Што кажаа 157-те учени од светот за Македонците

Сите анкетирани недвосмислено се изјасниле за решавањето на македонското прашање во полза на македонскиот народ, зашто како во моментот е решено со поделбата меѓу сосетките - грабливки, тоа воопшто не е правилно решение.


Меѓу оние кои прифатиле и се одзвале се најзвучните имиња на светската наука и политика од Алберт Ајнштајн до Шарл Бодуен, со политичка ориентација од социјалисти и синдикалисти до монархисти и врвни капиталисти, од војници до публицисти и новинари.


Од биографијата и одговорот на Ајнштајн по прашањата на анкетата во весникот Балканска федерација


Но кои се тие во тоа време и што рекоа за македонскиот народ. Ова е многу важно за да се види вистината но и да се видат бугарските, грчките, српските и други негаторства за македонскиот народ.

Бугарската и грчката пропаганда на пример отворено крештат: “Дајте барем еден доказ за македонски народ пред 1944 год.” И посочуваат дека Тито и Сталин наводно го создале македонскиот народ?!

Но што ќе речат за овие 157 најзначајни луѓе од тоа време на светот кои од 1925 – 1929 год. зборуваат за – МАКЕДОНСКИ НАРОД и црнилата кои му ги нанесоа тогаш токму оние кои и денес го негираат. И КАДЕ се Тито и Сталин во тоа време и што двајцава имаа воопшто со еден Емануел Дивијард на пример или Максимилијан Брандес?!

Ако не чуле сигурно го виделе и постојано го гледаат Огист Фарел кој не е било кој. Денес го гледаат на една од најнезависните и највредни книжни пари – на Швајцарскиот Франк, неговото речено за македонскиот народ и неговите ништачи е кристално јасно, нека го читаат и нека го бараат Тито и Сталин!


Огист фарел кој се одзва на анкетата од весникот денес и на швајцарските пари


А ги има и членови на позната некогашна Карнегиева комисија како Др. Јозеф Редлих и особено интересниот Х. Н. Браилсфорд кој многу е интересно што кажува по15-тина години од неговото членување во комисијата. Уште поинтересен е што кажува кога доѓа во слободна Македонија по II Светска војна но затоа, потоа.