Македонците ученици зафатени од спрското пропагандно друштво „Св. Сава“ се допишуваат со министерот за просвета на Србија и Главниот одбор на „Св. Сава“.
Македонците ученици во Солунската бугарска гимназија свесни дека се под бугарска пропаганда ја напуштаат истата во октомври 1888 година. Истовремено поднесуваат молба до министерот за просвета на Србија мислејќи дека таму нема да бидат изложени на таква жестока асимилација. За жал подоцна ќе се уверат дека и Србите не се ништо подобри од Бугарите па ќе ја напуштат и Србија. Меѓу учениците има и подоцнежни познати македонски револуционери како што е основачот на ТМОРО Даме Груев. Тие минејќи низ двете пропаганди на најдобар начин ја увидеа целта на Србија и Бугарија, а во однос на македонскиот народ и токму затоа до крајот на својот живот добар дел од нив ќе се борат против истите.
(Од архивот на Србија и делото Граѓа за историјата на македонскиот народ том 4 книга 3 (1888-1889 година) Белград 1987 година)
Димитрија Мирчев, Македонец родум од Прилеп ученик во VI одделение на српската гимназија му пишува писмо на претседателот од српското друштво „Св. Сава“ со известувања за напредокот на српската пропаганда во Македонија но и барање за парична помош. (декември 1888 година)
(Д-р Јордан хаџи Васиљевиќ, „Споменица друштва Св. Саве (1886-1936), страна 300)