Ритих за Австрискиот конзул г. Пару

Иако Ритих ги опишува и др. конзули во Скопје (Рускиот г. Машков, Српскиот г. Куртовиќ, и.т.н.), особено интересен е описот на Австро -Унгарскиот конзул г. Богумил Пару.


Чех по род, во служба на сеуште моќната Автро - Унгарска империја која токму неговите Чеси ги држи во вековно ропство. Тој иако “Словен”, дури e и Германофил, очекувајќи го сепак триумфот на Германските народи во турбулентното и револуционерно време. Но дел од умот му вели дека во предстојното расчистување, може да се случи и неговите Чеси да добијат конечно своја држава, па и тој како искусен дипломат би требало да си го најде “заслуженото” место под сонцето на сега новата а вистинска татковина – Чешка.

Ова е важен и толку сличен момент имајќи предвид и пропагандите среде македонскиот народ . Имено ако овој СЛОБОДЕН, учен и искусен функционер е во расчекор со своите национални чувства, што да се каже за обичниот македонски народ врз кого покрај тешкото турско ропство, во ова време Српско - Бугарско - Грчките и др. пропаганди се истуриле со таква жестина. Уште повеќе, македонскиот народ си ја држи својата народност така жилаво и упорно што е за восхит. И не дека немало кои и потклекнувале, впрочем тоа е нормално и за вакви лица како дипломатот, но тоа се само времено - декларативни и без вистинско чувство искази, барем не онакво какво посакувале пропагаторите. Значи еве што за конзулот Пару, Ритих, вели:

“Од скопските конзули, кај кои бевме, останува да го споменам Австро - Унгарскиот, г. Пару , Чех по потекло и воспитание но заколнат Австриец и дури Германец, заради својата кариера и личните користи...

Систематската австриска политика поради својата близина, тој не може да ја води, и поради тоа не е во состојба да се пофали со капитални успеси, но да интригира сакал или неќел – тоа е неговата професија за која тој едногласно од градот доби палма на првенство. Затоа на свое располагање има голема сума пари и тој нив ги троши на системаски начин. Ние се обидовме да пробудиме кај него Словенски чувства и да го предизвикаме на отвореност, но тој како змија се извиваше и одбегнуваше од одговорот, вадејќи се со општи фрази, како: “esperous” и “gand meme”.

Мошне многу го дожеже еден допис на “Ново време“, пратен од Србин од Белград бидејќи бил запознат со работите последниов и ја потури со кал неговата личност и дејство. “Народни листи“ од Прага го препечатија дописот и изразија таква лутина што безмалу не побараа од Чесите еднодушна природна одмазда, имено да се избрише Пару од списокот на нивната народност. Тоа многу го огорчи нашиот Богумил и тој толку страдаше што не можеше да ја скрие од нас и од другите лица својата жал. Јас мислам дека неговото огорчување произлегува од тоа што тој не е уверен во статус - квото на сегашна Австрија и би сакал за судниот ден да си го зачува правото на политичко место во “кралство Чешка“.