Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 3265
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани

За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Држава, етимолошко поимање
Сподели на Facebook

Држава (итал.”Stato”, фр.”etat”, анг.”State”,герм.”Staat”, рус. ”держава “ и ”государство”) е посебен тип на општествена организација кој се појавува со делењето на општеството на класи.

Тоа е организација на власта од владеачката класа која таа власт ја користи за зацврстување и одбрана на економскиот, политичкиот и општествениот поредок кој одговара на нејзините интереси.

Поимот држава е релативно од понов датум. Старите народи, големите државни творби од поедини народи едноставно ги означувале со имињата на конкретниот народ кој ја формирал таа политичка заедница ( Персијанци, Македонци, и.т.н) но Грците (Хелените) и Римјаните на пример познавале и посебен градска држава како општествена организација (полис,,лат. “civitas”).
Римјаните државната заедница ја нарекувале “republica” (република) но се задржало старото означување кон народите “gens” и “populus Romanus”.Значи тие државата ја нарекуваат со името на градот но и народот го носи истото име па има Атински народ (Атињани), Римски народ (Римјани), Тебански (Тебанци), Византиски народ ( Византијци) и.т.н.

Припадноста кон градот или народот од времето на робовладетелството, Средниот век го заменува со територијалното начело за припадноста кон земјата. Средновековниот македонски поим (исто и руски) за држава “держава“ е израз за патримонијалното сфаќање по кои владетелот ја ДРЖИ ( “ДЕРЖИ”) својата земја (државината, лат.”detentio”, “possession”) како земја со која владее, наследена од предците, како татковнина или оставнина ( слично на тогашните западноевропски феудални држави – “imperium”,”dominium”).

Во Душановиот законик, државата се споменува како целата територија која царот ја држи (Чл.39), но ги означува и оние територии кои ги држи властелата како своја држава (Чл.57). Затоа и се набројуваат сите народи кои ги населуваат тие земји и територии и кои царот ги “држи” (“...цар македонскаго, сербскаго, угарскаго, бугарскаго, ..“).

Во литературата поимот за држава прв го употребува Макијавели (“Il Principe “, 1513 ), означувајќи ја со изразот “status” (итал.“stato” ) онаа состојба која во античкиот Рим се третира како правна состојба, индивидуална (“status libertatis”, ”status civitatis”) или колективна (“status republicae Romanae”). Во Средниот век, овој израз означува политичка состојба, поредок, претставништво на тој поредок (во Италија, Сицилија и Пиемонт – “stati generali” а во Франција - “etats generaux”), државната заедница која ја претставува вршителот на власта. Во Велика Британија се појавува во XVI век во делото на Т.Стеркис “England” (1638).Ренесансата а посебно буржоаските револуции, го афирмираат поимот за држава (и мислителите од XVII, XVIII век – Хобс, Лок, Монтескје и Ж.Ж.Русо).


Макијавели прв се обидува попрецизно да го одреди поимот "Држава"

Од своето постоење државата постои како единство на противречности. Таа ги штити интересите на владеечката класа во форма на оддржување одреден правен поредок и примена на монопол за физичко насилие кога и каде и да затреба. Штитејќи го одредениот начин на производство, државата обезбедува општи услови за егзистенција на тоа општество.

Таа ја штити владеачката класа и со тоа што ги штити нејзините заеднички интереси, со оддржување на одреден државно-правен поредок кој гарантира услови за владеење на целата класа, што пак не значи дека таа во секој конкретен случај застанува на страната од поедини припадници на таа иста класа. Државата е самостојна и има свои посебни законитости. Припадниците на државниот апарат кои ја сочинуваат јавната власт, градат на темелот од својата објективна позиција во општеството, посебни интереси и кон сите мандатори од владеачката класа во име на кое управуваат, и во извесен степен, зависно од конкретните историски услови, се осамостојуваат и спротивно од неа. Овие тенденции на релативно осамостојување на државата се зајакнуваат во поедини периоди од развојот на општеството во услови на релативна рамнотежа на антагонистичките сили ( апсолутна монархија, бонапартизмот во Франција, Бизмарковиот режим во Германија) и тогаш држават се наслонува на војската.

Државата како апарат на јавната власт е одвоен од општеството, со одредени привилегии и монопол во располагањето со организирана принуда, не може да се идентификува и подудара со владеачката класа. Низ истријата постоеле толку типа на држави колку што има и владетелски класи, т.е класни општествено-економски формации. Значи постоеле робовладетелски, феудални, капиталистички и социјалистички типови на држави. Но низ историјата различно и се третирани целите (функциите) на државата, т.е целите на политиката која ја спроведуваат нејзините органи. Тоа се различните идеалистички теории од Платон ( за остварувањето на добрата и праведноста) па до Л.Штајн ( за создавањето на наткласно владеење и ускладување на интересите од класите во една целина) и разни фашистички теории за корпоративни и тоталитарни држави како и марксистичко-комунистичките теории за државата кој одумира и владеењето на пролетерјатот.

Во однос организацијата на врховниот орган (Шефот) државата има два основни облици: монархија и република, иако разликувањето на тие облици изгубило во острината со текот на историскиот развој. Монархијата може да биде неограничена, апсолутистичка и ограничена, уставна. Во однос пак на облиците од политичкиот режим државата може да биде демократска или автократска, а кон облиците на државното уредување, проста (внатрешна) или сложена (федрација, конфедерација и др.). Има и преодни државни творби : колонии, доминиони, мандати и др., со различен степен на независност и рокови за можно нивно стекнување.

( Користена литература : L.Gumplowicz, “Geschichte der Staatstheorien”, Insbruk 1905; F.Openhajmer, ”Staat” (Држава – превод),Загреб 1921; S.H.C.Fifoot,”History of Sources of the Common Law”, London 1949; G.Gurvitsch,”L`idée du Droit Social”,Pariz 1932; H.Nawasky,”Allgemeine Staatslehre, I t., Keln 1945 ,..)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3349 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,1 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 06 септември 2010
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Според сметањето на православната црква
--------------------------------
 Најстариот пајтон во Македонија – 150 години
--------------------------------
 Филип и Александар, најчести имиња во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: