Ритих за Лешок и Лешочкиот манастир

“Брзо дојдовме до Лешак, застанувајќи само 15 мин. во с. Ратае, имот на еден од побогатите турски бегови. По патот малку села среќававме, поголемиот дел од нив се расположени во предградието на Тетовско Поле.


По националност набројавме повеќе албански села, околу 20, потоа 14 српски и 3 бугарски. Ратае се покажа српско село, барем така се нарекуваа себсеси оние селани со кои разговаравме...

Лешак, или Лешок се состои од село, расположено во низината на предгорјето на Шар Планина и манастирот, кој е изграден на една врста од селото на стрмно место од планината. Селото сега е познато со овошје и зеленчук, а порано ни раскажуваа жителите, тука се наоѓал град под име “Леген”, во кој имало 77 цркви од кои денес постојат, според нивните зборови, остатоци од четири: Св. Анастасија и Св. Никола во самото село, Св. Петка на запад од него и Св. Илија, откриени 1884 г. На местото од црквата Св. Илија со ископувања е откриена икона на Св. Илија, еден послужавник и други предмети.”


Вековниот манастир Св. Атанасиј - Лешок

Ритих пак кога ги опишува црковните книги ќе каже дека мирисале на старина, од времето на 30 – тите и 50 – тите год. на XIX век. Особено руското срце им зачукало кога ги виделе Петерсбуршките синодални изданија. Ритих и придружбата во црквата доаѓаат во 7 ч. навечер спроти празникот Св. Петар и Павле и затекнале служба. Службата ја опишува вака:

“Еден од седумтте монаси стоеше среде црква и на светлото од восочната свеќа, со чувство на страст, го читаше Апостолот. Дојдени од селото речиси немаше. Селаните – МАКЕДОНЦИ во таа смисла се верни на навиките на руските православни верници што ретко одат на вечерна служба, но сметаат за своја природна обврска да отстојат наутро“.

Приметно е што Ритих го користи поимот – Македонци, за разлика од предходното. Интересен е и еден натпис од 26 Декември 1882 г. од надгробен епитаф на игуменот Сивестер, чии коски пред неколку години се преместени во соседната костурница, а во неговиот гроб донесено тело на друг монах.

Ритих за чувањето на манастирот и монапката братија опишува дека било во рацете на Арнаутите, за ова вели:


Планините околу Лешочко (Тетовско) биле полни со арнаутски банди кои напаѓале секого
“Колку и да е чудно, но тоа е така: манастирот се наоѓа на откуп кај Арнаутите и на еден од нив му е дадено да ја чува (братијата ,н.з) за извесно надополнување, сета братија и нивната сопственост. Таквата состојба на работите никого не чуди во Македонија. Овде се е на откуп кај Арнаутите, кои од една страна напаѓаат, а од друга – за пари сами ги штитат христијаните од своите сонародници. Поради тоа, не само православните села, цркви и стада имаат свои Арнаути патрони, туку дури и конзулите на странските држави без нив не остануваат и ги најмуваат од своите гавази. И треба да им се признае на Арнаутите – наемници: тие спрема своите домаќини се однесуваат чесно. Ги чуваат нивните интереси и при потреба, го даваат својот живот, заштитувајќи ги христијаните од своите истоплеменици“.