Ритих за кајмакамот во Тетово Турската политика

За впечатокот од кајмакамот пак Ритих, ќе каже:


“Последниов (кајмакамот – н. з) ни остави вонредно пријатен впечаток, тој беспорно е вешт и умен администратор што имал можност да живее во разни други градови на Турција, како кајмакам од втора и трета класа, и во последно време го унапредиле, назначувајќи го во Тетово, каде што според функцијата кајмакамот се смета од прва класа. Нашиот разговор сето време се водеше за албанските безредија, за причините на нивното појавување и за начините за смирување. Нивните виновници, Австријците, многу ги обвинувавме и ние му укажавме на кајмакамот на неполитичноста на Турците, кои не само што не преземаат никакви мерки во таа смисла, туку на некој начин како да им погодуваат на Австријците. Ние посебно му обрнувавме внимание за ситуацијата на турскиот пазар во Македонија и во тој склоп, на Тетово, чиј пазар се покажа натрупан од австриска стока.

На разделба, гувернаторот не замоли да ја минеме вечерта со него во муслиманскиот манастир крај градот, каде што монасите ни готвеа вечера. Од љубезност, се разбира, моравме да ја прифатеме гоштевката, иако таа љубезност беше предизвикана од политичка сметка да не одвлече од христијаните и да не ни даде можност да ја минеме со нив ноќта под еден покрив“.

-------------------------------------
Кајмакам е турска цивилна титула за управителот на казите. Кајмакамот имал ранг на бег, што одговара на полковник во војската.