувани планински обреди, врзани за верувањето на праисториските жители дека карпестиот планински врв е место каде присуствуваат боговите и каде е можно да се комуницира со нив.

Еден од планинските обреди, за кој се утврдени археолошки траги на  источната страна на највисокиот дел на локалитетот, бил врзан за култот на плодноста. Имено, откриени се фрагменти од садови во неколку природни цепнатини во стените, понекогаш дооформени, приближно кружно во горниот дел. Вака оформените мали јами биле затрупувани со земја и поситен камен, откако во нив ќе се депонирале садови полни со дарови. Суштината на култот е во восприемање на карпестиот планински врв како тело на Големата Божица Мајка, а цепнатините во карпите како отвори во нејзината утроба.

Вториот обред кој сигурно се изведувал на врвот на планината имал изразито соларен карактер.  За изведување на овој обред древните жители изработиле посебни места во карпите на локалитетот и тоа на двете платформи. На долната платформа на локалитетот доминираат посебно изработени камени седишта познати како тронови. Троновите се изработени точно во насоката север-југ, па затоа човекот кој седи на некој од троновите со лицето е свртен кон источниот хоризонт и ги набљудува настаните кои таму се случуваат. На овој хоризонт на врвот од карпата постои специјално обработен маркер кој се наоѓа веднаш под највисоката кота на локалитетот. Обредот се случувал во средината на летото (денес во последниот ден од јули) кога Сонцето изгрева точно во отворот на камениот маркер. 

Обработката на маркерот е со голема прецизност, така што растојанието на неговите надворешни вертикални страни сосема кореспондира со дијаметарот на Сонцето, гледано од вториот престол. Бидејќи маркерот во минатото веројатно бил покриен, се јавувал ефект на силен сончев зрак, кој минувал над горната, источна платформа на локалитетот која има облик на поголема просторија, а во која можеби биле собрани учесниците во овој ритуал. За да може сончевиот зрак да падне на еден од троновите, луѓето изработиле посебна траншеа (засек) во вертикјалната карпа која ги одделува горната и долната платформа на локалитетот. 

Сончевиот зрак во обредниот ден поминува точно покрај десната ивица на траншеата и паѓа само на вториот трон. Фактот дека сончевиот зрак осветлувал само еден од учесниците во церемонијата, кој седел на еден од троновите а веројатно опкружен со племенските првенци, укажува на неговата посебна улога во неа. Тоа бил веројатно племенскиот старешина кому, на овој начин, божественото Сонце му го пренесувало својот легитимитет и овластувања во овој обред. Ова е еден од најважните обреди на планинските светилишта посветен на соединувањето на небеското божество со Големата Богинка Мајка, соединување кое гарантирало нов циклус на обнова на природата. 

Крајот на јули е времето кога завршуива жетвата, па затоа овој обред веројатно бил поврзан и со одбележувањето на крајот на жетвата.Според верувањето на луѓето од тоа време во моментот на осветлување владетелот ритуално се соединувал со Богот Сонце и тоа било гаранција дека и идната година ќе има богата жетва, добар и мирен живот. За тоа сведочат и археолошките наоди во просторијата која се наоѓа на горната платформа веднаш под камениот маркер на кој се појавувало Сонцето во ритуалниот ден.На ова место, во 2001 година, за прв пат беа извршени археолошки истражувања и од овој простор со површина од околу 100 м2 беа ископани околу 1 000 килограми керамика од бронзениот период а при тоа, што е посебно интересно, во овој простор се ископаа дваесетина рачни мелници за жито. Затоа со голема сигурност може да се каже дека на локалитетот во минатото се изведувале некои ритуали поврзани со денот на жетвата.

www.kokino.org.mk

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7212 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 73

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Лука апостол и евангелист
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
 Елијан за Македонците
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Македонските рудници во II Светска војна
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: