Златото на Персија кај Александар

По решавачката битка со Дариј III Кодоман, која Александар ја добива во своја корист, паднале и многубројните богатства од бојното поле.


Александар лично ја запленил златната кола на Дариј а во раце му паднала и големата благајна на Персискиот владетел, главно во злато. Но за време на борбите Александар дознава дека Дариј наредил да се засолнат воените златни резерви во армејската скривница во Дамаск. Побрзал испраќајќи го неговиот Генерал Парменион со еден јуришен одред но коога овој се приближилкон Дамаск, Управителот наредил златото од скривницата да се натовари на добиток. Но не ни втасале да се подготвата подобро за пренесување на златото на посигурно, веќе Македонците со Парменион во воен строј наближиле непосредно, што предизвиклао паника кај Персијанците.


Персеполис богатиот и моќен центар на Персиската империја ограбен од македонските трупи предводени од Александар III Македонски

Воениот командант на Дамаск, стражарите, робовите и носачите побегнале. Настапила чудна ситуација скапоценото богатство останало на коњите. Уплашените коњи се растрчале но уште недосредени и доподврзани добро го расфрлаат товарот по патот. Милиони златни монети почнале да се истуркаат како зрна од издупчени торби. И дури да трепнеш целата полјана ја прекриле златни и пурпурни бои, тоа било глетка над глетките. Се собирало долго време потоа од полјаната, кога го собрале тоа изнесувало 700 000 таланти.  Биле потребни 700 мазги и поголем број коли за пренесување на златото.