РУСКИ НЕПРИСТРАСЕН ПЕЧАТ

Неделникот “Весник и библиотека за самообразование” издавачка куќа (компанија) “Брокхауз - Ефрон”.


Покрај бројните периодични изданија кои излегуваат во Русија при крајот на XIX век и почетокот на XX век, во 1903 г. во Санкт Петербург излегуваше и неделникот “Весник и библиотека за самообразование” во изадание на познатата и авторитетна издавачка куќа (компанија) “Брокхауз- Ефрон”.Таа веќе имаше репутација со печатењето на Големите Енциклопедии во Русија, најголемите и најсолидните до тогаш.

Неделникот обработува прашања од сите области со цел и јавноста да биде запознаена со истите.
* Во броевите – 1 и 3 од 1904 г., а при својата втора година на излегување, весникот има опширен прилог


Македонецот од Дебар во неделникот Весник и библиотека за самообразование од 1904 година
под наслов – “Македонија и македонското прашање“ од автор со иницијали Ир.П . И ова е еден редок обид за неутрален и непристрасен а опширен новинарски преглед на случувањата во Македонија. Со текстот се и бројни илустрации од Македонија како – “Македонец од Дебар”, “Македонци од околината на Солун” и.т.н. како и карта на Европска Турција, со означена Македонија во своите етнографски граници. Текстот се објавува во 1904 г., кога и покрај засилените и жестоки соседски пропагнди, подржани со терор, Македонците се изјаснуваат за –Македонци, а ги отфрлаат наметнуваните српско - бугарски пропаганди.

- Дилема нема во описот на етнографските граници на Македонија. Како и кај Ладиженски од почетокот на XIX век иако Македонија е разделена на вилаети кои завлегуваат и во други етно граници како Косовскиот и Андријаполскиот, авторот низ нив ги влечи точните етнографски македонски граници. Како и пред еден век, дилема во однос на етно границите од македонскиот народ, нема.

- Дилема нема во однос на името Македонија како древно историско, со директни корени од најславната македонска историја кога Македонците под Филип и син му Александар, владееја со светот. Во официјалниот турски јазик за авторот не постои ова име, за кое пак ќе рече:

“Тоа побргу е историско име што го зачувало за нас сеќавањето на СЛАВНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЦАРЕВИ : АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ, ОСВОЈУВАЧ НА СВЕТОТ, И НЕГОВИОТ ТАТКО ФИЛИП.“

- Дилема нема дека Македонија е населена со Македонци (или и Македонски Словени) а не Срби или Бугари. Ако и се спомнуваат, текстот ги разграничува од Македонците, пример:

“...Се појавија школи и др. учебници установи во кои ПРЕПОДАВАТЕЛИТЕ СРПСКИ ИЛИ БУГАРСКИ ИМ НАТУРААТ на своите ученици соодветни идеи и ГО ПРЕПРАВААТ НИВНИОТ ГОВОР НА ЧИСТО СРПСКИ ИЛИ ЧИСТО БУГАРСКИ НАЧИН. И навистина, не ретко учениците излегуваат од тие школи со наполно создадено тврдо убедување дека се тие вистински Срби или вистински Бугари – “МАКЕДОНСКИ СРБИ “ и “МАКЕДОНСКИ БУГАРИ“.

Авторот овие туѓи образовни сплеткарења уште повеќе ги изразува кога вели дека дури и терминот БОЛГАРИН, Б`ЛГАРИН, Македонците не го изговараат по Бугарски, туку на српски – БУГАРИН.

ФАКТ 1 – Ако и се појавело нешто друго освен македонската национална САМОСВЕСТ, тоа не е самосвест, но НАМЕТНАТА СВЕСТ. Низ јасно посочен пропаганден процес обележен со ПРИНУДА, ПРИТИСОК, а безобѕирно користејќи ги добиените црковно - образовни тапии, како и беспомошната ропска положба на Македонците.

ФАКТ 2 - Ова покажува дека се работи за ПОСРБУВАЊЕ или ПОБУГАРУВАЊЕ на македонскиот народ, како што истовремено се ПОГРЧУВАЛО, ПОТУРЧУВАЛО, АЛБАНИЗИРАЛО или ИСЛАМИЗИРАЛО од туѓинците кои ги имале различните средства на принуда во свои раце. (Овој процес подоцна го објаснува А.В.Амфитетров, во неговите текстови што следат тука).

- Дилема нема дури и во однос на исламизираните Македонци и другите исламизирани народи.
За подобро сфаќање на пропагандите, авторот ни дава приказ низ потурчувањата и исламизирањата не

Исламизирани Македонци од Солун во рускиот неделник од 1904 година
само на Македонци но и на Бугари, Срби и др. Набројувајќи кој се ја населува Македонија, добро ќе ги објасни исламизираните Македонци и Албанци, успоредувајќи го тој процес со туѓите како кај Бугарите (Помаци) и Србите. Давајќи официјална бројка од 2.258.000 жители на Македонија, го проблематизира одредувањето на некои народности за што вели:

• “Нема можности да се определи точно и количеството на представниците на оваа или онаа од многубројните народности на Македонија. И тоа, пред се затоа што турската влада не признава народности или националности, таа признава поделба на населението само во религиозен (црковен) однос и по јазикот. Поради тоа, сето население се дели на “правоверни” (муслимани) и “неверни”, при што сите муслимани се признаваат како Турци но всушност исламот го исповедуваат не само коренитите Турци (Османлии), туку и многу потурчени, т.е лица преминати во муслиманство во разни времиња, дури и цели населби, градови, области ОД ДРУГИ НАРОДНОСТИ КАКО НА ПРИМЕР БУГАРИТЕ (ПОМАЦИТЕ), СРБИТЕ, АЛБАНЦИТЕ и др. Ете и тие муслимани се бројат како Турци, иако како потурчени зачувувајќи го својот роден јазик тие само се преминати кон владејачката религија. Навистина тие потурчените сосем се загубени за својата народност, дури и почесто како и сите прекрстени и ренегати, се јавуваат како позли непријатели на своите истоплеменици, кои си останале цврсто на својата вера. Малку е тоа, тие се Турци со славјанска или албанска крв и внесуваат жива освежувачка струја во изживеаниот распаднувачки османлиско - муслимански свет, поголемиот дел од напредните турски дејци се токму од таквите потурченици”.

ФАКТ 1 – Tурски статистички систем, признава ЈАЗИК А НЕ НАРОД . Имајќи на ум дека во Македонија, Турците за пари дозволувале Српски, Бугарски и Грчки училишта, јасни се статистиките со ЈАЗИЧНА поделба (тур. Јазик-“милет”). Соседните пропаганди ќе ја користат оваа неправилност па ЈАЗИКОТ СИ ГО ПРЕВЕДУВААТ ВО НАРОД(?!). Колку е ова неодржливо ќе се сфати кога денес сите народи (колонии и др.) кои службено го користат англискиот или шпанскиот јазик би ги прогласиле за Англичани или Шпанци, само заради јазикот(?!).

ФАКТ 2 - Колку е неправилно ова, говори и религиозната поделба на муслимани и неверни, а не ги разграничува доплнително народите кои двете вери во себе ги содржат, особено исламот. Но дури и кај

Македонците јасно разграничени како посебна етничка целина кај рускиот неделник од 1904 година
ИСЛАМИЗИРАНИТЕ авторот ГИ РАЗГРАНИЧУВА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИТЕ, СРБИТЕ, АЛБАНЦИТЕ И др. кои ги наведува под “ДРУГИ НАРОДНОСТИ”.

ФАКТ 3. - Авторот загатнува и нов момент кој пропагандите го користат, моментот на ОДРОДНИШТВО. Одродникот морајќи постојано да се докажува на новата си народност е ПОЖЕСТОК ВО НАПАДИТЕ НА СВОЈОТ НАРОД ПО КРВ, ОДОШТО НАРОДОТ КОН КОЈ ПРИСТАПИЛ.

• И не само турцизираните или албанизираните Македонци но ТУКА СЕ И СИТЕ ОНИЕ ПОБУГАРЕНИ МАКЕДОНЦИ, ОД МИНАТОТО НО И ДЕНЕС, КОИ СЕ ПОЖЕСТОКИ ВО НАПАДИТЕ ВРЗ СВОЈОТ - МАКЕДОНСКИ НАРОД ОД КОЈ ПОТЕКНАЛЕ, ОДОШТО САМИТЕ БУГАРИ. СЕ РАЗБИРА ИМА И СРБИЗИРАНИ И ГРЦИЗИРАНИ КОИ НА ИСТ НАЧИН СЕ ОДНЕСУВААТ, НО ПОБУГАРЕНИТЕ СЕ ПОСЕБНО УПОРНИ И НЕДОКАЖАНИ.

- Дилеми нема кога ја разобличува страотната и крајна расипаност на Грчките пропаганди врз македонскиот народ, од која бегајќи уште по губењето на црковната самостојност со укинувањето на Охридската архиепископија, дел паѓа и во пазувите на Исламот.

Имено по силното движење во Мегленско за своја самостојна македонска црковна независност, македонскиот митрополит Иларион и народот се накодошени кај дворот дека се побуниле и сакаат да створат Словенска држава.

ОВАА ТАЖНА СТОРИЈА ОД МЕГЛЕНСКО. ГОВОРИ КОЛКУ МАКЕДОНЦИТЕ БИЛЕ “ГРЦИ”, ЗАШТО ПОПРВО ОДБРАЛЕ ДА СЕ ИСЛАМИЗИРААТ СИТЕ ВО ЕДЕН ДЕН, ОДОШТО ДА ГО ТРПАТ ЦРКОВНОТО И ТУЃО НАЦИОНАЛНО ТУТОРСТВО И НЕПРАВДИ. Авторот за ова раскажува:

“Оваа кобна одлука митрополитот ја извршил во првиот ден од Велигден по завршувањето на литургијата, неколку дена пред доаѓањето на егзекуцискиот одред во Моглен. Овој одред требало да изврши и иследување и казна на злосторниците, зашто вселенскиот патријарх јавувал дека духовенството и првите највидни лица во Охридската епархија направиле заговор со цел да се урне турската власт и да се формира словенска држава. Владиката дошол во црквата крајно вознемирен во иста состојба се наоѓале свештениците, кои ги знаеле намерите на митрополитот. Иларион, обраќајќи се кон народот, заплакал и објаснил во што е работата, па рекол: “За да ги избегнеме мачењата и бесилките и за спасување на народноста, јас ви советувам да ја отфрлиме од нашата епархија катастрофата и со примање на муслиманската вера. Нека за оваа огромна несреќа и штета на Христовата црква одговара пред бога патријархот Самуил, кој Исуса Христа го носи само на јазик, а никако и во срцето, кој не се грижи за среќата на евангелиската вистина, туку гони политички цели на грчкото племе врз штета на другите народности на земјата.

И така браќа, јас сум принуден благословениот и радосен поздрав: “ Христос воскресе“, со кој ние досега се среќаваме еден со друг, да го заменеме со извикот: “бајрам баиролсун“. На таков неочекуван поздрав народот одговорил со плачење и лелек. Кога избраните се собрале во митрополијата на советување, решиле со тврдо срце, да го следат советот на митрополитот и да ја примат муслиманската вера, сите без разлика до еден, за да ги избегнат мачењата и истребувањето што ги очекувале. Примерот на митрополитот го следеле речиси сите населби на Могленскиот округ.
И не без причина Македонските Словени се плашеле од потчинувањето на фанариотското духвeнство. Кај Грците веќе се созадала мегали идејата“.


Средновековен приказ на прием нови верници во исламска вера

- Дилема нема во самостојноста на македонската борба. Ниту во категоричноста и решеноста на македонскиот народ за своја слобода и независност. И пак Македонците се разграничени од другите народи и во својата борба, за која во текстот се вели:

“МАКЕДОНЦИТЕ го преживуваат оној голем момент во животот на еден НАРОД кога зборовите “слобода или смрт“ престануваат да бидат само звучна девиза на патриотската агитација, туку се претвараат во неумолив закон на животот, не познавајќи отстапки и не запирајќи се на полпат. Борбата за слобода може да биде тешка и опасна, таа може да бара жртви и големи усилби, но порано или подоцна таа ќе заврши со славење на слободата, како што заврши во свое време таквата борба на ГРЦИТЕ, СРБИТЕ и БУГАРИТЕ, кои успеаја да го соборат турското иго“.


Значи прецизно е разграничена националноста на балканските народи – српскиот, бугарскиот и грчкиот


Опстанок на македонската етничка посебност и во најтешки услови на пропагандни посегања од соседите
од таа на македонскиот народ.

- Дилема нема во однос на САМОСВЕСТА на македонскиот народ и опстојот на неа и покрај ропска положба и зависноста од разните туѓи црковно-училишни пропагандни творби. Прашувајќи се авторот, веднаш и си одговара:

“Кога почнува таа преродба во Македонија, каков белег има? Одговорот е прецизен: “...среде образованите МАКЕДОНЦИ, има луѓе со ЗАДРЖАНО ПРЕЗДРАВО и ЖИЛАВО ЧУВСТВО НА НАРОДНОСТА, тоа наоѓа одзвук во масата на простите селски луѓе, на кои во неговите грижи за насушен леб немало кога да ги посетувааат грчките школи, а грчката проповед во црквата за нив останала неразбирлива. Се нашле понекаде и школи во кои не прекинало предавањето на црковнословенски јазик.“


Веднаш по ова авторот повикувајќи се на западноевропски и руски научници, уште подецидно ги двои Македонците од другите “Словенски” народи. Иако укажува и на “Словенско” сродство, сепак ги разграничува како народи. За ова, вели:

“Од друга страна, храбрите научници и други патешественици и западноевропски и руски инословенски, почнуваат да проникнувааат во Македонија, не ретко со опасност за животот и враќајќи се во татковината, гласно изјавуваат во печатот за словенството на населението на Македонија, за неговото блиско родство со соседните чисто словенски земји – со БУГАРИТЕ, СРБИТЕ, ЦРНОГОРЦИТЕ.“

И на крајот единственото нешто во кое авторот не може да се снајде до крај е објаснувањето на официјалната руска политика кон македонското прашање и ненарушувањето на рамнотежата на Балканот. Очигледно авторот бега од отворен судир со својата држава по ова прашање па бара начин да се снајде во комплексниот проблем, кој Русија си го наметна со повремените подршки на една или друга од инволвираните страни во Македонија. Нерешителениот став на Русија во преземањето посериозни чекори одошто демонстративните дипломатски изјави, протести и слични главно благи потези, авторот го објаснува вака:

“...во сегашно време Русија се јавува решителен противник на секакво нарушување на политичката рамнотежа на Балканскиот Полуостров. Поради тоа, изјавувајќи ги своите симпатии спрема македонското словенство што се наоѓа под турско ропство преку своите дипломати, заштитувајќи го пред турската влада, ги подржува сите оправдани барања КАКО НА САМИТЕ МАКЕДОНЦИ, ТАКА И НА БУГАРИТЕ И СРБИТЕ, навлегувајќи кон олеснување на судбината на угнетените, но не им дава никаква предност ни на оваа ни на онаа од македонските партии ни на оваа ни на онаа словенска држава што соперничат за Македонија но заедно со тоа решително се искажува против револуционерната дејност на македонските комитети.“


Официјален Кремљ во расчекор меѓу своите и интересите на државните негови творби на Балканот - Србија и Бугарија и македонското прашање

Токму овој официјален руски став, а со кој авторот не сака директно да се судри, беше една од причините за разгорот на странските пропаганди во Македонија. Тој став внесе збрка во националното ослободување, зашто токму тој им одеше во прилог на Бугарската и Србската пропаганда и цепењето на македонските револуционерно-ослободителни сили. Но авторот не пропуштил пак да ги разграничи интересите на Македонците од оние на Србите и Бугарите, уште повеќе ставајќи ги еден до друг уште повеќе ги разграничува како засебни народи. Повеќе пати ќе ги става едни до други Македонците, Бугарите и Грците кога ќе говори за егзархиско - фанариотските сплеткарења кај султанот (и против него во востанијата) и последиците од сето тоа на народите.