Песна за Крушевската Република
Песна за Крушевската Република
Get the Flash Player to see this player.

Многу крвја многу солзи,
земја натопија,
многу лисја гора смени
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми бликна.

Во ијада деветсто и трета година,
се создаде република вославно Крушево,
македонска република прва на балканот.

Претседател први беше
тој Никола Карев,
со македонски војвода сите Илинденци,
Даме Груев, Питу Гули и
Јане Сандански.

За слобода загинаја славните војводи
на Македонците завет оставија,
да се борат за слобода,
за МАКЕДОНИЈА.