Британски Документ од 1944 г. со МАКЕДОНСКИ НАРОД

Во документот од 20 јануари 1944 год. од Политичко известителниот центар за Средниот исток, има многу интересни факти.


Бидејќи овој документ е порачан за подобро запознавање со историјата на македонскиот народ за како Британската влада да се постави при преговорите со Тито но и Големите сили кои ги кроеја стратешките граници и сфери е особено важно што во истиот стои.

Имено Грција како штитеник на Британците моментно ги држи Егејска Македонија со Солун и важен дел од Вардарската долина, како и најстратешките брегови од Егејското море, реката Бистрица и голем дел од Олимп, па никако не им одговара ако некој друг фактор во иднина би претендирал на истите. Затоа им беше важно на Британците да го докажат спротивното дека историски не постоел фактор како македонски народ за да нема претензии.

Но истражувањата мораа да бидат реални како би знаеле каде и како би се однесувале при одредени моменти од разговорите за сега новиот момент. Она што Британците сигурно го имале предвид е дека и САД, а особено Претседателот Теодор Делано Рузвелт интензивно ја проучувале македонската историја и уште на состанокот во Јалта (во истиот период од ноември 1943 год.) ја распнал картата на Македонија со Солун како нов центар на новата држава. Уште повеќе Рузвелт отишол чекор понатаму тој тврдел дека Македонците се потомци на античките, во што му се спротивставил првин Сталин кој тврдел дека се „Словени“ сегашниве и дека немаат врска со старите (на Сталин пак така повеќе му одговарало оти Русија е мајка на Словените!). Черчил веднаш побрзува да го поддржи во ова.


Јалта ноември 1943 година и македонското прашање

Во Британскиот Документ од 20 јануари 1944 год. проблемите од национален план кон територијата на Македонија произлегувале од националната освестеност како “најголем моќен фактор во политичкиот живот на Македонија “на“ она што може да се нарече МАКЕДОНСКИ НАРОД, СИЛЕН, НЕЗАВИСЕН...“

Подготвувачите на Документот не можеле да претпостават како би се поставиле македонските герилци – партизаните во политички контекст особено кон Британија и нејзините интереси. Особено ова им било важно оти увиделе дека националната посебност на македонскиот народ е едноставно пресилна за да можат да играат на картата на непризнавање и со рушење на идејата за посебност изразена преку новата република – членка на федерацијата.

Информациите од известителните центри на нивните мисии во Македонија но и другите по Балканот им укажувале за огорченоста на македонскиот народ од окупаторската бугарска и српска власт.

Посебно во извештајот се нагласува загриженоста од решеноста на македонскиот народ и неговото раководство да одлучуваат самите за себе. Оваа решеност го отварала прашањето за нив ”Дали Македонците ќе фаворизираат една автономна Македонија или повеќе би сакале инкорпорирање на Македонија како федерална единица“ во рамките на федеративна Југославија. Укажувањата дека и Бугарија би можела да влезе во федерација со Југославија, во овој Документ се сметаат како преуранети.


Форин офисот во своите документи го „обработува“ македонскиот народ и неговата идна државност

Инаку за првпат прашањето за автономна Македонија, британската влада ја заинтересирало од април 1944 год. по натписот во советскиот весник “Краснаја ѕвезда” во прегледот за меѓународните настани.Овој весник тогаш објавил:

“Тито сега и вети целосна автономија на Македонија и Влахов, еден од најистакнатите македонски водачи е избран за Потпретседател на Југословенското собрание. Тоа предизвикало длабок впечаток ВО БУГАРИЈА И НА ПЕЧАТОТ И РАДИОТО ИМ БЕШЕ ЗАБРАНЕТО ДА ЈА ОБЈАВАТ ОВАА ВЕСТ. Титовата програма којашто предвидува создавање на една федеративна југосовенска држава ги привлече на негова страна дури и оние Македонци што порано и се спротивставуваа на големосрпската политика на предвоените југословенски влади и затоа беа наклонети да ја поддржуваат Бугарија“.


Оваа вест била пренесена од британската амбасада во Москва, а во приватното писмо до британското Министерство за надворешни работи се нагласувало дека таквата идеја е одобрена од Москва. За статијата се заинтересрал лично Премиерот Черчил и побарал мислење од експертите на Форин офисот.

Заклучокот од ова е повеќе од јасен:

прво, Бугарија ЗАБРАНУВА да се објави создавањето на новата македонска република како државна творба на македонскиот народ.

второ, дека е во прашање чисто македонски национален интерес потврдува што кон ова се придружуваат дури и оние кои заради големосрпскиот експанзионизам, премолчано времено се приклониле кон Бугарија од каде очекувале некаква “помалку експанзионистичка“ политика.

трето, за да ја разбие недовербата на македонскиот народ од бројните неисполнети ветувања низ историјата за посебност, Тито


Димитар Влахов, првиот Македонец на една од највисоките функции во новата држава чија федерална членка стана и Македонија
морал ова да го докаже и со висока позиција на познат македонски револуционер од калибарот на Димитар Влахов. Токму нему му е дадена функцијата потпретседател на југословенското собрание.

четврто, овој важен миг од историјата на македонскиот народ е уште поважно што така мобилизирачки се следи и од големите сили како Русија така и Британија.Нивните специјално формирани тела за таа прилика и Извештаи за македонскиот народ денес се несоборлив факт уредно депониран во Архивите на Британската библиотека и Руските архиви.

петто, особено се интересни деловите од овие Извештаи кои многу јасно ги посочуваат бугарските реакции – забрани и криења од сопствената јавност на историски факти за македонскиот народ а во други и реакциите на останатите глодачи на македонското национално и територијално ткиво, Србите и Грците.