Преписка на С. Новаковиќ со Министерот за просвета

Стојан Новаковиќ е свесен за силината на македонската национална идеја во крајот на XIX век. Тој низ Македонија го чуствува националното будење на Македонците, па за успех на српската пропаганда препорачува нужно приближување со македонистите.




Факсимал од писмото на Стојан Новаковиќ до Министерот за просвета и црквени работи во кое му ги изнесува своите предлози

Заради бугарската пропаганда која најлегално е во Македонија вкоренета и слободно си работи под закрила на црквата, а по добиеното право врз Македонија, истата зема се повеќе адепти и има успех во одредени средини. Српската, немајќи своја црковна или друг вид закрила не може да се носи еднакво со бугарската пропаганда. Новаковиќ во писмото до Министерот анализирајќи го сето ова наведува дека по 1870 година па натаму македонизмот како автохтона идеја на Македонците би било најдоброто оружје со кое Македонците би се отргнале од бугарската пропаганда заради што препорачува првична поддршка на истиот. Со текот на времето во македонизмот би се уфрлале се повеќе српски елементи во што Новаковиќ гледа како краен резултат посрбување на Македонија.

Во пимото тој вели:

„Бидејќи бугарската идеја како што ни е на сите познато фати длабоки корени во Македонија јас смеатм дека е скоро невозможно да се поколеба изнесувајќи ја наспроти само српската идеја. Таа идеја се плашам не би била во состојба како чиста и гола спротивставеност да ја потисне бугарската идеја и заради тоа на српската идеја од помош ќе и е некаков сојузник кој би бил ОСТРО ПРОТИВ БУГАРИЗМОТ, А КОЈ БИ ИМАЛ ВО СЕБЕ ЕЛЕМЕНТИ КОИ НАРОДОТ И НАРОДНИТЕ ЕМОЦИИ МОЖАТ СО СЕБЕ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ отцепувајќи го од бугаризмот. Тој сојузник јас го гледам во МАКЕДОНИЗМОТ или во извесни мудри граници обележено негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ. Опасности во овие операции за српската идеја нема никакви за тоа, оти Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите во оној час би му помогнал на србизмот штом бугаризмот се одвои и со истото би се помешал...“

Од ова се гледа дека и Новаковиќ е свесен за непомирливоста на македонскиот народ со бугаризмот за што и вели она за што е свесен : "НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ".

Се поставува прашањето за бугарските пропагандисти - Зошто би бил македонизмот толку во непомирлива позиција со Бугарите и нивните тенденции за бугаризација на Македонија , ако се си Македонците "Б`лгари по род"?!

Нели си е најприродно - да си го прифатат ако навистина се ис тоа ?!.. Но не се, за што е свесен и Новаковиќ, па гледа да влезе во спорот и незадоволството да го сврте на своја српска воденица.

Значи по ова Новаковиќ свесно влегува во амбиција да го посрби македонскиот народ подоцна со други видови пропаганда, а надевајќи се на тоа што истиот нема своја државност, а со тоа и иднина за да може да развие свои училишта и образовен систем. Затоа во истото писмо тој ги нафрла чекорите кои веднаш ќе следат потоа, а тоа е издавање на „македонски буквар“, во кој пак во други писма кога пред истиот ќе се отпечати ќе препорача еден многу пропагандно-зол систем за посрбување на Македонија. Имено како што ќе се виде и од букварот на многу перфиден начин истиот и навистина на македонски јазик, меѓутоа уфрлени се 20% српски зборови точно како и што препорачува Новаковиќ во тие писма. За наредните препечатувања овие проценти се предвидувало да се зголемуваат се дури и целосно не се истисне македонскиот јазик. За ова печатење на букварот визионерски уште во ова писмо тој пишува:

„„Македонскиот буквар“ кој наскоро се надевам ќе го отпечатиме во Цариград ќе ги удари основите на оваа работа, макар што потребата од тој буквар се правда и од многу други потреби и погледи. Но освен „букварот“ добро би било да работата пошироко се негува и изразито се зајакнува“


Насловната страница од „Македонскиот буквар“ издаден 1888 година во Цариград, а за полесно придобивање на Македонците на српска страна


Страна 12 и 13 од букварот од кој се гледа уфрлањето на српски акцентирања и зборови на поедини македонски поими за предмети


Страна 39 од букварот од која исто се гледа првичното продирање на српски зборови во македонскиот јазик


Насловна страница на Читанка за II одделение отпечатена во Цариград 1890 година, а со цел понатамошно придобивање на македонскиот народ на српска страна


Прва страна на Читанката за II одделение од која се приметува понатамошно продирање на српски зборови во македонскиот јазик, за свои пропагандни српски цели