Ритих за Српската пропаганда во Велес и Велешко

Српските пропагандисти кога се фаќале за српски “факти”, нив го наоѓале во натписите на фреските и црковните книги , т.е старословенскиот си го читаат за – српски. За сето ова Ритих вели:


“Србите ни обраќаа внимание на тоа дека тука нема член, т.е нема бугаризми колку таа забелешка во дадениов случај е правилна, оставам да просуди специјалист. Црковните книги, како и насекаде, беа испратени од Русија и се однесуваат до времето на царствувањето на Николај Павлович и Александар II“.


Лазар Петровиќ (1855-1903) од Башино село по преземањето на српската пропаганда, целосно во служба на српската држава
Понатака Ритих ги постеил и “српското” и “бугарското” училиште во Башино Село чии деца двете пропаганди вака ги разделиле впрочем како и народот.

Српските пропагандисти се фатиле токму за натписот на бугарското училиште кој гласел – “Башино селско училиште”, што си го толкувале како српски факт оти во натписот го немало бугарскиот член. Бугарите (лицето Шопов) се правдале со тоа дека во случајот членот - “то” не требал. Ритих за тоа колку Шопов е во право, остава да решат јазичарите, за да потоа продолжи:

“По враќањето од Башино Село во Велес, ние престојувавме во велешката српска школа и кај бугарскиот митрополит Авксентија.

Во српската школа не очекуваа и благовремено се собрале околу триесте деца на возраст од 7 – 13 години.Тие деца беа распоредени во три различни одделенија, според својата возраст, знаења и спосбности. Ние теравме многу од децата да читаат српски книги и да раскажуваат и сите тие го правеа тоа без грешка, како чистокрвни Срби. Во школата е уредно, чисто и убаво, па поради тоа сосем е природно што градските и приградските жители ги даваат своите деца во интернати, уште повеќе што лично родителите тоа не ги чини ништо, бидејќи сите српски школи се издржуваат главно од парите што ги дава српската влада во македонската пропаганда. Истовремено децата, незабележливо и за самите себеси, се зацврстуваат во српското национално самосознание и кога ќе пораснат, стануваат потпора и важни месни пионери на српската пропаганда“.