За “Сведоштвото” од пробугарката бароница

Гледајќи дека работата со западниот печат и дипломатските стеги е отидена предалеку, Бугарите трескавично бараат нешто во своја одбрана за терорите низ Тракија.


Нешто посигурно, некој авторитет или личност што ќе влева доверба, зашто само такво нешто може да ги подизвади.

- И ете, една не било која - но “бароница”, извесна Варвара Искул (?!). Зошто им била потребна бароницата (читај титулата)?

Едноставно и 100 “обични” сведоштва се топат во “величието” од сведоштвата на една бароница(?!). Сеедно моралните и карактеристики кои јавноста толку и не мора да ги знае. Зошто е психолошко - пропагандниот ефект секогаш на страната на титулираниот, на жалост од обичните смртници е друго прашање. Но Бугарите со ова сведоштво - се дозакопале.

- Писмото бароницата го пишува наводно до Г-динот Максим Ковалевски и е датумирано со 29 август 1913 год. (од Салсомаџоре). Првата реченица на бароницата е за Бугарија од која таа и “пријателот и” Максим очигледно биле ИМПРЕСИОНИРАНИ поодамна иако не знаеме од кои причини?! Ова се увидува веднаш кога почнува со:

“Драг мој пријателе, толку многу ти зборував за Бугарија и ти секогаш толку многу се интересираше за таа тема, што не се колебав да ти пишам, зашто вистината е моја обврска“.

- Таа “толку многу му зборувала“, а тој “толку многу се интересирал“, што дава целосно пристрасни личности кон Бугарија уште многу пред настаните, па од нив и не се очекува друго.

- По ова веднаш врши напад на написот од Лондонскиот весник како “измислен” од дописникот, но чудно неговите истражувања во врска со теророт ги нарекува “повеќе или помалку измислени“. И веднаш за да се објасни во оваа своја констатација вели:

“Велам, повеќе или помалку вистинити, зашто ми изгледа дека post faktum, со оглед на ставот на бившите воинственици, националните карактеристики и заедничките страсти, речиси е невозможно да се дојде до целата вистина“.

Бугарите под притисок од бројните сведоштва објавени во западниот печат за дивеењата низ Едрене бараат свои „сведоци“

- Иако вели “речиси е невозможно да се дојде до целата вистина“, бароницата тргнала во мисија да не доведе до – целата вистина?! (но нејзината). Почнува со идилична слика на Едрене, град стратешки важен за сите инволвирани та не малку борби се водени, но од описот на бароницата ќе се помисли дека тука небаре немало ништо.

- Од сето нејзино искажување се спознава уште еден факт за нејзиното бугарофилство. Имено дека таа таму влегова со Бугарите и нивните војници, како медицинска (милосрдна) сестра која токму нив ги лекува, преврзува носи и сл. Овој дел го објаснува вака:

“Отидов во Адрианополе на третиот ден од бугарската окупација и мојот прв впечаток при влегувањето во градот беше длабока зачуденост за редот во владеењето, наспротив фактот дека полицијата тогаш броела 30 луѓе“.


Бароницата во Едрене влегува со бугарските војски

- Зачудува овој “факт” - само 30 полицајци на толкав град, но фактот и е од втора рака што се осознава од она “броела“, што укажува дека и самата не е сигурна (?!). А “случајно”ја заборавила војската која во сведоштвата ги прави злосторствата, па е јасна потребата од ова пренасочување со полицајците. Може да се толкува и дека е намерно мал бројот на полицајците, колку да се рече (?!).Ова што бароницата го заборавила па самата си ја руши тезата токму со нејзиното натамошно сведоштво се осознава веднаш од продолжението:

 “Улиците БЕА БУКВАЛНО ПРЕПЛАВЕНИ СО ТРУПИ што одат ваму - таму, очигледно радувајќи и се на победата, но без ништо што би можело или би имало намера да ги навреди победените“( ?!-з.н, јасно е и зошто веднаш брзањето да се нагласи дека тие кон победените се “хумани” за разлика од другите сведочењата). Но што прави оваа војска? За ова самата бароница пак вели:

“Кај џамијата Султан Селим имаше голема толпа, која се обидуваше да влезе, но вратите беа затворени, а стражарите одбија секакво влегување. Кога ме видоа облечена како милосрдна сестра, придружена од лесно ранет бугарски полицаец, тие не пуштија внатре преку една странична вратичка каде што немаше гужва. Кога прашав зошто не ги пуштаат луѓето внатре без посебна дозвола, стражарот одговори дека војската направила некакви штети во првиот ден,за што веднаш биле превземени мерки.“


Џамиите во Едрене цел на бугарското варварство

- Иако по ова бароницата ќе ни дава некој чуден и “совршен ред” на околината кога таа барала некакви оштетувања и пљачки од Бугарите та нашла само една дупка на покривот ( ?!-з.н), јасно е зошто војската не го пушта народот. Што ќе видат кутрите Тракијци кога Бугарите се испљачкале, но јасно е и дека додека за нив нема приод, за бароницата која лесно ранет Бугарин води, се и е дозволено. Особено во пропагирањето наводна бугарска хуманост и милостие кон несреќните Тракијци.