Светиот Синод на Македонската Православна Црква го свикал Третиот црковно-народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид.
Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква на 23 јули 1958 година, заедно со целокупното свештенство донел одлука за свикување на Вториот македонски црковно-народен собор.
Првиот македонски црковно-народен собор се одржал во Скопје на 4 и 5 март 1945 година. На овој Собор зеле учество повеќе од 300 делегати - свештеници и мирјани.
Јурисдикцијата на Македонската православна црква - Охридската архиепископија по распаѓањето на Душановото царство била разделена во повеќе деспоства меѓу кои и кралството на Волкашин во кое влегувало и седиштето на Архиепископијата, градот Охрид.
Еден прст од другата дланка на светецот е и во манастирот со неговото име во с. Паралово. Тука го донел пред 20-тина години монахот Михаил кој преку свои луѓе од Цариград издејствувал да се пренесат дел од моштите на Св. Ѓорѓи во Македонија .
Во 1845 год., турската армија прави големи реорганизации на своите управи и трупи.
Во средината на IV век п.н.е во македонската постојана војска, пешадијата е главно пополнувана од селанството а коњицата од племството и земјопоседничката аристократија.