Свети Трипун
На први сечко си зел Трипун едно кравајче в торба и една карта вино, си закачил соро за појас и тргнал да оди в лозје да го кроит. Одејќи по пато, го стрела Богоројца и го поздравила:
- Со здравје, свети Трипуне, ако даи Госпо, каде вака?
- Ќе одам да го кројам лозјето, - је рекол- света Богоројце.
- Ако је кабил, Трипуне, не оди денеска кај се пригодуам за утре да одам црква да си земам молитва, да ке те клаам да те празнуат луѓето на треќио ден од сечка, пред мене да бидеш, а не зад мене.
- Не се враќам, Богоројце - је рекол- јас сум си зел кравајчето, картето со винце и соро сум си го наточил ќе одам и друго чаре не бидуа.
Коа виде Богоројца оти не се враќа Трипун и не ја послуша му рекла:
- Е арно ќе одиш в лозле да кроиш, бре Трипуне, ами ти лели не знаиш да кроиш?
- Кој ти рече оти не знам - је рекол- знам ем саде за ќеф, знам да кројам!
- Е, ко знајш, де кажи ми да видам као ќе кроиш?
- Пеки, света Богоројце - је рекол - да ти кажам, еве вака је! Го изваил соро од појас и се ватил за нос ѓоа прачка носо му се стори да је на некоја пењушка, и тргнал со соро та си пресекол носо и останал со чпрнтав нос.

Тогај дури се сетил сиромаи Трипун пијаница оти со непослушувањето на Богоројца си го исекол носот и останал чпрнтав, и го кладоа празник да биде пред Богоројца, а не по Богоројца. Одејќи Трипун в лозје, застанал на крајо од лозјето и се наведил до еден ќутук да го крои, арно ама, едно се наведил и ватило крв да му течи од носо, како река. Тогај виде оти не Ќе можи да го крои сето лозје, та се предумал да го крои две-три пењушки. Тогај да оди утре тамо да го крои. Зел кравајчето малце да касни, арно ама од крвта што му течела, не могол да јади, кренал картето да се напие винце, па од крвта не могол да се напие.

На тоа згора измислил да напраи, потурил една пењушка со вино и пресекол три прачки колку за адет и отишол во другио крај на лозјето и тамо потурил една пењушка со вино и пресекол од неа три прачки, та го остаил нескројено лозјето и си тргнал да си оди дома. Кого ќе сретнеше Трипун и ќе му дадеше едно парче од кравајчето и ќе го напиеше една чаша винце. Дури си влегол в град, сето кравајче го раздал и сето вино, за задуша, чунки тој не можел да каснува од крвта што му течеше. Едно додал сичко и крвта му престанала.

- Еј, сполајти, Богородице - беше рекол - па си била милостина што ми запре крвта за да не умрам без дена!

Од тој адет што го напраил некогаш цвети Трипун, и ден-денеска го праат луѓе у нас што имаат лозја, ама не како што праеја во постаро време. Чунки во старо време носеше секи домаќин што имал лозје- кравајче и карте со вино, та откоа ќе кроеше по три пењушки, ќе седнеше на меѓата од комшијата и ќе се собереа неколцина од комшиите, та ќе седнеа да се напоручаат и да се изнапијат од винцето.

Откоа ќе си изблоосоија лозјата за Госпо да му умножи со бериќет и да му чуа од слана и град, ќе си тргнеа да си идат дома, до што чоек ќе сретеа, се ќе почестеа со едно парче кравајче и една чаша вино, да дури имаа леб и вино.