Руски планови за делба на Турција пред Сан Стефано

Интересно е дека во сите планови за поделба на Отоманската империја од страна на Русија, а пред Сан Стефано, кои им ги предлага на др. Големи сили, ВО НИТУ ЕДЕН МАКЕДОНИЈА НЕ Е СТАВАНА КАКО ДЕЛ ОД ЕВЕНТУАЛНА БУГАРИЈА!


Напротив сите овие планови покажуваат дека Русите мн. добро ја увидувале посебноста на македонскиот народ, што и авторот особено го потенцира со јасна дистинкциа од Бугарските пропаганди.


Првиот план на иницијатива од Екатерина II

1. Првиот план е на иницијативата од Екатерина II во 1788 год., која дури во 1800 год. грофот Ростопчин му предложил на Павле I, да ја поделат Турција, при што:

* Русија би ги зела Румелија (во чиј состав е и Македонија), Бугарија и Молдавија.
* Австро-Унгарија би ги зела Босна, Србија и Влашко.
* Прусија би ги добила Хановерското курфирство, Падернборското и Минстерското епископство.
* Франција би го добила – Египет.
* Грција со островите и архипелагот би формирала република.

Наполеон Бонапарта коиницијатор со рускиот цар Александар I при вториот план

2. Вториот план е меѓу Рускиот цар Александар I и Наполеон, договорен во Тилзит. Со него:

* Русија би ги зела Бесарабија, Молдавија, Влашко и Бугарија до пл. Балкан.
* Франција би ги зела Албанија, Тесалија, Мореја и Кандија.
* Австро-Унгарија би ги зела Босна и Србија и Краина.
* Турција би ги задржала Мала Азија, Египет, Константинопол и Румелија чиј дел е и Македонија).

3. Третиот план е на цар Николај I, кој во 1828 год. во гр. Каподистрија му го предложил на Тајниот комитет свикан од него а за политичко преуредување на Балаканот. Мн. интересно е со овој план што БУГАРИТЕ СЕ ПОИСТОВЕТУВААТ СО СРБИТЕ и се ставаат под Србската држава, па сега ако ги следиме Бугарските Санстефански небулози - докази со Македонците под Бугарија и влечењето од тоа бугарски корени, тогаш можеме да заклучеме дека Бугарите се пак Срби. Зошто? – Па еве доказот е овој

Николај I за создавање на посебна македонска држава
неостварен (како и Сан Стефанскиот) Руски план.

За македонскиот народ е уште позначаен овој план на Николај I, што истиот предвидувал СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА и тоа не било каква но со Тракија, Епир, Грција и архипелагот под себе. И сега ако и ние ги следеме како што Бугарите ја следат Сан Стефанската фикција, треба да бараме се што опфаќал пак овој Руски план. А што тој се предвидувал? Со него се разбивала Отоманската империја и се создавале нови држави и тоа:

* Дакија во која би биле Моравија и Влашко.
* Србија во која би влегле Србија, Бугарија и Босна.
* Македонија во која би влегле Македонија, Тракија, Епир, Албанија, Грција и острови од Архипелагот.
(Трите плана се во цит. дело од К.Слалковски стр. 323 – 324)

4. Четвртиот план е можеби најзначајниот затоа што освен за полтичките најјасно ги покажува националните оти со него се предлага делови на Македонија да бидат посебни провинции со управа на “Македонски Словени, а не од Бугари”. И еве што конкретно во своето дело од цитираната книга на стр. 342 пишува К.Слалковски:

“Во 1897 год. за време на грчко-турската војна, беше пуштен глас за таен сојуз меѓу Бугарија, Србија и Црна Гора, со одобрување на Русија, каде што однапред се поделени турските провинции. Но тој глас, немал основа војната само уште посилно ја покажа непомирливоста на интересите на одделни балкански народи. За да го смират христијанското население на Европска Турција, тие препорачуваат таа да се подели на пет провинции ПО НАЦИОНАЛНОСТИ:

* Тракијаска провинција со Константинопол.
* Солунска - јужна Македонија, Халкидикискиот Полуостров и Епир.
* Скопска – северна Македонија.
* Охридска или Битолска – средна Македонија и
* Скадарска – од Албанија

Во Тракискиот и Солунскиот вилает, администрацијата би можела да биде формирана од Грци и Турци, во Скопската од Срби и Турци, во Скадарскиот од Албанци и Турци и во Битолскиот од МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНИ, Турци, Куцовласи и Грци, НО НЕ И ОД БУГАРИ. Притоа, како Македонија, така и Тракија, треба да бидат одземени од управување на Бугарскиот егзарх, зашто Бугарските архиереи и учители што ги поставува Бугарската егзархија по препорака на Бугарската влада, се агенти на последнава“.
(завшен цитат од Слалковски)


По грчко-турската војна следуваат препораки за нова поделба на европските територии под Турција