Австрија во чест на потомството од Мисирков

Генијот на Крсте П. Мисирков продолжува да ја задолжува Македонија и денес ширум светот преку директните потомци, како нашата амбасадорка за култура во Австрија Елена Мисиркова-Лоза која е и Австриска виртузна гордост на пијано.


Елена Мисиркова Лоза

Таа е единствениот уметник избран од Австриската влада да настапи на 15 мај 2005 год. по повод прославата од 50-годишнината од потпишувањето на државниот договор со кој Австрија доби повторна независност по II светска војна.На овој чин беа и најголемите светски лидери како Путин и другите земји Големи сили кои тогаш и помогнаа на Австрија да ја добие својата независност.

Австрија уште во 2005 год. во чест на големото дело од Мисиркова Елена – Лоза, нејзиниот лик го стави на 500 поштенски марки. Со нејзиното име е крстен и еден од моделите на авионите на “Дајмонд еркрафт”- компанија во која има голем број акции и Бил Гејтс.

Ова се случуваше на презентацијата од компанијата “Безендроф”,пред најугледен бизнис круг, каде се промовираа и најновите модели на “Масарати”, при што се разлеваа и маестралните звуци од пијаното на Мисиркова Елена-Лоза.

Елена дипломирала во Москва, настапувала во Америка, Шведска, Русија, Укарина, Италија и во други земји љубители на нејзиното дело.Од 2003 год. Мисиркова е и ексклузивен промотор на најпознатата Италијанска фирма “Фацероли”, и од тогаш настапува исклучиво на клавирите од оваа компанија, тие во одредени прилики мораат да се носат директно до Италија.