Ритих за Српските пропаганди во Лешок

По описот на манастирскиот комплекс, Ритих кажува дека прв ги пречекал Лешочкиот игумен јеромонах Еротеј.


За Еротеј Ритих раскажува:

“Нашите придружници Срби уште повеќе го исплашија, затоа што веднаш атакуваа врз кутриот игумен и го засипуваа со прашања за потеклото на манастирот и за српските документи што постојат во него.

Србите толку настојчиво притискаа врз игуменот и толку предизвикувачки се држеа што отец Еротеј почна да се доближува до излезната врата и брзо го снема низ неа. Минаа десетина минути, никој не се појавуваше во ќелијата и немајќи каде, ние тргнавме да ги бараме игуменот и сета братија. По долги барања, отец Еротеј го пронајдовме под скалите, како разговара со друг монах, при што обајцата беа мошне возбудени и веројатно мислеа дека Србите дошле да им направат скандал како последица од српско - бугарската расправија во Тетовската каза.

Ние побрзавме да ги успокоиме обајцата, кажувајќи им дека сме Руси и поради тоа, немаме никаква работа со заемните неспогодби, дека ние просто дојдовме да го видиме историскиов манастир и молиме да не запознае со монасите, да ни ја покаже црквата и сите манастирски простории“.