УЗУНОВСКИ ЦВЕТКО

Роден е во с. Царев двор, Преспа на 24.XII.1912 год. Во работничките раздвижувања се вклучува во 1934 год а од 1937 год станува и член на КПЈ.



Цветко Узуновски - генерал на ЈНА
и началник на ДСНО на Југославија

- Учесник е во Шпанската граѓанска војна од 1937-1939 год. а со падот на Шпанската република, паѓа и тој во концентрационен логор во Франција каде е до 1941 год.

- По ова веднаш штом доаѓа во Македонија од истата 1941 год. се вклучува во НОВ како еден од најважните и најголеми искусни воено-герилски раководители.

- Така тој по првите командни должности и организирања на единиците на НОВ и ПОМ е и комесар на Главниот штаб на Македонија.

- Тој е прв начелник на ОЗН-а за Македонија а од 1946 - 1953 год. е Министер за внатрешни работи на НР Македонија. По ова е член на Извршниот совет на Македонија и член на Сојузниот извршен совет на Југославија

- Од август 1953 год. Узуновски е начелник на Управата за цивилна заштита во Државниот Секретаријат на внатрешни работи (ДСВР) на Југославија а од 1963 год. Узуновски е начелник на Управата за народна одбрана во ДСНО на Југославија.

- Одликуван е со многубројни ордени за заслуги на тогашната СФРЈ.