Средства за влијание

Но човекот е и сложен извор зашто на него влијаат различни ситуации и состојби - различно (страв, возбуда, страст, хоби, политичка или религиозна определеност и се слично).


Oсобено ако се најде во вонредна ситуација на заробеност, ранетост, уцена, економска безизленост и сл. со ова е уште поизразено влијанието врз него.


На Димитров му е важно да „открива“ историски корени

- Битно е да се заклучи дека секој и најобичен човек е битен за странските разузнавачки служби, зошто би идел еден Димитров Божо на пример по Македонија и да ни предава историја, а е Директор на институција и советник на Претседателот на Бугарија за култура?!

- Зошто би му било ВАЖНО да во Македонија си ја најдат од него прераскажаната ни историја и “корени”. Битно е, зашто и само еден човек да се „налепи“ на неговите фалсификувани “факти”, истиот ќе е потенцијален агент на Бугарија (за Божо и Пресидентот во минатото му веќе пишуваа бугарските весници).

- Ова уште повеќе ако се зафати некој газда (директор) на медиум сеедно како а камо ли да е тоа некој печатен неделник, кој постојано од време на време, ни наоѓа некои “скриени корени” кои ние ете од некои неразбирливи причини “не сме си ги знаеле” (ни ги криеле)?!

- Медиумот е дополнително силно средство за “контаминација” на државата цел на пропагандно - разузнавачката активност, затоа е тој во богати колорити, силни наслови кои просто ве мамат да го земете. Насловите се за теми актуелни во државата, но меѓу нив постојано е спакувана уредно дозата на историска тема која треба да ве одведи во нова дилема.

- Ако сфати дека не е доволно читан (тоа се гледа едноставно преку бројот продадени примероци) тогаш ќе го чуете крештавото гласче од газдата (директор) како ден - два пред да излезе неделникот, го највува во ударни термини и со најударните наслови.

- Колку е навистина неделникот “за некои работи да станат појасни”, едноставно се пресметува. Видете ја очајната бројката на тираж помножете ја со цената на неделникот и од тоа почнете да ги одбивате само неминовните трошоци (трошоци за печатење на квалитетната колор - хартија, даноци, вработени, соработници, телефонски и патни трошоци, реклами во најударни термини на најгледаните ТВ и се така до огромните финансиски изгубени спорови со разни странки).

- Соберете ги и видете колку е минусот голем, зашто тука финансиски ќар повеќе од јасно е дека нема, но има друг вид на ќар – пропагандно - контаминирачки, а тоа некој друг го плаќа. Прашајте се само – ЗОШТО?!