Анализа на Форин офисот за Македонија

Во опширната анализа за новата македонска државност, Форин офисот го разгледува прашањето од сите аспекти на проблемот и инволвираната страна.


За македонските национални стремежи тие ја анализираат целокупната дејност на ТМОРО и наследниците – ВМОРО, ВМРО, ВМРО (Обединета) и.т.н .Експертите од Истражувачкото биро на Форин офисот во оваа македонска сила гледале брана за аспирациите од балканските државички особено што ВМРО и “нивната сила уште е непозната”.


Анализата на експертите од истражувачкото биро на Форин Офисот покажа интересни сознанија и факти за македонскиот народ, но и опкружувањето

- Анализирајќи кој се би се спротивставил на македонската државност, Форин офисот почнува од Србија. Србите ја сметале Македонија за јужна Србија, па би се појавил отпор кон македонската независност, а би бил спречлив во колку на чело во Србија би дошле помалку екстремни елементи.

- Кога е Грција во прашање, идејата за независна Македонија се гледала како застарена идеја бидејќи Македонија без Солун како нејзин природен главен град во новите историски моменти (со грчки населувања и институции) е неостварлива. Грција не би била подготвена за отстапување на Солун, “а ниту македонските Грци не би прифатиле одвојување, од Грција“ (з.н – се мисли на Грци – колонизатори во Егејска Македонија).

- И најинтересното што стои во овој Извештај на експертите од Форим офисот а врзано за формирањето на новата македонска државност кое според нив:

“независна Македонија би ја изолирало Грција и би ги стимулирало БУГАРСКИТЕ, МАКЕДОНСКИТЕ И СИГУРНО ТРАКИСКИТЕ БАРАЊА ЗА ГРЧКА ТРАКИЈА“.

Од ова до овде неминовен е заклучокот дека Форин офисот во 1944 год. покрај македонските и бугарските национални стремежи и претензии сериозно ги гледа и тракиските национални стремежи за своја национална посебност.

Во однос пак на можноста од федерација на сите “Словенски” народи и држави овие британски експерти гледале опасност за британските стратешки интереси. За ваквата федерација која сигурно е и руски интерес, во овој Извештај се вели:

“формирањето на словенска федерација која би се протегала од Јадранско Море до Црно Море би го предизвикала затварањето на Грција и Турција и може да биде против британските интереси“.