Златото на Индија кај Александар

По победата над кралот Пор во Индија, Александар во палатата наишол на богатство кое се состоело од големи количини злато.



Македонците по победата над Индија од таму донесоа богат плен

Во палатата набројал најмалку 400 столбови од масивно злато со извонредна дебелина и височина, но и ист број на капители. Ѕидовите биле обложени со златни плочи со дебелина на прст. Но и меѓу столбовите виселе многу елементи од злато.

Киповите исто така биле од злато. Однадвор пак на ѕидот од зградата подскокнувале меѓу златните кафези безброј разновидни птици чии клунови биле позлатени. Според записите Александар во палатата видел и многубројни пехари како и предмети од скапоцени камења, од килибар. Златните предмети биле изработени во уметнички колорит.

Александар Македонски и самиот восхитен од ова подига свои златни столбови на кои наредува да се испишат сите негови победи:

“Заповедав на крајниот раб на Индија, далеку од победничките столбови на Диониз и Херакле и за мене да постават пет победнички столбови високи по десет стапки, за македонската слава да биде бесмртна.. “