Софија – собир на револуционери како бугарски факт

Бугарската пропаганда во напрегањето да наоѓа “факти за бугарскиот карактер” на македонскиот народ ги употребува и собирните револуционерни центри во Бугарија.


Со лаги но и полувистини за целосен ефект, на читателот треба да му делуваат толку логични, што да доведат до краен заклучок за вистинитоста на овие пропагандни тези. Но доволно е мало расчепкување во оваа бугарска трулост и ќе се види колку е неодржлива.

- Бугарите вадат факт за бугарски карактер на македонскиот народ од тоа што Софија била фреквентно престојувалиште на македонските револуционери и организации ?! Запенавено прашуваат – Зошто токму во Софија се збирале ако не биле “Бугари”?


Брошура од Васил Главинов „Македонија и каде е надежта“ (Софија 1902) како дел од револуционерното движење на македонската емиграција во Софија

• Не е чудно збирањето, заради бројната македонска емиграција таму, но еве бугарските пропагандисти си го вртат ова на своја воденица. А свесни се дека ова се глупави тези зашто македонски револуционери, организации и друштва има не само во Софија но и во Белград, Женева, Санкт Петербург дури и во Стамбол. Ако се оди со ваквата бугарска логика кај се нашол некој во даден миг тоа е по народност тогаш уште повеќе има Бугари и бугарски организации низ светот па ќе треба и тие да се прогласат за народност според грдаот каде делувале?!

• Но тврдоглаво ќе вртат - остави Русија, Швајцарија ова е во Бугарија и Софија. Најдобар одговор на оваа глупавост е примерот со Софија – револуционерен центар на Албанците. Па ќе мора и Албанците да ги прогласат за “Б`лгари од прво качество” зашто Софија за нив беше уште посилен и можеби најважен револуционерен центар за целокупната албанска национална борба. Имено:

- во Софија има бројна албанска колонија од втората половина на XIX век. Големиот албански пропагандист, учител и книжевник Кристо Љуараси (1875 – 1934 год.) токму во Софија во 1897 год. ја основа најголемата и долготрајна албанска печатница “Напредок” (“Mbrothesia“). Во периодот од 1897 - 1920 год., покрај бројните списанија, печати и преку 150 значајни за Албанците книги. Многу од ова Љуараси го дели бесплатно за ширење на албанската пропаганда.

- во Софија се издава најдолготрајниот албански алманах - периодичник и бележник на сеалбанската историја и култура “Национален календар” (“Kalendari Kombatar“) во периодот од 1897 – 1928 год. Во него се објавувани прилози за албанското учебникарство, историја, книжевност, географија и полјоделство, но и песни од албански автори.

- во Софија е и една од најнапредните, најобразовани и прогресивни Албанки, Поликсена Љуараси која е една од носителите на активностите во албанското прогресивно друштво “Копнеж” (“Deshira”) основано 1893 год. во Софија. Ова друштво е најактивно на националното и образовно воздигање на Албанците.

- во Софија 1901 год. започнува да се издава еден од најзначајните органи на албанското национално движење “Светлост” под раководството на Шахин Колоња.

- во Софија од 1911 – 1915 год. се издава и списанието “Слобода на Албанија” (“Liria e Shqiperise“) под мотото: “Одбрана на правата на нацијата“ и многу други револуционерни национални албански. движење.


Софија центар на албанските револуционерни организации и друштва

(опширно во – “ ALBANIEN Vom Mittelalter bis zur Gegenwart” Peter Bartl, Rogensburg, 1995, стр. 158-159)